Од сите достапни типови на исхрана, Медитеранскиот начин на исхрана дефинитивно се издвојува во својата ефективност (за најразлични здравствени проблеми) и научна поткрепеност. Кога станува збор за месото, овој тип на исхрана има неколку клучни принципи:
- Помалку е подобро – намалувањето на месото нема да ни донесе проблеми, напротив.
- Употребувајте го месото како гарнир, а поретко како главно јадење – помалку месо во оброците повторно ќе ни го даде посакуваниот вкус!
- Заборавете на препроцесираните месни произоди – ако не можете без месо, имајте 1 до 2 оброци неделно, кои вклучуваат малку месо (до околу 200g). Ова важи само за непроцесираните месни (неконзервирани) производи, а не за различните шунки, салами, чајни, кулен, сланина, чварки итн. Според СЗО, ваквите производи се докажан ризик-фактор за малигни заболувања, а секако го зголемуваат и ризикот од низа други чести болести!
- Варете го или печете го месото, без или со сосема малку масло за јадење
[Поврзано: Што вели Медитеранскиот начин на исхрана во однос на месото?]
Во продолжение 3 интересни предлог-рецепти за здрав оброк со (пилешко) месо:
Печено пилешко во куркума сос
Потребни состојки:
- 2 парчиња пилешки стек (не преголеми)
- 1 лимон, исцеден
- 1 лажица ладно цедено маслиново масло
- 1 лажица куркума
- ¼ лажица ѓумбир
- ¼ лажица кумин
- ¼ лажица димена пиперка
- ½ лажица сув оригано
- ½ лажица сув копар
- Сол и бибер
- 1 чешне лук, ситно исечкано
- 150g претходно сварен интегрален ориз
- 100g грчки, нискомаслен јогурт
Начин на подготовка:
- Комбинирајте го пилешкото месо со сите останати намирници во поголем сад. Добро промешајте со рацете и оставете ја маринадата да отстои најмалку 30 минути или пак најдобро во текот на претходната вечер.
2. Загрејте ја рерната и поставете една рамна, нелепливата тава за печење. Внимателно испечете го месото, постојано превртувајќи го.
- Комбинирајте го месото со претходно сварениот ориз и грчки нискомаслен јогурт.
– Овој рецепт прави една порција
Нутритивна вредност на 1 порција:
Калории | Јаглехидрати [g] | Протеини [g] | Масти [g] |
800 | 40g (0,5g фибер) | 72g | 35g |
Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата, потоа витамините Е и Д, а особено со минералите селен, цинк, фосфор, железо и бакар.
Медитерaнско пилешко со црвена пиперка
Потребни состојки:
- Малку маслиново масло
- Околу 800g пилешко месо
- 4 чешниња лук, ситно исецкани
- Една голема тиквичка
- 1 црвена пиперка, исецкана на ленти
- 1 главица кромид, исецкана
- Малку сок од лимон
- Неколку каламата маслинки
- 1 свеж домат
- 100g фета сирење
- Сол, бибер, нане и останати зачини по желба
За сосот од црвени пиперки:
- Околу 300g печени црвени пиперки
- Малку балсамико оцет
- 2 чешниња лук
- Малку сол и босилок
Начин на подготовка:
- Во тавче, загрејте малку маслиново масло, а потоа ставете го исецканото пилешко месо. Гответе околу 6-7 минути, односно додека месото не зарумени и добие златно-кафена боја. Извадете го пилешкото месо од тавчето.
- Исецканата тиквичка, кромид и свежа пиперка ставете ги во истото тавчето и доколку е потребно додајте капка маслиново масло. Додајте го и лукот и гответе 5-7 минути, односно додека зеленчуците не омекнат.
- Додека се готват зеленчуците, направете го сосот од црвени пиперки. Во блендер ставете ги печените црвени пиперки, оцетот, лукот и зачинете и посолете. Блендирајте додека не добиете густа, кремава структура на сосот.
- Додајте го пилешкото повторно во тавчето и додајте малку сок од лимон. Додајте ги маслинките и свежиот домат и додајте го кремавиот сос од црвени пиперки. Гответе уште неколку минути, а потоа послужете со малку свежо нане и фета сирење.
– Овој рецепт прави до 3 порции.
Нутритивна вредност на 1 порција:
Калории | Јаглехидрати [g] | Протеини [g] | Масти [g] |
670 | 20g (3g фибер) | 90g | 25g |
Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата (пред се’ витамин Б6, Б12, Б9 и Б3), витамините А и Ц, потоа селен, цинк, фосфор, железо.
Пилешко со грав на медитерански начин
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 2 лажици сенаменско брашно
- 1 килограм пилешко месо (најдобро во форма на копани, со отстранета кожа)
- Маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 1 конзерва подготвен грав
- 2 свежи пасирани домати (може и една конзерва цели домати)
- Малку рендан пармезан
- Сол, бибер, сушен лук, рузмарин, кари и други зачини по желба
Подготовка:
- Во сад, измешајте ги брашното, лукот во прав, рузмаринот и бибер. Извалкајте ги парчињата пилешко месо во ваквиот прав.
- Во поголемо тавче, ставете малку маслиново масло. Оставете го да се загрее, а потоа додајте ги парчињата пилешко месо и гответе ги 4-5 минути на секоја страна, односно додека не добијат кафена нијанса.
- Додајте ги гравот, доматите и лукот и доведете ја смесата до вриење (ако е потребно додајте и малку топла вода). Потоа намалете го огнот, покријте со капак и оставете ја смесата да врие околу 20-25 минути.
- Тргнете го од оган тавчето и послужете го пилешкото со малку рендан пармезан одозгора.
*Овој рецепт е доволен за 3 порции.
Нутритивна вредност на 1 порција:
Калории | Јаглехидрати [g] | Протеини [g] | Масти [g] |
750 | 27g (8g фибер) | 100g | 21g |
Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата, витамините А,Ц, К потоа фосфор, магнезиум, железо, цинк, бакар, селен, калиум.