fbpx

Брзи за подготовка, здрави и ниско калорични – салати со модар патлиџан

tonus

Речиси сите препораки за здрава исхрана опфаќаат и редовен внес на свежи салати како прилог на ручекот или како дел од останатите оброци. Салатите се навистина одличен начин да се внесе разновидност во исхраната и можат навистина да помогнат при регулирање на внесеното кочичество хранаи бројот на калории, бидејќи се одличен начин да се заситиме со намирници кои не содржат голем број на калории.

Дополнително, свежите зеленчуци се одличен извор на витамини, минерали, антиоксиданти и корисни растителни влакна. Но, покрај свежите зеленчуци, постојат и огромен број на рецепти за салати кои вклучуваат и други типови на зеленчуци, најчесто печени, варени и сл. Таквите салати се одлична комбинација на уште повеќе намирници и може да послужат како вкусен рецепт за вечера, ниско калоричен ручек или вкусна ужина. Затоа, во прилог издвојуваме и препорачуваме подготовка на две вкусни салати со модар патлиџан.

 

Зошто е здраво да се јаде модриот патлиџан?

 

Летото е период кој се карактеризира со повеќе различни зеленчуци, но можеби еден од најпознатите и најкористените на нашите простори е токму модриот патлиџан.

"“Online”/

Билката на модриот патлиџан се одледува со векови низ Медитеранските простори – Блискиот исток, северна Африка, Италија, Франција, Шпанија, но и кај нас, на Балканскиот полуостров. Во нашата традиционална македонска кујна, изобилуваат рецепти кои го подразбираат и модриот патлиџан. Постојат различни типови, облици и големини, но и кај нас најпознат е оној долгнавестиот и темновиолетов модар патлиџан.

Неговата широка примена во различните кујни се должи на уникатниот киселкаст , но пријатен вкус, кој исто така може да има и горка нота. Неговата сјајна темновиолетова боја, извонердната конзистенција (структура) и секако неговата богата хранлива вредност, се исто така дел од причините за популарноста на овој зеленчук.

 

Во 100g подготвен или сварен модар патлиџан се содржат:

▫ 33 калории

▫ 9g јаглехидрати

▫ 0,8g протеини

▫ 0,2g масти

▫ 2,5g растителни влакна

▫ 122mg калиум

▫ 11mg магнезиум

▫ 3mcg витамин К

▫ 14mcg фолна киселина (витамин Б9)

 

Дополнително, содржи и помали количества на витамин Ц, бакар, ниацин, тиамин, манган и низа други фитохемикалии. Ваквиот состав го прави модриот патлиџан исклучително нутритивно концентрирана храна.

 

Свежа салата со печен модар патлиџан

 

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни околу 40 минути и истата е доволна за околу 4-6 порции.

 

Потребни намирници:

  • 1 голем модар патлиџан (околу еден килограм)
  • Маслиново масло
  • Сол и мелен црн бибер
  • 2-3 свежи домати, исецкани
  • 1 пиперка, исецкана
  • 1 главица кромид, исецкана
  • Малку свежо нане и магдонос, ситно исецкани
  • Сок од еден лимон (може да се комбинира и со малку балсамико оцет)
  • Малку сушена црвена пиперка

 

Начин на подготовка:

  1. На хартија поставете ги кругчињата исечен модар патлиџан. Пропрскајте ги со малку сол и оставете ги околу 45 минути. Водата која ја имаат испуштено впијте ја со хартија. Потоа парчињата префрлете ги во нелепливо тавче или на електрична скара. Пропрскајте со малку маслиново масло и испечете ги. Тие треба да добијат блага кафеава нота и да омекнат.
  2. Кога ќе се оладат, исечкајте ги на помали парчиња и потоа додадете го кон свежите зеленчуци. Зачинете со сол и бибер по ваша желба. Додадете маслиново масло и промешајте.
  3. Послужете како прилог или како главно јадење, со парче интегрален леб и сирење.

 

Салата од модар патлиџан и наут

 

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни околу 50 минути (30 минути за печење) и истата е доволна за околу 4 порции.

 

Потребни намирници:

  • 1 голем модар патлиџан, исечкан на помали коцкички
  • 4 чешниња лук (заедно со лушпата)
  • Сол и црн бибер
  • Маслиново масло
  • Малку балсамико оцет (може и сок од лимон)
  • 2 лажички сенф
  • 1 конзерва подготвен наут
  • Малку свеж магдонос
  • 100-150g фета сирење или урда

 

Подготовка:

  1. Во тавче за печење (обложено со хартија) ставете го модриот патлиџан заедно со целите чешниња лук (со неотсранета лушпа), малку маслиново масло, сол и бибер. Фино промешајте ги состојките и рамномерно потоа распоредете ги низ тавчето.
  2. Ставете ги да се печат во рерна на 180℃ и печете околу 30 минути, додека модриот патлиџан и лукот не омекнат.
  3. Отсранете ја лушпата на чешнињата лук, а потоа испасирајте или издробете го до поситни парчиња. Префрлете ги состојките во сад и кон нив додадете ги преостанатите состојки.
  4. Ваквата салата може да ја послужите ладна или топла, за вечера или за ручек.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор