fbpx

Додавањето МЛЕКО ги ,,блокира” извонредните бенефити на КАФЕТО?

tonus

Низ бројни статии на нашиот блог честопати зборуваме за различните бенефити од пиењето кафе. Колку кафето е значајна здрава навика доволно го доловува самиот факт – најголемиот дел од внесените антиоксиданти во модерниот начин на исхрана е токму преку конзумирањето на кафе.

[Поврзано: Кафето – еден од најдобрите извори на антиоксиданти во исхраната!]

Сепак, постојат три чести грешки кои кафето можат да го направат нездрава или помалку здрава навика.

"“Online”/

Прво и логично – претерувањето со кафето (повеќе од 3-4 шолји во текот на денот).

Второ, додавањето премногу шеќер, особено во комбинација со претерувањето.

Трето, додавањето премногу млеко и различни шлагови. И не се проблем само концентрираните калории на млекото.

[Поврзано: Добри вести за љубителите на кафето!]

Во продолжение ќе се осврнеме повеќе на третата точка, бидејќи е најмалку очигледна. За таа цел ќе разгледаме некои истражувања на темата.

Антиоксидантите се најголемото богатство на кафето

Бројни истражувања утврдуваат различни бенефити на кафето, како антиинфламаторна активност, подобра функција на белите дробови, намален крвен притисок, подобра инсулинска сензитивност, па дури и помош при депресија.

Студиите сугерираат дека ваквиот ефект најверојатно се должи на антиоксидативниот состав на кафето, пред се’ полифенолните фитонутриенти, наречени хлорогенични киселини.

[Поврзано: Не се доволно само витамините и минералите, потребни ни се и фитонутриенти!]

Кафето е најздраво кога……….

Кога ги бираме доматите на пример, најдобро е да ги избереме најцрвените поради концентрацијата на пигментните антиоксиданти. Дополнително, готвените домати имаат поголема концентрација на ликопен. Па, како да одбереме најдобро кафе, односно кафе кое е најдобар извор на антиоксиданти?

Подолгото печење на зрната може да има негативен ефект врз антиоксидативната содржина на кафето, истото важи и за процесот на декофеинизација и варење во домашни услови. Сепак, нешто друго најчесто ја прави разликата. Тоа е додавањето на млекото.

Зошто млекото е проблематично?

Според истражувањата, дури и додавањето на помали количества млеко во кафето, има силен потенцијал да ја намали неговата антиоксидативна активност (дури за 50%). Кај кафињата пак, што се базираат на додавање поголеми количества млеко, блокирањето е неверојатни 95%. Ова го велат лабораториските анализи. Но, дали ефектот е ист и кога го пиеме кафето?

Анализите покажуваат слични резултати. Имено, кај лицата што пиеле кафе во комбинација со млеко, утврдени биле значително помали концентрации на хлорогенични киселини во крвотокот (повеќе од половина), во однос на оние што пиеле кафе без млеко. Блокирањето се должи на врзувањето на овие компоненти со одредени протеини од млекото.

Кај млеката од растително потекло, ваков ефект на протеините не е утврден, односно тие не ја блокираат апсорпцијата на антиоксидативните компоненти на кафето.

[Поврзано: Глобалниот тренд наречен РАСТИТЕЛНИ млека – кои им се предностите, а кои недостатоците?]

Дали овој проблем важи и за некои други комбинации со млекото?

Да. Истиот ефект кравјото млеко го има и по јадењето на прехранбени продукти што се силен антиоксидативен извор. На пример, млекото значително го намалува антиоксидативниот капацитет на темната чоколада, на какао напитоците, како и на различните чаеви.

[Поврзано: Антиоксидативен ефект на чаевите]

Извори:

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/12944955/
https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0308814604002766

https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/21627318/

https://nutritionfacts.org/video/does-adding-milk-block-the-benefits-of-coffee/

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор