fbpx

Очите се само МАЛ ДЕЛ од придобивките на МОРКОВИТЕ!

tonus

Во јавноста владее мислењето дека морковите се крајно здрава храна. Ова е случај од поодамна. Уште родителите на нашите родители нè учеле дека морковот мора да биде на трпезата дури и ако не ни се допаѓа неговиот специфичен вкус. Што е тоа што искуствено ги натерало луѓето да го сметаат морковот за ваква, особено здрава храна? Дали навистина е тоа така?

Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Тој потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен низ сите земји во светот. Се користи за исхрана во текот на целата година, а особено овој период, на пролет.

Интересно е дека постојат моркови со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др. Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Кај нас највеќе се користи портокаловиот, па ќе зборуваме за неговите корисни дејства.

"“Online”/

1) Составот на морковите е фасцинантен!

Морковите се особено богата храна со микронутриенти како што се витамините, минералите и антиоксидантите. Содржат значително количество на вода и се нискокалорична храна. Ова ги прави т.н. ,,супер-храна”.

Составот на еден морков со средна големина (61g) e следен:

– калориска вредност: 25Kcal
– јаглехидрати: 5,8g од кои 2,9g шеќери
– растителни влакна: 1,7g
– протеини: 1g
– масти: незначителна количина
– калциум: 20,1mg – 2% oд дневно препорачаниот внес
– фосфор: 21,4mg – 2% од ДПВ
– калиум: 195mg – 4,2% од ДПВ
– витамин С: 3,6mg – 5% од ДПВ
– витамин В9: 11,6mcg DFE – 2,8% од ДПВ
– витамин A: 509mcg RAE – 69% од ДПВ
– бета каротен: 5050мcg
– алфа каротен: 2120mcg
– лутеин и зеаксантин: 156mcg
– витамин Е: 0,4mg – 2,6% од ДПВ
– витамин К: 8,1мcg – 9% од ДПВ

Исто така морковот содржи и помало количество на повеќе витамини од групата В, како и траги од минералите како железо и други.

2) Богат извор на витамин А кој е доста значаен за оптимална функција на видот

Морковите содржат високи концентрации на витамин А. Исто така содржат и А провитамини (бета и алфа каротени) кои во организмот се трансформираат во витамин А.
Недостатокот на овој витамин може да предизвика ксерофталмија, очна болест која прогресира. Ваквата состојба може да води кон т.н. ноќно слепило или тешкотии при гледањето при помала светлина.

Според значајни медицински институции, недостатокот од витаминот А е една од главните причини за слепилото кај децата.

Морковите ги содржат моќните антиоксиданти зеаксантин и лутеин. Овие две компоненти исто така се значајни за видот. Тие превенираат од развој на макуларна дегенерација (на ткивото на ретината), болест на видот која се поврзува со процесот на стареење.

3) Морковите можат да помогнат во превенцијата од некои видови на канцер

Големата концентрација на слободни радикали во организмот го зголемува ризикот од развој на повеќе типови на канцери.

Антиоксидативното дејство на каротеноидите, жолтите, портокалови и црвени органски пигменти присутни кај морковот, односно,,борбата” на овие компоненти со слободните радикали, може да го намали ризикот од развој на некои типови канцер.

Постојат доста студии на оваа тематика, меѓу кои за:

Kaнцер на простата: Истражување од 2015 година дава податоци за релацијата меѓу исхраната богата со каротеноиди и намалувањето на ризикот од канцер на простата. Сепак, за да можат ваквите податоци да се сметаат за доказ, потребни се повеќе испитнување на тематиката.

Леукемија: Една студија од 2011 година укажува на уништувачко дејство на хранливите материи од морковот врз леукемиските клетки и стопирање на прогресијата на болеста.

Канцер на бели дробови: Meта анализа од 2008 година покажува дека пациентите со рак на белите дробови кои имале исхрана со најразлични типови на каротеноиди, имале намален ризика за развој на канцер на бели дробови за разлика од оние кои не практикувале ваква исхрана. Една пак студија од 2011 на истата тема, добила податоци според кои пиењето на сок од моркови го намалува оштетувањето на белите дробови кое води до рак кај пушачите.

4) Морковите можат да ја подобрат дигестијата

Високата концентрација на растителни влакна и вода која ја имаат морковите може значително да помогне за здрав дигеситевен тракт.

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.

5) Ја помагаат контролата на глукозата во крвта

Веќе споменавме дека растителните влакна можат да помогнат при постепеното испуштање на глукозата во крвта. Но, освен тоа морковите имаат и природено ниска концентрација на јаглехидрати, а сладок вкус и висока концентрација на вода.

Значи, морковите се нискокалорична храна, со висока концентрација на растителни влакна и ниски нивоа на шеќер, а солидна слаткост. Така, имаат низок гликемиски индекс. Овој индекс значително им помага на луѓето со дијабет во изборот на храна

6) Крвен притисок и кардиоваскуларно здравје

Растителните влакна и калиумот кои се присутни во морковот, можат да помогнат во оптимизирањето на крвниот притисок.

Американската асоцијација за здравје на срцето препорачува помала консумација на сол, или натриум, а поголема консумација на храна богата со калиум. Таква храна се и морковите. Калиумот помага во релаксирањето на крвните садови, на тој начин намалувајќи го ризикот од висок крвен притисок и други кардиоваскуларни проблеми.

7) Морковите имаат позитивно влијание за имуниот систем и процесите на заздравување на рани

Витаминот С кој е исто така присутен кај витамините, има значајна улога за имуниот систем, а поседува и моќно антиоксидативно дејство. На овие начини, тој помага во спречувањето на хроничните воспалителни процеси и помага при превенција од развојот на разни заболувања.
Тој исто така учествува во синтезата на колагенот. Колагенот е клучна компонента на сврзните ткива и е есенцијален за успешно лекување на раните.

8) Може да помогнат за поздрави коски

Содржината на витамин К и помали концентрации на калциум и фосфор, на морковот му го дава и ова својство, односно позитивно да допринесува здравјето на коските. Оптималните нивоа на витаминот К, фосфорот и калциумот можат да превенираат од појава на остеопороза, која е доста честа, особено кај повозрасните луѓе.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор