Предлог за ручек: Мароканска салата од кускус и леблебија
Мароканската кујна вклучува широк спектар на зачини, кои создаваат комплексен профил вкусови. Овие зачини и вкусови се под влијание на медитеранската и арапската кујна поради самата местоположба на Мароко. Кускусот е популарна состојка во двете кујни, а нивните салати или пилафи често вклучуваат суво овошје (во овој рецепт тоа е изоставено), но ако сте обожавател, дефинитивно може да додадете суво грозје или некакво друго суво овошје во ова јадење.
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 1 шоља вода
- 1 шоља или кесичка кускус
- 1 супена лажица маслиново масло
- 1 средно-голем морков, рендан
- 1 црвена пиперка, ситно исецкана на коцки
- 2 средни кромиди, ситно исецкани
- 1 конзерва наут, исцедена и исплакната
За сосот:
- 2 кафени лажички вински оцет
- ½ кафена лажичка ким
- ¼ кафена лажичка цимет
- ¼ кафена лажичка морска сол
Начин на подготовка:
- Во мало тенџере, доведете ја водата до вриење. Кога ќе зоврие, додадете го кускусот и веднаш тргнете го тенџерето од оган, покријте го и оставете да отстои 5 минути. Остатокот вода (доколку има) исцедете го.
- Во меѓувреме, подгответе го сосот така што во мала чинија ќе изматите маслиново масло со оцет, ким, цимет и сол.
- Размешајте го кускусот со вилушка и истурете го во средна чинија. Додадете ги морковот, црвената пиперка, зелениот кромид и наутот и добро промешајте.
- Истурете го сосот врз мешавината од кускус и наут и нежно промешајте. Служете веднаш.
- Овој рецепт прави 4 порции.
Нутритивна вредност:
(на 1 порција)
Калории: 331 Јаглехидрати: 46g од кои растителни влакна: 9g и шеќери: 2g; Протеини: 13g; Масти: 7g од кои заситени масти: 1g; Витамин A: 4559 IU; Витамин Ц: 40mg; Калциум: 77mg; Железо: 3mg
Предлог за вечера: Салата со компири и леќа
Леќата е богат зеленчук со низа бенефити за нашето здравје, а чорбата од леќа не е единствениот начин на кој можеме да ги искористиме сите здравствени потенцијали на оваа намирница. Оваа лесна зимска салата е одлична идеја за лесна и здрава вечера.
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 2 големи кромиди, едниот преполовен, а другиот ситно исецкан на коцки
- 4 гранчиња мајчина душица или 2 супени лажички сува мајчина душичка
- 1 мал ловоров лист
- 1 чаша зелена леќа, исчистена, добро измиена и сварена
- 1 мал ловоров лист
- ½ кафена лажичка морска сол
- 4 шољи вода
- ½ кафена лажичка мелен црн бибер
- 800g компир, исецкан на крупни коцки и сварен
- 2 супени лажици вински оцет
- 1 до 2 чешниња лук, ситно исецкани
- 1 супена лажица Dijon сенф
- ¼ шоља (околу 4 супени лажици) маслиново масло
- неколку каламата маслинки (околу 6-7), преполовени и со извадена семка
- 4 кисели краставички, ситно исецкани на коцки
- свеж магдонос, ситно исецкан
Начин на подготовка:
- Започнете со готвење на леќата. Ставете ја исчистената леќа во мало/средно тенџере со преполовениот кромид, гранките од мајчина душица, ловоровиот лист, малку сол и 4 шољи вода. Оставете ја леќата да крчка на средна топлина 25 до 30 минути, додека не стане мека. Исцедете ja леќата, а останатите состојки отстранете ги. Поклопете го тенџерето и тргнете ја леќата на страна
- Во меѓувреме, сварете ги компирите: Во посебен сад, покријте ги компирите со ладна вода. Доведете ги компирите до вриење и оставете ги 15-тина минути. Кога ќе поминат 15 минути, компирите треба да бидат доволно меки за лесно да се прободат со чепкалка за заби или нож. Исцедете ги и тргнете на страна.
- Додека се вари компирот, ставете го исецканиот кромид и оцетот во голем, длабок сад и додадете ги лукот, сенфот, малку сол и бибер, и маслиновото масло. Додадете ги и каламата маслинките, сецканите корнишони и исецканиот кромид.
- Додадете ги сварените компири и леќата во садот и промешајте. Прилагодете ги зачините според вашиот вкус со дополнително сол и бибер доколку е потребно. Одозгора наросете го магдоносот и служете.
- Овој рецепт прави 4 порции како главен оброк, а 6 како прилог.
- Салатата можете да ја чувате во фрижидер во затворен сад најмногу 5 дена.
Нутритивна вредност:
(на 1 порција)
Калории: 372 Јаглехидрати: 51g од кои растителни влакна: 8g и шеќери: 2.6g; Протеини: 8.2g; Масти: 16g од кои заситени масти: 2g; Витамин Б6: 0.6mg; Бакар: 0.5mg; Калиум: 924mg