fbpx

Деменција – музиката има ТЕРАПЕВТСКА вредност

tonus

Деменција е состојба која измачува многумина од повозрасната категорија луѓе. Нормално е со текот на стареењето да опаѓа интелектуалниот капацитет, но деменцијата не е тоа.

 

Во една од претходните објави зборувавме повеќе околу тоа што значи да се има деменција и како животниот стил може да придонесе во третманот и превенцијата од оваа навистина незгодна и широко распространета состојба што во огромна мера го намалува квалитетот на животот сфатен во неговата целина.

 

"“Online”/

[Поврзано: Водењето здрав живот – клучен фактор и во превенцијата од деменција!]

 

Но, дали сте забележале како убавата музика може да ни делува на моменталната ментална состојба, но и да ни побуди носталгија и позитивни сеќавања? Експертите од областа (невропсихијатрија) велат дека музиката може да биде од огромна помош за лицата со ментални нарушувања, како деменција. Во продолжение, многу повеќе на оваа тема.

 

Музиката – природен третман за лицата со деменција

 

 

Музиката може да биде ,,природен” третман за лицата со деменција.

Како што опаѓаат когнитивните и вербалните способности со прогресот на деменцијата, лицата со оваа дијагноза можат да ја изгубат способноста и за комуникација во однос на своите најосновни потреби.

Поради тешкотиите со изразувањето, пациентите стануваат силно вознемирени и постојано повторуваат едни исти барања. Во ваква ситуација, како прво решение се користат медикаменти со свои потенцијални несакани ефекти, како на пример силна поспаност и безенергичност – нешто што уште повеќе го нарушува квалитетот на живот кај пациентите со деменција.

 

Заради ова расте бројот на истражувања што бараат некакви позитивни ефекти во пристапите за терапија што не подразбираат користење медикаменти. За среќа, ваквите студии даваат сè повеќе позитивни резултати!

Една студија од 2013-та година, изработена од скандинавски истражувачи ни дава навистина интересни и ветувачки резултати. Имено, после 6 неделна т.н. музичка терапија, пациентите со деменција имале значително намалена иритабилност (вознемиреност) и значително намалена потреба од лекарства.

 

Друго истражување од Јапонија, на пациенти со тешки облици на деменција, утврдува дека музиката го намалува нивниот стрес и во голема мера им го подобрува квалитетот на живот во целина. Музиката што била користена била внимателно селектирана за да побуди пријатни спомени и позитивни емоции кај пацинетите.

 

[Поврзано: СТРЕСОТ – природна реакција на телото или поенцијален уништувач на здравјето?]

 

И клиничката пракса и искуствата велат дека музиката може во голема мера да им донесе смирување на пациентите со различни облици на деменција.

 

 

Музиката помага за подобро расположение и меморија

 

Експертите од областа велат дека мелодијата, дури и само текстот, можат да останат во нашата меморија навистина долго време, бидејќи делот од мозокот што ,,складира” музичка меморија не се ,,брише” и покрај заболувања како што е Алцхајмерот. Со други зборови, нашата долгорочна ,,автобиографска” меморија (сеќавања како локацијата на нашиот дом и епизодна меморија, како сеќавања од значајни настани, како свадбена прослава) е помалку загрозена од невролошките заболувања.

 

[Поврзано: Телесната тежина со изненадувачки ефекти и на мозокот!]

 

Затоа можеме да се сетиме на омилената мелодија, без разлика колку време поминало од првото слушање. Ова важи и за пациентите со невролошки нарушувања, како различните облици на деменција. Иако можеби не знаат каде се наоѓаат, не можат да ги препознаат ниту поблиските личности, тие неретко ќе се присетат дури и на конкретниот текст на некоја песна што во минатото им била многу драга.

Музиката кај нив може да поттикне сеќавања, најчесто позитивни мемории од нивната младост и саканите. Таквите сеќавања имаат потенцијал на пациентите да им го понудат она што најмногу им недостасува, чувство за смисла, но и потврда дека се на сигурно место.

 

 

Терапевтска вредност на музиката

 

Пеењето и држењето ритам без или со инструменти, како што веќе рековме, е искуство кое им буди убави спомени на лицата со деменција. Покрај тоа што не е особено физички захтевно, ова искуство лесно можат да го споделат со нивната околина, што е исто така од огромна важност поради тешкотиите во комуникацијата и социјализацијата на овие лица. Значи, освен што поттикнува убави мемории и смирување, музиката може да поттикне и дружба.

 

Всушност, слушањето музика за нив претставува акт кој поттикнува чувство на припадност.

 

Важно е музиката која се пушта да е во склоп со моменталното расположение на пациентот и да имаме некакво одобрување за неа. Вкусот секако е индивидуален и субјективен.

 

Искуствата покажуваат дека музиката може да помогне дури и при психосоматски болки – болки кои потекнуваат не само од физичка, туку и психолошка, емоционална растроеност.

 

 

Како краток заклучок

 

Науката и искуствата покажуваат дека музиката може да биде исклучително корисна при невролошките нарушувања. Затоа, добро е на блиските што се соочуваат со вакви проблеми да се обидеме да им помогнеме со пуштање на нивната омилена музика или да ги поттикнеме да свират на некаков инструмент, ако претходно имале такво искуство.

 

Музиката е начин да се разбудат сеќавања и на тој начин пациентите со деменција да се потсетат на својот идентитет, односно на тоа кои се. Тоа е од огромна помош и за семејствата и блиските, не само за самите пациенти што страдаат од различни облици на деменцијата.

 

Многу повеќе околу животниот стил и деменцијата, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор