fbpx

МЕДИТЕРАНСКИ стил на ЖИВЕЕЊЕ – Не е важна само исхраната!

tonus

Повеќе пати сме зборувале за бројните здравствени придобивки од практикувањето на Медитеранскиот начин на исхрана. 

[Поврзано: Медитеранска Исхрана]

Во научниот свет генерално е прифатено дека луѓето што живеат во медитеранскиот регион, имаат подолг животен век и помалку страдаат од повеќето хронични заболувања, посебно оние најчестите.

Што е многу значајно да се нагласи?
– Далеку од тоа дека исхраната е единствениот фактор кој придонесува за долговечноста на популацијата од овие региони.

"“Online”/

Па кои се тие ,,тајни” што им овозможуваат долг, но што е уште поважно, витален живот на овие луѓе? Едно интересно истражување ни го отвора патот кон одговорот на поставеното прашање.

Имено, медитеранскиот начин на живот покрај здравата, генерално растителна исхрана, подразбира и физички поактивен живот, практикуање помали или поголеми ритуали за справување со стресот од секојдневнието, развивање чувство на припадност и силна социјализација со семејството и средината итн.

Во следните неколку статии секоја од тематикиве ќе ја разгледаме одделно.

Медитерански начин на живот е многу повеќе од исхраната!

Тајната на луѓето од овие предели не е само откривање на базичните елементи на здравата и балансирана исхрана, туку многу повеќе од тоа. Всушност нивните принципи можеби можат да се сумираат во следната реченица – физичка и ментална исполнетост, односно изнаоѓање на самодоверба за живеење во сегашниот миг, наоѓајќи перфектен баланс помеѓу здравата исхрана, работните обврски и животните навики.

Исхрана богата со свежа храна, овошки, зеленчуци, житарки, мешунки, јаткасти плодови, ладно цедено маслиново масло…; постојано водење на (про)активен животен стил; редовно вежбање; изнаоѓање начини за смирение и контролирање на стресот; блиски релации, односно често дружење со семејството и пријателите итн.

Уживајте во едноставните работи кои има да ни ги понуди животот

Тајната на среќниот живот не може едноставно да се најде во барањето повеќе и повеќе, туку во развивањето способност да се ужива во ,,помалите” нешта. Ова ни го вели големиот Сократ, инаку исто така ,,Медитеранец”.

Медитеранскиот ,,лајфстај” помеѓу останатото се базира и на создавањето и уживањето во едноставните, често нарекувани и ,,мали” нешта во животот. За да имаме исполнет живот, постојано треба да се обидуваме да живееме во сегашноста, истовремено обрнувајќи повеќе внимание на работите што ни значат и препознавајќи ја ,,поголемата” слика за нештата.

Едноставните моменти кои ги земаме ,,здраво за готово” и неретко целосно не ги забележување, знаат да бидат скапоцени. Ако сте внимателни и присутни, неминовно ќе ја забележите вредноста на ваквите моменти, ќе видите колку само убавина сте пропуштале, необрнувајќи внимание. Овие едноставни, мали нешта се насекаде околу нас и сочинуваат огромен дел од нашиот живот. Сè што треба да направиме е да бидеме повнимателни и да го отвориме умот и душата.

Што прават ,,различно” луѓето од Медитеранот? 

Тие се свесни дека постојаното грижење нема да ги реши проблемите. Живеејќи со помалку материјалистички пристап, луѓето од овие региони живеат и со поспоро темпо, што резултира со помалку стрес. Помалку стрес значи повеќе насмевки, здравје и посреќен живот. Тоа им помага да го започнат и завршат денот со повеќе позитивни емоции и мисли.

Поимот здравје од Светската здравствена организација е дефиниран како состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на некакви телесни недостатоци.

Луѓето доста често ги потценуваат психичката и социјалната благосостојба за сметка на физичкото здравје.

Значи, од самата дефиниција на СЗО јасно може да се заклучи дека е подеднакво важно да се грижиме за нашата психичка и социјална благосостојба, како што е важно да се грижиме за физичкото здравје. Дополнително, сите 3 фактори од кои зависи здравјето нужно се поврзани и меѓусебно си влијаат.

Повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Почестите социјални контакти, односно почестите дружби ни помагаат полесно да се справиме со стресот!

За нас како човечки суштества, социјалната интеракција е есенцијална, од повеќе аспекти, па и од здравствен. Изолацијата и осаменоста можат да водат кон повеќе различни заболувања и тоа не само ментални, како депресија и деменција, туку и срцеви заболувања на пример!

[Поврзано: Деменција – музиката има ТЕРАПЕВТСКА вредност!]

Дружбите со семејството и пријателите секогаш заземале многу значаен дел од она што значи медитерански ,,лајфстајл”. Луѓето од овие региони одамна го препознале значењето на ваквите дружби и постојана комуникација, па затоа со векови ја оддржуваат традицијата. Тие се свесни за влијанието на овие фактори врз целокупниот квалитет на животот, а со тоа неминовно и врз здравјето.

[Поврзано: Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

Поради својата витална и комуникативна природа, Медитеранците минуваат голем дел од времето надвор, дружејќи се и создавајќи нови контакти. Семејните дружби, кафињата и дружбите со храна речиси се секојдневние за овие луѓе.

[Поврзано: Кафе или какао како утринска навика?]

Ваквите навики, што воопшто не се нешто туѓо и за нас во Македонија, вреди да се негуваат и да се искористат во полза на целокупното здравје.

[Поврзано: ОСУМТЕ ТАЈНИ на луѓето што живеат НАД 100 години!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор