fbpx

Како да ја одржиме мотивираноста при слабеењето?

tonus

Брзото и хаотично секојдневие честопати го контролира нашето време и енергија, па грижата за себеси ја запоставуваме,а понекогаш и целосно ја забораваме. Без разлика дали се работи за подобра исхрана, вежбање, масажа или некаков третман – неретко се случува да немаме доволно енергија и мотивација за истите. Особено кога станува збор за телесната тежина, луѓето имаат навистина голем проблем да ја најдат и одржат соодветната мотивација, посветеност и време. Иако патот кон поздрава тежина не е секогаш лесен и едноставен, постојат промени кои може да се внесат во нашето секојдневие и размислувања кои можат да го олеснат слабеењето. Во продолжение ќе ги споменеме дел од ваквите активности и промени кои ќе ви помогнат да останете мотивирани и одлучни при губењето на вишокот килограми.

 

Зошто треба да имаме здрава, оптимална телесна тежина?

 

За многумина можеби здравата телесна тежина е главно асоцирана со подобар изглед и привлечност. Тоа е секако точно и слабеењето во овој поглед може навистина поволно да влијае врз нашето ментално здравје, расположение, самодоверба и сл. Но, можеби многу поважно од ова е ефектот кој го има прекумерната тежина врз нашето здравје. Таа го зголемува ризикот за појава на здравствени проблеми од типот на: срцеви заболувања, висок притисок, тип 2 дијабет, потешкотии со дишењето и сл.

Фактори кои може да имаат улога врз телесната тежина се: средината, семејната историја и генетика, метаболизмот и секако навиките кои ги имаме (најважни можеби се исхраната и вежбањето).

"“Online”/

 

Доколку внесот на калории преку храната е поголем од оние што ги трошиме во текот на денот (за нормална функција на организмот и за дополнителни активности или вежбање), телесната тежина ќе се покачува. За да се избегне истото, едноставно е потребно да го лимитираме и да внимаваме на внесот на калориите, односно храната. Доколку трошиме повеќе отколку што внесуваме, телото ќе ги користи сопствените резерви, а тоа е всушност слабеење.

 

Како да започнеме со слабеење?

 

Започнувањето со самиот процес на слабеење е можеби најтешкиот чекор. Но, во продолжение ќе одвоиме неколку совети кои може да го олеснат истиот.

 

1 . Одредете ги причините зошто сакате да слабеете и зададете си реалистични цели и очекувања

 

Запишете ги целите и причините поради кои сакате да ослабете. Исто така дефинирајте ги очекувањата и резултатите кои сакате да ги добиете. Ваквите очекувања мора да се реалистични и изводливи. Некои студии покажуваат дека луѓето кои ги исполниле сопствените цели е поверојатно да продолжат со процесот на слабеење и да се придржуваат до ваквата здрава рутина.

Запишувањето и водењето на дневник за вашите цели и резултати, може навистина да ве мотивира и да ве поттикне доколку во даден момент изгубите дел од волјата. Запомнете дека мотивацијата, желбата и одлучноста мора да дојдат лично од вас.

 

2 . Изберете метод или начин на слабеење кој соодвестува со вашата динамика

 

Важно е да имате план или начин кој ќе одговара со вашето секојдневие и кој ќе можете долгорочно и лесно да го применувате. Главниот принцип е да се внимава на исхраната и калориите. Строги, нереални и непрактични режими на исхрана, може да дадат кратки и неодржливи резултати. Исклучувањето на одредени намирници исто така може да биде штетно при процесот на слабеење, бидејќи истото може да влијае врз нашето расположение и ментално здравје.

 

3 . Предвидете ги и очекувајте предизвици и пречки

 

Секојдневието секако ќе се вмеша во вашиот план за поздрава телесна тежина, но тоа е сосем нормално и очекувано. Обврските, стресот, недоволното слободно време се целосно разбирливи и прифатливи фактори кои ќе го отежнат процесот. Но, важно е да не ја губите мотивираноста и решителноста при помали пречки, бидејќи истите се минливи. Исто така, нормално е и да имате денови кога треба да се опуштите и да уживате во вашиот живот со луѓето кои ве опкружуваат. Со текот на времето, лесно ќе го пронајдете балансот и ќе најдете начин да функционирате и со ваквите ситуации.

 

4 . Најдете си вежба или физичка активност која ви одговара

 

Вежбањето може да биде исклучително корисна алатка при процесот на слабеење. Тоа го менува и зајакнува нашето тело, а со тоа сериозно ја подобрува нашата самодоверба и начинот на кој гледаме на себеси. Како и со сите други аспекти од слабеењето, желбата и мотивираноста за вежбање мора да дојде од самите нас. Но, доколку ги најдеме вистинските вежби кои ни се интересни и ги даваат посакуваните резултати, вежбањето лесно и незабележливо може да стане дел од нашето секојдневие – односно да премине во уште една исклучително здрава навика.

 

Започнавме со слабеењето, но како да ја одржиме мотивираноста и решителноста?

 

1 . Поддршка од најблиските

 

Честа поддршка и позитивни коментари и „фидбек“ може да помогнат да останеме мотивирани. Исто така, процесот дополнително се олеснува доколку имате пријател, член од семејството, колега или сл. кој проаѓа низ истото. На овој начин може да споделувате искуства, рецепти, вежби и може меѓусебно да се мотивирате и охрабрувате. Вежбањето во група или со пријател исто така може да помогне редовно и континуирано да се држиме до ваквата навика.

 

2 . Размислувајте позитивно и верувајте во себе

 

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат позитивни, реални очекувања и кои веруваат во своите способности, полесно и поуспешно ја намалуваат телесната тежина. Фокусирајте се на целта, бидете реални, но не премногу строги према себе и имајте на ум дека иако ќе се јават пречки, можете да успеете.

 

3 . Не се опседнувајте со вагата

 

Дури и со придржување до правилна исхрана и практикување на физичка активност, постојат периоди кога тежината не се менува онака како што би сакале. Ова не треба да ве обесхрабри, бидејќи успехот од вашиот труд може да се воочи на други начини. Можеби сте во подобра физичка кондиција, јадете поздраво, вашето тело изгледа поинаку, се чувствувате подобро и со повеќе енергија. Ваквите бенефити се понекогаш и многу поважни од самата телесна тежина.

 

4 . Радувајте се и прославете го успехот

 

Фокусирајте се на вашето расположение и самодоверба по добар тренинг, здрав оброк или пак кога воочуваме резултати од нашиот труд. Запамтете и навраќајте се на овие моменти, бидејќи истите ќе ве потсетуваат зошто сте почнале со ваквиот процес. Прославете и бидете горди на добиените резултати и направениот прогрес. Не заборавајте да се наградите и да го споделите ваквото позитивно чувство со луѓето околу вас.

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор