fbpx

РЕЦЕПТ – Мешунки и спанаќ

tonus

Денес ќе ви предложиме два рецепти што го комбинираат спанаќот со супер хранливите и здрави – мешунки. Овој дел од годината претставува одличен период за посета на пазарите и користење на она што природата го нуди. Спанаќот е речиси достапен целата година, а во маркетите често се среќава и како смрзнат. Но, пролетта е одличен период за комбинирање на разни зеленчуци со младиот спанаќ.

Мешунките (гравот, леќата, грашокот) претставуваат високо нутритивна храна и препораките се истата да се консумира барем 1-2 пати неделно. Тие се особено богати со протеини, влакна и антиоксиданти. Комбинацијата од висока содржина на вода и растителни влакна ни дава чувство на ситост, а ова е одлично, бидејќи всушност рецептите со мешунки се ниско калорични.

Бидејќи дефицитот од растителни влакна е сериозна појава во денешницата, јадењата што ги вклучуваат мешунките се особено корисни и здрави во овој поглед.

"“Online”/

 

Гравот и леќата – „супер храна“!

 

Гравот е особено богат со протеини, растителни влакна и дури може да го наречеме „супер-храна“. Навистина е ниско калоричен, а сепак нуди низа на витамини и минерали.

 

Леќата се смета за храна која е од растително потекло, а е меѓу подобрите извори на протеини. Како и останатите мешункасти плодови, особено е богата со витамините од Б групата, а покрај тоа содржи и низа на минерали.

Кога овие мешункасти плодови би ги споиле со спанаќот, навистина добиваме оброк кој е исклучително здрав и хранлив.

 

[Поврзано: СПАНАЌ – благослов од градината!]

 

Медитерански микс од спанаќ и грав

 

За овој вкусен рецепт за ручек или вечера ќе ви бидат потребни околу 30 минути и се добиваат околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

 

  • 1 главица кромид, ситно исецкан
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 тегла конзервирани цели парчиња домати (може и 1-2 свежи исецкани домати)
  • 1-2 лажички соја сос-по желба
  • Малку сол и црн бибер
  • Малку мелен црвен пипер
  • 1 пакување конзервиран грав
  • Околу 300g свеж спанаќ
  • Маслиново масло

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Во тавче загрејте го маслиновото масло и пропржете го исецканиот кромид 3-5 минути. Додадете ги и чешнињата лук и пропржете ги дополнително околу 1-2 минути. Додадете ги доматите (свежи или од конзерва), соја сосот и зачинете. Оставете ја смесата да зоврие и продолжете со готвење додека смесата не се згусне, односно дел од течноста испари.

 

  1. Додадете го гравот од конзерва, а потоа и спанаќот. Гответе околу 5 минути, односно додека не омекне спанаќот. Зачинете и посолете и додадете малку маслиново масло.

 

 

Нутритивна вредност:

(на 1 порција)

 

Калории: 200 Јаглехидрати: 23g од кои растителни влакна: 9g  Протеини: 12g; Масти: 3g од кои заситени масти: 0,4g; Витамин K: 350µg; Витамин Б3: 1,5mg; Витамин Б12: 0µg; Витамин Ц: 40mg; Витамин A: 9000IU; Витамин Д: 0IU; Фосфор: 200mg; Селен: 4µg; Железо: 4mg; Цинк: 1mg

 

 

Вкусен ручек со спанаќ, сладок компир и леќа

 

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 40 минути и се добиваат 4 порции.

 

Потребни состојки:

 

  • Маслиново масло
  • 1 главица кромид, ситно исецкан
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку лут мелен црвен пипер, куркума, сол и мелен црн бибер
  • 2 слатки компири (околу 400 грами), исецкани на средно-мали парчиња
  • 250g леќа
  • 600ml зеленчуков бујон
  • 200g спанаќ
  • 4 китки млад кромид, ситно исецкан

 

 

Начин на подготовка:

 

  1. Во тенџере загрејте малку маслиново масло и додајте го исецканиот кромид. Пропржете го околу 10 минути, додека не омекне и зарумени.

 

  1. Додадете го лукот заедно со мелениот црвен пипер, младиот кромид, куркумата и останатите зачини и гответе уште 2-3 минути.

 

  1. Зголемете ја температурата и додадете ги слатките компири и промешајте. Додадете ја леќата и целиот бујон.

 

  1. Оставете ја смесата да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете вака да се готви околу 20 минути, односно додека леќата и компирот не се сварени и омекнати.

 

  1. По желба додадете дополнително сол или бибер, а потоа додадете го и спанаќот. Тој е потребно само да омекне, пред да го тргнете тенџерето од оган.

 

 

Нутритивна вредност:

(на една порција)

 

Калории: 350 Јаглехидрати: 50g од кои растителни влакна: 12g  Протеини: 20g; Масти: 2,5g од кои заситени масти: 0,5g; Витамин K: 400µg; Витамин Б3: 4mg; Витамин Б12: 0µg; Витамин Ц: 40mg; Витамин A: 22000IU; Витамин Д: 0IU; Фосфор: 270mg; Селен: 1µg; Железо: 7mg; Цинк: 3mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор