fbpx

6 причини да се јаде МЛАД КРОМИД, додека го има!

tonus

Младиот кромид е многу честа и важна компонента, ширум светските кујни, од Азија до Америка, особено во пролетната сезона. Неговиот специфичен вкус го прави незаменлив и во многу јадења и специјалитети во нашата, македонска кујна.

Припаѓа во истото семејство со кромидот, лукот, празот итн. Важно кај младиот кромид е што тој се јаде целосно и кога е свеж. Тоа нè обезбедува со сите негови компоненти кои има да ни ги понуди.
Тие компоненти даваат низа на позитивни влијанија врз нашето здравје.

Секако, една од најголемите ,,маани” е мирисот кој го предизвикува после консумирањето, мирис кој е непријатен за многумина. Но, периодов, кога сме затворени дома, токму во сезоната која ќе биде богата со млад кромид, е идеален за почесто консумирање на овој доста поволен зеленчук за нашето здравје.

"“Online”/

1) Младиот кромид може да ни помогне во намалувањето на телесната тежина

Младиот кромид има навистина ниска калориска вредност. Ова го прави одличен за додавање во здравиот начин на исхрана при слабеење. Исто така, нешто што е многу важно за процесот на слабеење – младиот кромид содржи солидно количество на растителни влакна. Растителните влакна се храна за цревната микрофлора и помагаат во постепеното дигестирање на храната. Ова постепено дигестирање води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта, што прави сме сити подолго време.

Некои научни студии, спроведени на животни укажуваат и на делување на младиот кромид на забавувањето на експресијата на некои гени кои се поврзани со гојазноста.

2) Помага во правилното згрутчување на крвта при различни повреди

Во овој процес на коагулација или згрутчување при повреди, значајна улога игра витаминот К. Младиот кромид е особено богат со него. Во само 50g млад кромид има доволно витамин К за дневните човекови потреби. Правилната коагулација на крвта е значајна за спречување на губењето големи количини крв при повреди.

3) Поседува имуностимулирачко дејство

Ваквото дејство на младиот кромид се должи пред сè на присутниот витамин С. Неговото антиоксидативно дејство му помага на имуниот систем во превенцијата од инфекции.

Студија објавена во престижното списание Food Chemistry, се занимавала со изолирање на специфична компонента од младиот кромид. Оваа компонента покажала имуностимулирачко дејство преку стимулирањето на продукцијата на поголем број антитела. Антителата имаат клучна улога во борбата против грипот или инфлуенцата.

4) Младиот кромид може да помогне во одржувањето на здраво срце

Некои студии правени на животни укажуваат на следните дејства на екстрактот од младиот кромид: намалување на нивото на холестерол во крвта, намалување на нивото на триглицеридите во крвта и подобрување на протокот на крвта во крвниот систем.
Сите овие фактори се тесно поврзани со здравјето на срцето.

Покрај тоа, високата концентрација на витаминот К во младиот кромид, исто така може да помогне во одржувањето на здраво срце. Имено, витаминот К делува превентивно на задебелувањето на артериите преку спречувањето на формацијата на калциумови депозити на нивните ѕидови.

5) Го подобрува здравјето на коските

Еден од најважните микронутриенти за коските, покрад витаминот D и калциумот, е витаминот К. Веќе споменавме дека младиот кромид е особено богат со него. Овој витамин го подобрува здравјето на коските преку зголемувањето на продукцијата на одредени протеини кои се потребни за одржување на нивото на калциум во коските и зголемување на густината на коските. Повеќе научни студии го потврдуваат позитивното дејство на витаминот К на здравјето на коските. Тука спаѓа и позитивно дејство во намалувањето на ризикот од развој на остеопороза, како и ублажување на нејзините симптоми.

6) Може да помогне во превенцијата од канцер

Младиот кромид содржи компонента наречена алицин. Оваа компонента е добро позната компонента кога станува збор за превенцијата од некои типови канцер. Една кинеска студија укажува на моќно дејство на алицинот во третманот на канцерот на желудник.

Студија пак, на националниот институт за канцер на Мериленд, покажала дека зголемената консумација на млад кромид е во релација со 30% помалиот ризик од развивање на канцер на простата.

Секако, потребни се повеќе студии за конечно потврдување на ваквото дејство на младиот кромид, но досегашните укажуваат дека оваа храна има потенцијал да биде означена како добра превентива од некои типови канцер.

Хранлива вредност

100g млад кромид содржи:

– 32 kcal
– 7,3g jаглехидрати
– 1,8g протеини
– 0,2g масти
– 2.6g растителни влакна
– 259% од дневниот препорачан внес на витамин К
– 31% од ДПВ на витамин С
– 20% од ДПВ на витамин А
– 16% од ДПВ на витамин В9
– 8% од ДПВ на железо
– 8% од ДПВ на калиум
– 8% од ДПВ на манган
– 7% од ДПВ на калциум
– 5% од ДПВ на магнезиум
– 5% од ДПВ на витамин В2

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор