fbpx

Дали МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА го намалува ризикот од појава на АРТРИТИС?

tonus

Медитеранската исхрана е убедливо една од најздравите, универзални исхрани, која е лесна за примена, а има низа на корисни здравствени ефекти. Нејзините главни принципи се едноставни – поголема употреба на растителни намирници, помалку месо, а особено црвено и избегнување на процесирана и готова храна. Ваквиот тип исхрана се смета и за генерално „ниско воспалителен“, па така е погоден за низа состојби – меѓу кои и артритисот. Во продолжение ќе зборуваме како медитеранската исхрана може да го намали ризикот од појава или влошување на артритисот.

 

Кои се основните принципи на медитеранската исхрана?

За разлика од другите начини на исхрана или т.н „диети“ – медитеранската кујна и исхрана речиси нема никакви рестрикции и строго определени правила. Таа се засонва на принципи кои се лесни за следење и кои може да се користат и на долги патеки. Како што споменавме тие воглавно се:

    • Редовно консумирање на зеленчуци и овошје од секаков тип и во секаква форма (салати, супи, готвени јадења, смути, намази, зимници и сл.)
    • Замена на нездравите масти (заситени и транс масти) со здрави алтернативи – риба, јатки, семки, ладно цедени растителни масла (првенствено маслиновото) и сл.
    • Честа употреба на полнозрнестите житарки
    • Употреба на нискомаслено млеко и млечни продукти
    • Умерена употреба на месото (особено на црвеното месо и месните преработки) – се препорачува употребата на пилешкото или мисиркиното месо
    • Редовна употреба на мешунките (грав, боранија, грашок и сл.)
    • Јадење на риба барем 1-2 пати неделно

Воочливо е дека препораките се базираат врз употреба на разновидна исхрана со вклучување на што е можно повеќе свежи намирници во секојдневните рецепти, а сепак избегнување на сосем малку нездрави алтернативи. Иако се смета за исхрана без голем број рестрикции, се препорачува целосно или делумно избегнување на процесираната храна – односно намирниците кои се сиромашни со нутриенти, а имаат огромен број на калории. Тука спаѓа брзата храна, слатките, тортите, сладоледот, кондиторските производи, чипсот, соковите и сл.

"“Online”/

 

Медитеранската исхрана го намалува ризикот од појава, но и влошување на артритисот

Медитеранската исхрана, богата со овошје, зеленчук, житарки, мешунки, јаткасти плодови и маслиново масло, го намалува ризикот од развој на артритис, особено ревматоиден артритис. Оваа исхрана се карактеризира со висок внес на антиинфламаторни соединенија, вклучувајќи омега-3 масни киселини, антиоксиданси и полифеноли, за кои е познато дека го намалуваат хроничното воспаление. Омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат во изобилство во рибата, семињата и јатките, го инхибираат производството на воспалителни цитокини и простагландини, а со тоа го ублажуваат воспалението во зглобовите.

Витамините Ц и Е, се борат против оксидативниот стрес со неутрализирање на слободните радикали, заедно со други типови на антиоксиданси, како што се  полифенолите кои се присутни во маслиновото масло и црвеното вино. Овој тип антиоксиданси се смета дека ја поттиснува активноста на проинфламаторните ензими. 

Дополнително, фокусот на медитеранската исхрана кон свежа, минимално процсеирана и нутритивна храна и здрави масти, го поддржува целокупното метаболичко здравје, што е од клучно значење за управување со телесната тежина. Здравата тежина го намалува механичкиот стрес и товарот кои трбеа да го носат зглобовите и коските. Студиите покажуваат дека лицата кои се придржуваат до медитеранска исхрана имаат пониски нивоа на воспалителни маркери, поблаги  симптоми и побавна прогресија на артритисот, нагласувајќи го силниот потенцијал кој исхраната го има како превентивен и терапевтски пристап.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор