fbpx

Што претставува менталната благосостојба и како е важно да се одржува?

tonus

Можеби сте забележале дека кога сте расположени можете полесно да се справите со различни ситуации. Или можеби кога сте во подобро расположение некои проблеми повеќе не ви делуваат толку застрашувачки и сериозно.

 

Понекогаш кога ни е тешко, разговор со некоја блиска личност веднаш не расположува и прави да ни е полесно.

Ваквите ефекти поврзани со нашето ментално здравје или ментална благосостојба се вклучени во секој аспект од нашиот живот. Доброто расположение, здравјето и социјалните интеракции ни помагаат да се справиме со секакви потешкотии во текот на животот.

"“Online”/

Со негување, одвојување на време и одржување на нашето ментално здравје, ние всушност во целост го подобруваме нашиот квалитет на живот, а притоа сме и поздрави, посреќни и попродуктивни.

 

Како да го дефинираме менталното здравје или менталната благосостојба?

 

Светската здравствена организација (СЗО) го дефинирала менталното здравје, како:

 

  • Општа благосостојба
  • Имање свесност за своите способности
  • Можност за справување со „нормалниот“ секојдневен стрес
  • Можност за нормално и продуктивно работење
  • Можност за придонес во заедницата

 

Но, постојат некои потешкотии за конкретното дефинирање на менталното здравје и за тоа што всушност значи некој да е ментално здрав.

 

Менталното здравје се смета како дел од поширока палета на однесувања што ја прават некоја личност да здрава, среќна и исполнета. Заедно со физичкото здравје, менталното здравје се смета како дел од општата слика или дефиниција за човековото здравје.

 

Според одредени дефиниции за да се наречеме физички здрави, доволно е да немаме некоја болест.

Но, недостигот на некоја болест не нè прави ментално здрави. Истражувањата покажале дека поимите ментално здравје и ментална болест не се меѓусебно зависни. Некоја личност може да има ментална болест, но сепак да се смета дека има некаква ментална благосостојба.

 

Важно е да се напомене дека луѓето е нормално да чувствуваат ментална вознемиреност како резултат на некои стресни ситуации. Ваквата состојба не значи дека таа личност нема ментална благосостојба.

Исто така, менталното здравје може различно да се дефинира во зависност од социјално-културолошките фактори.

 

Останати дефиниции за ментално здравје

 

Постојат пристапи што ја дефинираат менталната благосостојба преку одредени карактеристики:

 

  • Верување дека нашиот живот има цел
  • Континуирано самоподобрување и развиток – испробување на ново хоби, нов интерес кон нешто или учење на нова вештина
  • Добри социјални интеракции – редовна комуникација со блиските, интеракција со колеги, пријатели, познаници и сл.
  • Верување во нашата способност да пребродиме пречки – под ова подразбираме способност да менуваме места на живеење, ново работно место, прифаќање и снаоѓање со нови неочекувани ситуации и сл.
  • Позитивна слика за себеси – да не се чувствуваме виновни за ситуации или моменти кои не можеме да ги промениме.

 

Зошто е важно менталното здравје?

 

Според СЗО, менталното здравје е подеднакво важно како и општото здравје. Од глобалната бројка на заболувања, околу 14% се менталните заболувања или нарушувања. СЗО смета дека постојано се зголемува распространетоста на менталните заболувања и дека околу 20% од младите имаат во некој момент некакво ментално нарушување.

 

Физичкото и менталното здравје се меѓусебно зависни. Менталното здравје исто така влијае врз нашата способност за работа и продуктивноста на работата. Работењето под стрес доведува до лошо ментално здравје и луѓето кои вака работат помалку веројатно е дека ќе си ја сакаат работата и ќе бидат продуктивни.

Фокусирајќи се на менталното здравје и евентуалното превентирање на негово влошување, луѓето може да ги избегнат или ублажат последиците од ментални заболувања или нарушувања.

 

Кои се придобивките од добро ментално здравје?

 

Пред да ги споменеме ваквите придобивки, треба да нагласиме дека постои доза на субјективност околу оваа тема. Што подразбираме под „ментално здравје“, како го мериме/проценуваме ваквото здравје кај луѓето и како е ова здравје поврзано со менталните заболувања и нарушувања? Ова се прашања кои се субјективни и немаат точно научен одговор. Но, постојат научни податоци за бенефитите од чувството на среќа и „субјективна“ ментална благосостојба.

 

Исто така не е сигурно дали овие придобивки се резултат на добра ментална благосостојба или важи обратното.

 

  1. Чувството на среќа и задоволност е поврзано со позитивни исходи, како што се добри врски со луѓето околу вас, добра заработка, долговечност, добро ментално здравје и сл.
  2. Среќните луѓе покажуваат припадност во социјални ситуации. Тие повеќе веруваат на луѓето, соработуваат со нив, сакаат мир и не сакаат расправии. Имаат поголем праг на толеранција и прифаќање на луѓе од различни потекла и средини и сакаат да ги прошируваат познанствата.
  3. Луѓето со добро ментално здравје е поверојатно дека ќе практикуваат физичка активност.
  4. Луѓето со добра ментална благосостојба помалку е веројатно да пушат цигари, прекумерно пијат алкохол и сл.
  5. Кога имаме позитивни емоции ние гледаме позитивно на останатите делови од нашиот живот. Имаме повеќе оптимизам, не се плашиме од помали проблеми и имаме желба истите да ги решиме.
  6. Помал ризик од појава на анскиозност и депресија, а подобрено расположение и поголема самодоверба.

 

 

 

Како до подобро ментално здравје?

 

Патот кон подобро ментално здравје може да е тежок, долг и индивидуален. Но, постојат општо прифатени  научни одговори за ова прашање. Често, преку промена на останатите делови од нашето секојдневие и живот, ние може да влијаеме на нашата ментална благосостојба.

 

1 . Физичка активност

 

Во повеќе наврати сме ја потенцирале важноста од практикување на физичка активност. Во комбинација со добра исхрана и доволен сон, нема сомнеж дека физичката активност ја подобрува нашата ментална благосостојба, расположение и општо, нашето здравје. Вежбањето сè почесто се наоѓа на листата на препораки од докторите за луѓето кои се борат со анксиозноста и депресијата. Редовното вежбање потврдено ги намалува нивоата на стрес, анксиозност и прави да се чувствуваме опуштено, самоуверено и здраво во сопственото тело. По вежбањето нашето тело е преплавено со хормони (главно ендорфини) кои допринесуваат за ваквото добро расположение.

 

[Поврзано: 7 придобивки од вежбите со тежина-здрава навика која може да ја практикувате од дома]

 

 

2 . Правилна и избалансирана исхрана

 

Темата на која најмногу се навраќаме и ја потенцираме. Едно истражување покажало дека лоша исхрана може да доведе до значајно зголемување во случаите на ментални заболувања и нарушувања. Храната што ја консумираме директно влијае на нашето целокупно здравје и секако здравјето на нашиот мозок. Добрата исхрана помага за правилна продукција на хормони и невротрансмитери – соединенија кои го контролираат нашиот сон, однесување и расположение. Преку внес на витамини, минерали и макронутриенти, ние му обезбедуваме на мозокот сè што му е потребно за негово правилно функционирање.

 

[Поврзано: Нездравата храна може да влијае лоши и на расположението!]

 

3 . Контролирајте го стресот

 

Прво, обидете се да ги лоцирате ситуациите кои ви создаваат стрес. Не секогаш сме свесни колку стресни моменти можеме да избегнеме или да се справиме со истите на поинаков начин. Гледајте позитивно на околностите, бидете си самите себе поддршка и избегнувајте стресни ситуации. Со завршувањето на стресниот период нашето тело влегува во релаксирана, опуштена состојба. Постојат и одредени активности кои помагаат да бидеме порелаксирани. Правилно дишење, вежбање, зборување со пријателите или блиските, уживање во ситните задоволства, поставувањето на реални цели – сето ова помага да го намалиме стресот во нашето секојдневие.

 

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ и совети за справување

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор