fbpx

Колку ОСАМЕНОСТА влијае на ПСИХИЧКОТО здравје?

tonus

Секој од нас може да се почувстува осамен, било кога и било каде. Дури и кога сме опкружени со многу луѓе, можеме да се чувствуваме осамено.

Осаменоста несомнено влијае врз менталното здравје!

Некои луѓе се во поголем ризик од другите, но истражувањата јасно укажуваат дека осаменоста е исклучително распространет феномен – милиони луѓе ширум Европа и светот се чувствуваат осамено одредено време или за жал, постојано.

Долготрајното чувство на осаменост може да не’ направи анксиозни или депресивни, со други зборови тоа има искучителен импакт врз нашето ментално здравје.

"“Online”/

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Иако огромен дел од популацијата се соочува со проблемот на осаменоста, сепак таа во голема мера се’ уште останува ,,табу” тема, односно нешто за што ретко луѓето се охрабруваат да зборуваат меѓусебно. 

Статистиките од Британија ни покажуваат дека еден од петмина го сокрива своето чувство на осаменост. Познавајќи го нашиот менталитет, веројатно кај нас овие броеви се и уште позагрижувачки.

Самите броеви сугерираат дека соочувањето е тешко, но сепак постојат работи што можеме да ги преземеме за да си помогнеме себеси, но и на другите луѓе. Прифаќајќи го фактот дека и ние некогаш сме биле во ситуација на осаменост е добар почеток.

Во продолжение многу повеќе околу причините, последиците и ризик-факторите за тешка и подолготрајна осаменост.

Дополнително, која е поврзаноста, односно какво е влијанието помеѓу осаменоста и нашето ментално здравје и кратки, но корисни совети за справување!

[Поврзано: ОСАМЕНОСТА помеѓу најсилните ризик-фактори за ДЕМЕНЦИЈА!]

Осаменоста е важен фактор за менталното здравје! 

Осаменоста и социјалната изолација се поврзани, но не се едно исто. Некој што нема премногу контакти со луѓето не значи дека подифолт е осамен, ниту пак значи дека оние што постојано комуницираат со многу луѓе не се осамени!

Чувството на осаменост е нормален дел од живеењето, но долготрајната и интензивна осаменост може да има сериозни импликации врз нашето ментално здравје.

Кои типови на осаменост постојат?

Постојат три различни типови на осаменост: емоционална, социјална и егзистенцијална.

Емоционалната се поврзува со отсуството или загубата на блиска личност со која постоела суштинска поврзаност.

Социјалната подразбира отсуство од т.н. ,,социјална мрежа” на пријатели, што може да обезбеди чувство на припадност и заедница.

Егзистенцијачлната осаменост е чувство на отргнатост од другите, празнина и отсуство на смисла.

Како осаменоста влијае на менталното здравје?

Како што повеќе пати напоменавме, секој од нас понекогаш е осамен, што не значи дека ваквото чувство ќе води кон компликации со менталното здравје. Сепак, ако осаменоста е честа или трае долго, сериозно се зголемува ризикот од проблеми со менталното здравје, како анксиозност, депресија, заболувања од спектарот на деменцијата, па дури генерира и одредени суицидни мисли.

Од друга страна, луѓето кои страдаат од ментални нарушувања имаат значително поголем ризик од осаменост. Така се формира непријатниот ,,круг” на осаменоста.

Истражувањата од Британија покажуваат дека дури 18% од случаите на депресија се директно поврзани со осаменоста, а сите сме свесни колку чест феномен на новото време е депресијата. Дополнително, покажано е и дека осаменоста може да има последици и по нашето физичко здравје. Имено, таа влијае негативно на навиките за спиење, преку подигнувањето на нивоата на т.н. ,,стрес” хормон кортизол.

Со текот на времето, постојано покачените нивоа на овој хормон можат да водат и кон други понатамошни компликации со здравјето: хронична инфламација, вишок телесна тежина, инсулинска резистентност, проблеми со концентрацијата итн.

[Поврзано: Лајфстајл промени за справување со депресијата – СПИЕЊЕ или добра хигиена на сон!]

Истражувањата покажуваат дека хроничната осаменост може да има значителен импакт и врз здравјето на нашиот мозок! Долготрајното чувство на осаменост и социјална изолација поседува потенцијал да ги намали когнитивните перформанси, како способноста за концентрација, решавање на проблеми и слично.

Многу повеќе околу феноменот на осаменоста во новото време и деменцијата, прочитајте во една од нашите претходни статии, кликнувајќи тука

Кои луѓе се во посебен ризик?

Иако осаменоста може да го погоди секого, постојат групи на луѓе што се поподложни, односно во поголем ризик. Истражувањата покажуваат дека тоа се луѓето што го загубиле брачниот партнер, оние што немаат партнер, лицата што живеат сами, невработените и  лицата со потешки (и/или долготрајни) медицински дијагнози.

Последниве години пандемијата со сите свои последици погоди многумина и го зголеми чувството на осаменост помеѓу населението. Луѓето во ризични категории, го примија и најтешкиот удар.

[Поврзано: Пандемијата поттикна и позитивни нешта?]

Кои се ,,симптомите” на осаменоста?

Како да ја препознаете хроничната осаменост?

Иако се работи за индивидуална работа, постојат неколку типични ,,симптоми”:

    • Неможност за поврзување со другите луѓе на поинтимно ниво. Иако можеби постојано комуницирате со луѓето и имате семејство и блиски пријатели, сепак односите со нив ви се на едно поповршно ниво. Поврзаноста со нив не ве исполнува.
    • Отсуство на најдобар/најдобри пријатели. Иако можеби имате повеќе пријатели, сепак не се чувствувате дека некој ве ,,разбира”.
    • Чувство на изолираност безразлика каде и со кого се наоѓате.
    • Негативни чувства во однос на себе и опадната самодоверба.
    • Силно чувство на измореност при обиди за комуникација и социјализирање со другите луѓе.

Кратки совети за справување со осаменоста и подобрување на менталното здравје

Справувањето со чувството на осаменост најчесто е особено тешка работа. Сепак, постојат некои работи што можете да ги направите за да се справите со осаменоста, но и да ги превенирате нејзините негативни импликации. Во продолжение накратко неколку стратегии за справување:

  • Обидете се да правите некои активности во кои уживате, активности кои ќе Ве држат преокупирани. Обидете се да најдете работи што ќе го стимулираат вашиот ум да размислува – Кои се вашите интереси? Што ве мотивира?

  • Размислувајте за редовна физичка активност – БИЛО КАКВА.

    [Поврзано: Зошто физичката активност не’ расположува и ни го подобрува менталното здравје?]

  • Oбидете се да имате почеста комуникација со луѓето кои ги сретнувате во секојдневнито.

  • Обидете се да најдете луѓе кои ,,ве разбираат”. Дали ќе бидат тоа блиски луѓе или пак луѓе со слично искуство како вашето..

  • Набавете си миленик. За многумина ова има терапевтски ефект!

  • Обидете се да ги користите социјалните медиуми на позитивен начин. Запознавајте луѓе со слични интереси. Бидете отворени.

  • Немајте предрасуди да побарате стручна помош ако сметате дека ви е потребна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор