fbpx

Чувањето миленик помага за полесно справување со СТРЕСОТ!

tonus

Љубителите на кучињата, мачињата и останатите домашни миленици добро знаат колку топлина и чувство на задоволство им носат нивните крзнести животинчиња. Но, веројатно не се свесни дека чувањето миленик не е добро само за психичкото здравје, туку позитивно се одразува и на физичкото. За ова постојат се’ повеќе докази.

Во една од претходните статии видовме како, односно на кој начин чувањето куче може да се одрази позитивно врз здравјето на срцето, а видовме и како поседувањето миленик се поврзува дури и со поспоро стареење на мозочното ткиво!

Во продолжение едно интересно истражување што го поврзува подоброто ментално здравје со чувањето миленик!

"“Online”/

[Поврзано: Чувањето миленик го УСПОРУВА стареењето на МОЗОКОТ!]

За многумина, животните беа најдобар пријател во текот на пандемијата!

Истражувачите од Кингстон Универзитетот во САД, за време на последната Ковид пандемија, истражувале на тема: Дали чувањето миленик е поврзано со некаков бенефит во однос на менталното здравје? Анализите во предвид ги земале самата резилиентност или отпорност на сопствениците наспрема стресните ситуации и колкава била емотивната поврзаност со нивните животни.

Резултатите се објавени во научното списание Anthrozoös, чиј главен фокус се односите помеѓу луѓето и животните. Собирани биле податоци од над 700 луѓе од Британија и ширум светот, во почетокот на пандемијата 2020 година и потоа кон крајот на 2021 година.

Она што научниците го заклучуваат е дека зголемената изложеност на милениците, односно почестото нивно шетање и почестите игрите со нив, има директна релација со подобро ментално здравје. Испитаниците кои подолго време поминувале со милениците пријавиле дека се чувствуваат подобро и посреќно.

[Поврзано: Сопствениците на миленици имаат поздраво срце!]

Не е доволно само да го имате миленичето..

Проценувана била и емотивната поврзаност помеѓу сопствениците и миленичињата. Заклучоците биле во насока дека сопствениците што немале природен, емотивен однос со милениците, имале поголем ризик од полоша ментална состојба.

Од друга страна, здравиот однос со миленикот (поголемата емотивност) ја подобрувал психолошката стабилност, особено кај лицата со помала отпорност кон стресни ситуации и состојби.

Што значи неприроден емотивен однос? Се мисли на неодоворност кон миленикот или пак од друга страна сметање на миленикот како нешто многу поважно од пријателите. Всушност, придавање на човечки карактеристики на миленикот, како намери и мотиви.

Истражувањата го поврзуваат ова однесување со зголемен ризик од осаменост, промени во расположение и намалена резилиентност во однос на стресот. Доплнително, кај овие испитаници утврден бил и зголемен ризик од нарушена целокупна ментална благосостојба.

[Поврзано: Смеењето како моќно оружје против хроничниот стрес!]

Психолозите велат дека постои тенденција во голема мера да се поедноставуваат причините зошто луѓето имаат миленици, но и однесувањето со нив. Истражувањата како ова, придонесуваат во насока на продлабочување на знаењата во областа.

Извор:

Pet Ownership and Wellbeing During the COVID-19 Pandemic: The Importance of Resilience and Attachment to Pets

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор