fbpx

Зошто се јавуваат топлите бранови во менопауза и како да ги третираме на ПРИРОДЕН НАЧИН?

tonus

Црниот кохош или цимицифугата, (Cimicifugae racemosae rhizome) припаѓа во големото семејство на цветни растенија (лутичиња). Станува збор за билка типична за Северна Америка. Во минатото се користела за најразлични потреби, а посебно за намалување на честите симптоми на менопаузата.

Уште од поодамна, во повеќе земји, вклучително и земји од ЕУ, оваа потентна билка претставува популарна алтернативна на хормонската терапија која се применува во периодот на менопаузата.

[Поврзано: Што можат да најавуваат топлите бранови?]

"“Online”/

И покрај популарноста и позитивните искуства, до познатото истражување од Универзитетот Илиноис од Чикаго, механизмот на дејство не бил познат.

Повеќе околу резултатите од истражувањето

Истражувачите добиле одредени податоци кои укажуваат на веројатниот механизам според кој цимицифугата помага при топлите бранови и општо при непријатните симптоми на менопаузата.

Имено, се покажало дека цимицифугата (екстрактот) може да делува на групата рецептори во нашето тело наречени опиоидни рецептори. Станува збор за рецептори кои помеѓу останатото имаат и улога во регулацијата на телесната температура.

Опиоидните рецептори всушност претставуваат хемиски сензори што се поврзуваат со активирањето на опијатите, како што е морфиумот. Сепак и многу други хемиски супстанции можат да се врзат за опиоидните рецептори и да поттикнат соодветен одговор, вклучително во вид на контрола на болката, имун одговор или регулирање на телесната температура.

Опиоидните рецептори влијаат на повеќе аспекти од женската репродуктивна невроендокринологија

Поконкретно, истражувачите од споменатата студија користеле екстракт од цимицифуга, растворен во етанол и утврдиле дека компоненти од екстрактот се врзале за опиоидниот рецептор (hMOR), кој има силна поврзаност или влијание на расположението, телесната температура и нивоата на полови хормони (естроген).

[Поврзано: Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопаузата!]

Зошто се појавуваат топлите бранови?

Според досегашните податоци, се смета дека топлите бранови се јавуваат како резултат на нарушувања во телесниот ,,систем за контрола на температурата”, контролиран од централниот нервен систем (ЦНС), кој пак е во нераскинлива врска со опиоидниот систем.

Така, сосема логично може да се заклучи опијатите можат да делуваат и да ја променат телесната температура, директно или индиректно. 

Интересно, но сосема впечатливи сличности постојат помеѓу непријатните симптоми на откажувањето од опијатите и топлите бранови во периодот на менопаузата.

[Поврзано: Дали МЕНОПАУЗАТА може да го покачи нивото на ХОЛЕСТЕРОЛ?]

 

НАСКОРО…… НОВ ПРОДУКТ ОД ПАЛЕТАТА НА Д-Р МИТОВ: МЕНОАКТИВ (екстракт од ЦРН КОХОШ)

Извор:

Black Cohosh (Actaea racemosa, Cimicifuga racemosa) Behaves as a Mixed Competitive Ligand and Partial Agonist at the Human μ Opiate Receptor

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор