fbpx

Веројатно најздравото месо што можете да го подготвите за ручек!

tonus

Кога станува збор за месото во исхраната, за најдобар пристап можеме да го сметаме оној на Медитеранската исхрана. Тоа засега го вели науката.

[Поврзано: Што вели Медитеранската исхрана за месото]

Главните 3 принципи на овој пристап се:

"“Online”/
  • 0 грами процесирани месни продукти
  • Помалку е подобро и
  • Печено и варено, наместо пржено месо

[Поврзано: Сите сме чуле дека пржената храна е штетна? Но, ЗОШТО е тоа случај?]

Кога зборуваме за видовите меса кои се препорачуваат, за најдобри, покрај различните риби, се сметаат пилешкото месо и месото од мисирка.

[Поврзано: Туна – највкусната и една од најздравите риби, но во кои количини?]

Денес ќе зборуваме токму за мисиркиното месо. Зошто токму овој тип на месо се препорачува пред останатите? Која е неговата нутритивна вредност? Кои се неговите главни предности?

Иако мисиркиното месо не е толку популарно во нашата средина, тоа може да се најде низ маркетите во најразлични облици, како смрзнато или свежо. Доста често овој тип на месо се користи и за подготвување на готови сендивичи, салати итн. Токму на овие процесирани продукти треба да се внимава, бидејќи тие не можат да се сметаат за здрава храна само поради присуството на мисиркино месо. Во нив најчесто се содржат додадени маснотии и многу сол, а неретко и нездрави конзерванси.

Ако воопшто немате навика за користење на ова месо, а често во исхраната користите месни производи, најдобро е да почнете да го користите намето црвеното месо. Во продолжение, ќе можете да заклучите и зошто е ова случај.

Особено е значајно конзервираните месни продукти да ги исклучите комплетно од исхраната (разни паштети, виршли, колбаси итн.). Ова не го вели било кој, туку релевантни светски здравствени институции.

Хранлива вредност на мисиркиното месо

Мисиркиното месо не само што има разновидна и силна нутритивност, туку има и специфични, богати вкусови карактеристики.

Има мала концентрација на маснотии и заситени маснотии и следствено – мала калориска вредност, особено ако се споредува со црвените меса, на пример. Од друга страна, мисиркиното месо е исклучително добар извор на квалитетни протеини, но и други микронутриенти, како селен, фосфор, рибофлавин и други витамини од Б групата, потоа железо, цинк, калиум итн.

100g печено месо од мисирка (гради), содржи:

Покрај ова, мисиркиното месо содржи и нешто помали количества од повеќе други микронутриенти, како витамини од Б групата, витамин Д, бакар, фосфор, омега 3 итн.

Споредба на мисиркиното месо со останатите не толку лоши опции за  месо, како пилешко на пример, во иста количина:

(пилешки гради)

  • 165kcal
  • 4g масти (85mg холестерол)
  • 30g протеини
  • Помалку микронутриенти, во помали количества

Главни предности на мисиркиното месо:

1 . Одличен протеински извор

Споменатите количества протеини го прават мисиркиното месо подобар или во најмала рака исто добар протеински извор како свинското, пилешкото или говедското месо, но со една голема предност – многу помали количества маснотии (заситени маснотии).

Соодветниот внес на протеини во исхраната е особено значен од повеќе аспекти, почнувајќи од здравјето на косата, ноктите и кожата, па сè до транспортирањето на кислород, згрутчувањето на крвта и регенерирањето на клетките на сврзните ткива

Повеќе на тема протеини и исхрана, прочитајте тука.

2 . Храна која одлично се вклопува, односно го поттикнува процесот на слабеење

Доволниот внес на протеини делува на супресирање на хормонот на гладот грелин. Тоа резултира со намалување на апетитот и на силната желба за храна. На овој начин значително се потпомага процесот на слабеење. Исто така, самите протеини немаат ,,депо” за складирање во организмот.

Мисиркиното месо практично и да нема јаглехидрати, а е сиромашно и со маснотии – макронутриенти кои се најконцентрирани со енергетска вредност или калории.

3 . Одличен извор на значајниот минерал наречен селен

Горенаведените количества мисиркино месо задоволуваат над ⅓ од дневните потреби за овој важен минерал.

Селенот е клучен за работата на тироидната жлезда, преку која делува на метаболитичките процеси, а делува и на засилување на имуниот одговор, но и како потентно антиоксидативно средство што ги супресира хроничните инфламаторни процеси.

[Поврзано: Селен – Зошто ни е важен овој минерал? Кои се симптомите на недостаток?]

4 . Може да помогне за подобар сон, но и да го подобри расположението

Мисиркиното месо е одличен извор на повеќето есенцијални аминокиселини (АК што трелото не може самото да ги продуцира). Една од нив се издвојува од другите, поради тоа што има значајна улога во регулацијата на сонот – триптофанот.

Триптофанот претставува аминокиселина која е потребна за биосинтеза на протеините. По консумацијата на храна во чиј протеински состав се содржи оваа есенцијална аминокиселина, таа метаболитички се трансформира во биоактивни метаболити, вклучително и во серотонин, мелатонин и ниацин.

Мелатонинот е сосема познат како хормон кој е вклучен во контролирањето на т.н. циклус на сон. Следствено на тоа, триптофанот во истражувањата се покажува како поттикнувач на подобар сон, односно го намалува потребното време за заспивање и го подобрува квалитетот на сонот кај они што патат од несоница и други проблеми поврзани со нарушен сон.

[Поврзано: Несоница – Едноставни совети за подобар сон!]

Токму поради споменатата аминокиселина триптофан, но и поради комплексот присутни Б витамини, на мисиркиното месо му се препишуваат и позитивни својства во однос на подобрување на расположението и следствно, подобрување на одредени депресивни симптоми.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Како најдобро да го искористите мисиркиното месо?

Подгответе:

  • Различни комбинирани/појачани салати со варено мисиркино месо
  • Мисиркино месо во кари сос, наместо пилешко
  • Касерола
  • Различни супи и чорби
  • Вкусни сендвичи (најдобро оди во комбинција со вкусовите на сенфовите, свеж зеленчук, како марула и домат или песто сос.
  • Бургери
  • Намаз
  • Вкусни тестенини

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор