fbpx

Дали МЕНОПАУЗАТА влијае на АПЕТИТОТ?

tonus

Менопаузата е природен и неизбежен период во животот на секоја жена. Истиот се одликува со повеќе различни процеси, односно промени во телото, а позади нив главно доаѓа до хормонални промени. Поради тоа, постојат и низа на непријатни симптоми, а денес ќе зборуваме за начинот на кој менопаузата влијае на апетитот и изборот на храна.

 

Зошто се појавуваат непријатни симптоми за време на менопаузата?

Хормоните играат клучна улога во одржувањето на рамнотежата и правилното функционирање на различните физиолошки процеси во човековото тело. Овие хемиски стимулатори се произведуваат од ендокриниот систем и се ослободуваат во крвта, каде што патуваат до целните органи и ткива за да регулираат и координираат широк опсег на функции. Поради ова, неопходно е нивното ниво да е урамнотежено и константно. Но, сепак постојат периоди во сечиј живот каде доаѓа до природни осцилации и промени во нивото на нашите хормони, а еден таков период кај жените е менопаузата. Поради ваквите промени, жените во менопауза често имаат и непријатни симптоми. Еден од ваквите симптоми кои е речиси секогаш присутен и денес ќе го споменеме се топлите бранови.

Според досегашните податоци, се смета дека топлите бранови се јавуваат како резултат на нарушувања во телесниот ,,систем за контрола на температурата”, контролиран од централниот нервен систем (ЦНС), кој пак е во нераскинлива врска со опиоидниот систем.

"“Online”/

Така, сосема логично може да се заклучи опијатите можат да делуваат и да ја променат телесната температура, директно или индиректно.

Интересно, но сосема впечатливи сличности постојат помеѓу непријатните симптоми на откажувањето од опијатите и топлите бранови во периодот на менопаузата.

 

Дали менопаузата влијае на апетитот?

Менопаузата покрај низата на разни физиолошки промени, носи и промени во регулацијата на апетитот. Естрогенот, главниот хормон чие ниво опаѓа за време на менопаузата, игра и значајна улога во контролата на апетитот со тоа што влијае на невротрансмитерите и невропептидите вклучени во регулација на гладта и ситоста. Со намалување на нивото на естроген, често има нарушување во овие сигнални механизми, што доведува до промени во апетитот. Некои жени може да имаат зголемување на апетитот, веројатно поради хормонални флуктуации кои предизвикуваат зголемени потреби од храна и чувство на глад. Овие промени може да се препишат и на грелинот, хормонот на гладта и лептинот, хормонот на ситост. Згора на тоа, одредени истражувања покажуваат дека жените имаат и зголемена желба и потреба од конкретна храна – храна богата со шеќер, масти и сол. Тука ги вбројуваме кондиторските производи (бисквити, чоколади, слатки), сладоледот, брзата и пржена храна и сл. Овој тип намирници се извор на низа нездрави компоненти, а и лесно допринесуваат за зголемување на тежината.

Спротивно на тоа, дел од жените може да почувствуваат намалување на апетитот, што може да се поврзе со промени во вкусот, нарушувања на расположението или други хормонални промени. Исто така, фактори како што се возраста, промените во составот на телото, варијациите во метаболизмот и општо, начинот на живот, можат директно да влијаат врз хормоналните промени и со тоа дополнително да влијаат врз апетитот и желбата за храна.

Поради тоа, следењето на овие промени и соодветното „адаптирање“ кон нив може да значи одржување на здрава телесна тежина за време на менопаузата. Исто така, со одржување на здрава тежина, му помагаме на телото побрзо, полесно и поуспешно да ги врати хормоните во нормала, а со тоа избегнуваме и дополнителни компликации, несакани симптоми и појава на други можни здравствени состојби.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор