fbpx

Мажите имаат зголемен ризик за кардиоваскуларни заболувања –  кои се најдобрите превентивни чекори?

tonus

Кардиоваскуларните заболувања претставуваат број 1 здравствен проблем кај општата популација и се заслужни за најголемиот број на смртни случаи секоја година. Проценките се дека, во 2019 година, 17,9 милиони луѓе умреле како последица од некое срцево заболување. Оваа бројка е екстремно алармантна и всушност претставува 32% од вкупниот број на смртни случаи таа година. Од овие речиси 18 милиони, 85% биле случаи на инфаркт и мозочен удар, а се смета дека дури 75% од смртните случаи се случуваат во земји каде доминираат ниски и средно-ниски примања. Бројката од речиси 18 милиони е значителна и загрижувачка, а многу ретко се зборува и се апелира за ваквиот проблем.

Дополнително, во САД, срцевите заболувања се сметаат за број 1 убиец на мажите, па така во САД во 2019 животот го загубиле 357,000 мажи поради срцеви заболувања. Токму затоа, денешната статија ја посветуваме на кардиоваскуларното здравје кај мажите.

 

Што претставува кардиоваскуларното здравје и кои се најчестите заболувања?

 

Под поимот кардиоваскуларно здравје се подразбира здравјето на срцето и крвните садови. Кардиоваскуларните заболувања се група на состојби кои можат да го нарушат здравјето и функцијата на срцето и на крвните садови. Имено, како главни кардиоваскуларни заболувања се сметаат :

"“Online”/

 

1 . Коронарни срцеви заболувања

  • Ангина – болки во градите предизвикани од намален доток на крв до срцето
  • Инфаркт – дотокот на крв до срцевиот мускул е ненадејно блокиран и запрен
  • Срцева слабост – неможност на срцето да пумпа доволно крв за целото тело

 

2 . Мозочен удар – дотокот на крв до делови од мозокот може да е целосно запрен, што може да предизвика оштетувања кај мозокот па дури и смрт.

 

3 . Периферни артериски заболувања – блокирање во артериите на екстремитетите, најчесто кај нозете

 

4 . Заболувања на аортата – група на состојби кои ја засегаат аортата, која претставува најголем крвен сад во телото. Најчестата појава е анеуризма на аортата, каде таа е ослабната и испакната.

 

Причини и ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања

 

Главни и јасни причини за појава на вавките состојби не се познати, но се смета дека се мешавина од повеќе т.н ризик фактори. Колку повеќе од овие ризик фактори имаме, толку се зголемени шансите за појава на заболување.

Во ваквите ризик фактори спаѓаат:

 

  • Висок крвен притисок – еден од главните ризик фактори и најчесто застапен кај популацијата. Хипертензијата или високиот крвен притисок може да ги оштети крвните садови, а со тоа да се јават и низа на други здравствени проблеми.
  • Пушење – употребата на цигари значително го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања. Штетните соединенија кои ги содржат циарите може да ги оштетат и стеснат крвните садови.
  • Покачен холестерол – исто така една од почестите состојби кај популацијата. Холестеролот претставува липидна молекула која е природно присутна во телото. Доколку неговите нивоа се покачени, тој може да предизвика стеснување на крвните садови и да го зголеми ризикот за појава на згрутчувања во крвта.
  • Дијабет – состојба каде нивото на шеќер во крвта е покачено. Може да предизвика оштетување на крвните садови, а со тоа да доведе и до нивно стеснување. Голем број од дијабетичарите имаат проблеми и со телесната тежина, а тоа претставува уште еден, дополнителен ризик фактор за срцеви заболувања.
  • Недоволна физичка активност – нередовното вежбање и „седечки“ начин на живот доведува до поголеми шанси за појава на хипертензија, покачен холестерол и покачена тежина.
  • Генетски фактори и фамилијарна историја – доколку имате блиски фамилијарни членови кои имале некакво срцево заболување, вашиот ризик исто така се зголемува.

 

Дополнителни ризик фактори:

  • Нездрава исхрана
  • Возраст – најчесто срцевите заболувања се јавуваат кај луѓето над 50 години, а ризикот дополнително се зголемува со возраста.
  • Употреба на алкохол
  • Полмажите се сметаат за поризични кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања. Тие исто така се смета дека може да пројават проблеми со срцевото здравје уште во порана возраст.

 

Мажите и кардиоваскуларното здравје

 

Во 2019 година, во САД, 25% од смртните случаи кај мажите биле поради некое кардиоваскуларно заболување. Половина од мажите кои умираат поради коронарно срцево заболување немаат никакви претходни симптоми.

Како што веќе имаме споменато во претходни статии, од 15-те водечки причини за смрност во светски рамки, дури во 14 мажите се ,,во водство”, пред жените. И покрај тоа што овие разлики со текот на времето се намалуваат, сепак статистика вели дека мажите живеат околу 5 години помалку од жените. Тоа е едноставно така бидејќи мажите не внимаваат доволно на своето здравје, се повеќе пасивни и не се проактивни. Поради тоа што мажите се и во зголемен ризик за појава на хипертензија, редовните контроли и проверки, како и промени во начинот на живеење се неопходни за спречување на појава на кардиоваскуларни заболувања. Често ваквите состојби се и „тивки“ односно немаат предупредувачки знаци, што дополнително ги прави поопасни и сериозни.

 

Чекори кон подобро кардиоваскуларно здравје

 

Со цел намалување на ризикот за појава на срцеви заболувања, потребно е секој маж да:

  • Редовно го мери и следи крвниот притисок. Недоволната и нередовна контрола врз крвниот притисок е голем ризик за појава на појава на проблеми со здравјето на срцето. Хипертензијата не пројавува симптоми, па затоа единствен начин е редовното мерење и следење.
  • Редовно го посетува својот лекар и да ги прави потребните контроли и испитувања, како ниво на холестерол и триглицериди.
  • Го следи и мери своето ниво на шеќер во крвта. Дијабетот го зголемува ризикот за срцеви заболувања.
  • Ја откаже употребата на цигари или други производи што содржат никотин.
  • Внимава на својата исхрана и телесна тежина. Пржената, масна, брза храна и високо процесирани намирници заменете ги со овошје, зеленчук, свежи салати, готвени јадења, полнозрнести житарки, риба, јаткасти плодови и сл.
  • Внимава на изложеноста кон стрес. Стресот е исто така голем виновник за појава на срцеви заболувања.
  • Практикува поредовна физичка активност. Се препорачува барем 2 – 2,5 часа на умерена активност неделно (пешачење, возење велосипед и сл.).
  • Користи соодветни лекарства. Во консултација со лекар, лекарствата може да помогнат при одржување на здравјето и третирање на одредени состојби. Ваквите лекарства може значително да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Никогаш да не се земаат лекарства на своја рака, без претходна консултација со лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор