fbpx

Мувлата не е само на ,,едното” парче леб! Не ризикувајте!

tonus

Правилното читање на етикетите на прехранбените продукти треба да биде дел од основната култура на секој од нас. Помеѓу најважните информации што се наоѓаат на етикетата е и рокот на употреба на дадениот продукт.

[Поврзано: Научете правилно да ја читате ЕТИКЕТАТА ЗА СОСТАВ на производите]

Додека одредени продукти имаат сосем доволен рок во кој се безбедни и здрави за употреба, постојат продукти што мораме да ги употребиме во пократок временски интервал, но и да ги чуваме во посебни услови. 

"“Online”/

Брзиот начин на живеење неретко не прави невнимателни во самиот избор на продуктите, а исто така и во нивното чување. 

Мувли – помеѓу најчестите расипувачи на храната

Поголемиот дел од мувлите што ја расипуваат храната се одреден тип на фунги, веројатно најтаинствените живи организми на Земјата. Фасцинантна е нивната способност за адаптација на најразлични подлоги и во најразлични услови.

Мувлата лесно можеме да ја забележиме на површината на храната за која е фиксирана, но она што не го забележуваме е ,,војната” што се одвива под оваа површина.

Лебот е посебно ризичен. Зошто?

Во зависност од храната, мувлата може да продре длабоко во неа, со помош на серија ,,корени”, наречени хифи. Тие особено лесно се шират низ храната што е со помека конзистенција, како лебот. Одредени типови мувли се сосем безбедни за јадење, всушност нивната активност го дава префинетиот вкус на одредени прехранбени производи, како синото сирење и соја сосот.

[Поврзано: Лебот е здрава храна!]

Сепак, генерално мувлите треба максимално да се избегнуваат, заради тоа што ако изедеме храна со видлива мувла или со споменатите хифи, голема е веројатноста дека ќе завршиме во болница.

Мала е веројатноста да е инфицирана само една кришка!

Видливоста на мувлата може да не’ води кон заклучок дека таа го достигнала т.н. репродуктивен стадиум, односно периодот кога спорите се рашируваат низ целата површина на храната. Ова особено важи за лебот, бидејќи неговата текстура е помека и ваквиот процес полесно може да се одвива.

Уште еден факт што треба да не’ убеди да не го користиме мувлосаниот леб (ниту делот кој ни изгледа добар) е следниот:

Иако е вистина дека одредени мувли нема да ни направат никаков проблем, практично е невозможно самите да распознаеме со каков тип на мувла е контаминиран лебот.

Микотоксините се многу опасни материи

Ефектот на микотоксините е акутен со навистина потешки симптоми кои се појавуваат набрзо по внесот на контаминираната храна. Микотоксините се всушност токсичните материи излачени од мувлите со цел заштита од останатите микроби.

Изложеноста на микотоксини во храната се поврзува и со долгорочни негативни ефекти по нашето здравје, како зголемен ризик од рак, од нарушувања на имунитетот итн.

Повеќе информации како да избегнеме труење со храната и кои се основните информации што секој од нас треба да ги знае за безбедноста на храната, прочитајте тука.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор