fbpx

Кои се последиците од прекумерните масни наслаги околу стомакот?

tonus

Статистиката во САД вели дека секоја година се раѓаат повеќе машки деца отколку женски. Но, секоја предност во бројките која ја добива машкиот пол многу брзо ја губи. Тоа е така бидејќи едноставно кажано, жените се поздрави и повеќе се грижат за сопственото здравје отколку мажите. Во САД, од водечките 15 здравствени состојби заслужни за смртните случаи, мажите се позастапени во 14 од нив. Само Алцхајмеровата болест е заслужна за повеќе смртни случаи кај жените, отколку кај мажите.

Ваквата статистика е доста загрижувачка и треба да биде индикатор дека потребни се промени во начинот на кој мажите се грижат за себеси и за своето здравје.

 

"“Online”/

Често пасивни и неактивни кога станува збор за нивното здравје

 

Во просек, мажите умираат 5 години порано отколку жените. Секако, постојат и биолошки и генетски причини позади ваквите бројки, но експертите велат дека и пристапот на мажите кон здравјето е поразличен. Тие често го занемаруваат сопственото здравје, ретко одат на прегледи и контроли и не дејствуваат проактивно. Сликата не е нешто поразлична и во нашата држава. Пракса е да се бара решението откако ќе се јави проблемот. Доколку се чувствуваат во ред, се продуктивни и можат да работат, мажите сметаат дека се здрави и дека контролите и посетата на доктор е непотребна и залудна.

 

Но, постојат сериозни и многубројни заболувања кои се доста застапени кај мажите и нажалост одземаат многу човечки животи секоја година. Денес, ќе се задржиме на проблем кој не е исклучиво присутен кај машката популација, но нажалост е доста застапен кај нив, а тоа се прекумерните наслаги на масно ткиво – особено во регијата на стомакот.

 

Зошто масното ткиво околу стомакот е поразлично и потенцијално опасно?

 

Општата популација, особено со возраста станува повеќе склона кон таложење и акумулирање на ваквите масни наслаги околу стомакот. Луѓето најчесто ваквата појава не ја доживуваат сериозно, се шегуваат за неа и можеби најмногу им пречи во поглед на нивниот изглед. Но, акумулацијата на адипозно(масно) ткиво не е целосно безопасна.

Имено, постојат повеќе типови на масно ткиво и не сите се еднакви. Во најголемиот дел од телото, постои слој на масно ткиво што лежи веднаш под кожата и е наречен поткожно масно ткиво. Но, околу стомакот, масното ткиво е наречено висцерално и тоа се таложи и акумулира подлабоко и во просторот околу стомакот и околните внатрешни органи. Овој тип на масно ткиво може да создаде штетни соединенија, првенствено цитокини кои ги зголемуваат шансите за срцеви заболувања, но може и да ја намалат чувствителноста на телото кон инсулинот. На тој начин се зголемува и ризикот од појава на дијабет.

Интересно е што мажите може да немаат значително или драстично покачена телесна тежина, но сепак да имаат голема акумулација на ваквото масно ткиво. Доколку дојде до големо таложење, ризикот се зголемува за:

 

  • Кардиоваскуларни заболувања
  • Инсулинска резистентност и појава на тип 2 дијабет
  • Колоректален карцином
  • Спиечка апнеа
  • Покачен крвен притисок

 

Кои се главните причини поради кои доаѓа до формирање на ваквите наслаги?

 

Телесната тежина и акумулацијата на ново масно ткиво е главно одредена од 3 фактори:

 

  • Бројот на внесени калории преку исхраната
  • Бројот на потрошени калории (преку разни активности, вежбање, работа и сл.)
  • Возраста

 

Доколку внесот на калории е голем, а вежбањето и движењето се сведени на минимум, акумулацијата на ваквото масно ткиво е неизбежна. Ваквиот проблем е дополнително нагласен со возраста. Со стареењето, доаѓа до губење на мускулната маса, особено кај лицата со слаба физичка активност. Намалената мускулна маса значи и намален базичен метаболизам – односно бројот на калории кои телото ги користи во мирување во текот на денот. Според проценките, мажите над 50 години, треба да внесуваат 200 калории помалку во текот на денот, наспроти кога би биле во своите триесетти години.

Генетиката е дополнителен фактор кој може да диктира колку и каде ќе се складира масното ткиво.

 

Како до поздрава телесна тежина и помалку масни наслаги?

 

Бидејќи е скриено и релативно делува безопасно, ваквото висцерално масно ткиво не добива доволно внимание и загриженост. Најлесен начин за проверка дали имате прекумерни масни наслаги е едноставно да го измерите вашиот обем. За жените, обем од над 89cm значи прекумерни масни наслаги, додека таа бројка за мажите е 101cm.

Промената во животните навики со цел регулирање на ваквите наслаги не е едноставна и за видливи промени потребно е време и упорност.

 

Општите препораки се:

 

  • Избегнувајте високо калорична, а нутритивно сиромашна храна (сокови, благи, чипс, разни грицки и кондиторски производи и сл.)
  • Зголемете го внесот на зеленчуци, овошје, полнозрнести житарки, јатки, мешунки и други здрави намирници. Ваквите намирници се често и нискокалорични, а сепак високо нутритивни и заситувачки.
  • Избегнувајте и целосно елиминирајте ги високо процесираните намирници
  • Започнете со поредовна физичка активност. Доколку сте во можност, практикувајте аеробични вежби со различен интензитет (пешачење, трчање, брзо одење, пливање, возење на велосипед) како и вежби со тежина. Вежбањето допринесува кон намалување на масните наслаги, односно слабеење, но и гради ново мускулно ткиво кое ќе го подобри и забрза вашиот метаболизам.
  • Воспоставете и практикувајте редовна и здрава „хигиена“ на спиење. Недостатокот од сон може многу брзо и лесно да допринесе кон зголемена телесна тежина преку внес на процесирана и калорична храна.
  • Контролирајте и елиминрајте ги изворите на стрес – стрес хормонот кортизол може сериозно да влијае врз режимот на исхрана, спиење и вежбање.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор