fbpx

Едноставни промени во НАЧИНОТ НА ЖИВОТ кои можат да ги „ублажат“ симптомите на МЕНОПАУЗА?

tonus

Во оваа статија ќе се задржиме и ќе дискутираме на неколку клучни промени во начинот на живот кои можат да ги намалат непријатните симптоми на менопаузата.

 

Зошто се појавуваат непријатни симптоми за време на менопаузата?

Хормоните играат клучна улога во одржувањето на рамнотежата и правилното функционирање на различните физиолошки процеси во човековото тело. Овие хемиски стимулатори се произведуваат од ендокриниот систем и се ослободуваат во крвта, каде што патуваат до целните органи и ткива за да регулираат и координираат широк опсег на функции. Поради ова, неопходно е нивното ниво да е урамнотежено и константно. Но, сепак постојат периоди во сечиј живот каде доаѓа до природни осцилации и промени во нивото на нашите хормони, а еден таков период кај жените е менопаузата. Поради ваквите промени, жените во менопауза често имаат и непријатни симптоми. Еден од ваквите симптоми кои е речиси секогаш присутен и денес ќе го споменеме се топлите бранови.

Според досегашните податоци, се смета дека топлите бранови се јавуваат како резултат на нарушувања во телесниот ,,систем за контрола на температурата”, контролиран од централниот нервен систем (ЦНС), кој пак е во нераскинлива врска со опиоидниот систем.

Така, сосема логично може да се заклучи опијатите можат да делуваат и да ја променат телесната температура, директно или индиректно.

"“Online”/

Интересно, но сосема впечатливи сличности постојат помеѓу непријатните симптоми на откажувањето од опијатите и топлите бранови во периодот на менопаузата.

 

Кои промени во начинот на живот можат најмногу да ги ублажат непријатните симптоми на менопауза?

Одредени промени во начинот на живот можат значително да ги олеснат и ублажат симптомите на менопаузата, правејќи го целиот процес полесен и попријатен. Редовното раздвижување или вежбање, пример: аеробни активности – трчање, возење велосипед, пливање, или пак вежби со тежина, се покажало дека ја намалуваат зачестеноста и сериозноста на топлите бранови, го подобруваат расположението и го подобруваат квалитетот на сонот. Ова главно се должи на подобра регулација на телесната температура и зголемен степен на релаксираност и опуштеност по самата физичка активност. 

Покрај редовното движење, балансирана исхрана, особено онаа богата со фитоестрогени – соединенија од растително потекло кои се наоѓаат во храната како соја, ленено семе и полнозрнести житарки – може да делува во телото како естрогенот и да помогне во ублажување на симптомите како што се топлите бранови и ноќното потење. Исхрана богата со калциум и витамин Д е исто така препорачлива, бидејќи ризикот од остеопороза се зголемува пост-менопаузата. 

Во поглед на менталното здравје, било кој тип на активност или хоби кој ве смирува и делува позитивно на нивото на стрес, силно се препорачува. Во овој поглед, физичката активност може да има дополнително позитивно влијание. 

Соодветната хидратација, намалување на внесот на кофеин и алкохол и откажувањето од пушењето може дополнително да придонесат за олеснување на симптомите и целокупната благосостојба. Доколку самата менопауза не го отежнува прекумерно спиењето, тоа треба да има силен приоритет, бидеќи редовниот и квалитетен сон значително позитивно ќе се одрази на целокупната благосостојба. Во овој поглед, се препорачува да ја одржувате просторијата каде спиете ладна и темна.

Ваквите неколку едноставни промени во начинот на живот, можат да го олеснат целокупниот процес на менопауза да е полесен и попријатен. Секако, ваквите промени ќе влијаат позитивно и на целокупното здравје и благосостојба, а вие ќе се чувствувате подобро, посреќно и поенергично. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор