fbpx

Зачините на МЕДИТЕРАНСКАТА кујна – повеќе ВКУС, помалку СОЛ, подобро ЗДРАВЈЕ!

tonus

Употребата на зачините има своја длабока традиција во источните кујни. Уште од првите средби помеѓу источната и западната култура, луѓето од западот го увиделе значење на различните зачини во подготвувањето на храната и богатите и специфични вкусови со кои тие го збогатуваат вкусот на секое јадење. Заради овие причини, трговијата со зачините се развила во една од главните економски гранки на тогашните економии, па водени се дури и повеќе војни за зачините.

Зачините како цимет, кардамон, ѓумбир, куркума и слични, може да се каже дека имале централна улога во креирањето на повеќе огромни империи. Економското значење на зачините го формира познатиот ,,пат на свилата”, кој претставува мрежа од патишта што го поврзуваат далечниот исток со западот – од бреговите на Јапонија, преку островите на Индонезија, околу Индија и Блискиот Исток, па сè до срцето на Медитеранот. Благодарение на оваа традиција, во денешно време ширум светот се сосема достапни се повеќето различни зачини.

Значењето на зачините

Покрај тоа што ни ја прават здравата храна многу повкусна и ни ја намалуваат потребата од посолување, што е од исклучителна важност, составот на различните зачини може да поттикне и извонредни други здравствени ефекти. Кај некои зачини овие ефекти биле препознаени уште од најдалечното минато.

"“Online”/

Токму затоа, во денешно време се спроведуваат сè повеќе истражувања кои имаат за цел испитување на различните потенцијални корисни здравствени ефекти на зачините. Потенцијалните бенефити се движат од подобра контрола на шеќерните нивоа, намалена болка и процеси на инфламација, па сè до подобра меморија и когнитивна функција.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление]

Зачините во Медитеранската кујна

И традиционалната Медитеранска кујна соодветно го препознава значењето на зачините. Тие се недделива компонента од овој начин на исхрана и една несомнена причина за нејзините извонредни здравствени ефекти.

[Поврзано: МЕДИТЕРАНСКА ИСХРАНА – Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – 2020 година]

Покрај традиционалните автохтони зачини за Медитеранот, медитеранската кујна уште од пред повеќе векови се збогатува со различните зачини од подалечниот истокот. Традиционалните медитерански зачини се користат со векови и на нашите простори. Ќе наведеме само некои од најзначајните: босилок, ловоров лист, бибер, сув лук, коријандер, кумин, копар, лаванда, мајоран, каранфилче, нане, оригано, магдонос, копар, црвен пипер, рузмарин, мајчина душица, шафран, сумак, куркума итн. Многу подетално за секој од нив, прочитајте со кликнување на поставениот линк.

Ако сакаме да практикуваме Медитерански начин на исхрана, многу е важно почесто да користиме зачини. Како што рековме, тие не само што го збогатуваат вкусот и ја намалуваат потребата од сол, туку со својот состав овозможуваат извонредни здравствени ефекти.

Користењето зачини ни го доловува оргиналниот, ,,регионален” шмек на медитеранските рецепти, а различните комбинации од зачини имаат потенцијал ни отвораат огромен простор за експериментирање со вкусови и ароми.

Во продолжение, водич низ вкусовите и аромите на Медитеранот, односно повеќе комбинации од зачини што често се користат низ медитеранските региони.

Најпознатите медитерански ,,мешавини”, односно зачини

  • Адвиех – персиски микс од суви листови на роза и зачини, вклучително цимет, кардамон, каранфилче и кумин. Често се користи за чорби, супи и варен ориз.
  • Бахарат – арапски зачин, составен од бибер, коријандер, каранфилче, кардамон и пиперка. Нуди ,,топол” вкус кој одлично се комбинира со киселкаста храна, кус-кус, ориз, различни супи и чорби, месо и печени зеленчуци.
  • Eрбс д прованс – француска мешавина од зачини со интензивен вкус – босилок, мајоран, магдонос, оригано, тарагон, рузмарин, анасон, мајчина душица. Одлично се комбинира со печено и варено пилешко месо, а извонредно оди и на чорби, супи и јадења на база на зеленчук.
  • Италијанска мешавина – мешавина од суви тревки, како босилок, мајоран, оригано, рузмарин и мајчина душица. Одличен избор за збогатување на вкусот на различните рецепти за тестенини, вкусен додаток на дресинзи, супи, сосови, маринади итн.
  • Четири зачини или ,,Quatre épices” – француска мешавина од 4 зачини – бибер, каранфилче, ѓумбир и морско оревче. Се користи за супи, чорби, пилешко на скара, зеленчуци, а се додава често и на различни намази.
  • Рас ел ханут – арапски зачин, кој се преведува како ,,најдоброто од пазарот”. Составот на овој зачин варира во зависност од регионот, па дури и во зависност од градовите во една земја. Некогаш ваквите зачини се составени од дури 100 различни зачини! Се користат во навистина било кои солени јадења.
  • Француско-индиски кари зачин (Vadouvan French Masala Curry) – типичен кари зачин со додаден сув лук и црвен кромид.
  • За’aтар зачин – особено популарен медитерански зачин. Постојат повеќе варијации, но генерално е составен од сусамово семе, сумак, мајчина душица, оригано. Вака подготвениот зачин најчесто се меша со маслиново масло и се премачкува на традиционална арапско лепче. Се додава и на печено месо или зеленчук, на салати, намази, како хумус и јогурт, па дури и на пуканки.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор