fbpx

НОВА СТУДИЈА – Intermittent fasting за побрзо заздравување на нервите?

tonus

Популарноста на наизменичното постење или гладување постојано расте во изминативе години, иако тоа постои и се практикува уште од многу поодамна. Се поврзува со разни здравствени бенефити, како на пример подобра контрола и регулација на телесната тежина, подобрени когнитивни способности и подобра регулација на инсулинот

Заради големиот потенцијал што го поседува овој пристап во исхраната, научниците постојано прават нови истражувања од различни аспекти на темата. 

Така, една неодамна објавена студија вели дека наизменичното постење може да има дури и помагачки ефект во однос на лекување на нервните оштетувања!

"“Online”/

Што претставува наизменичното постење?

Ваквиот начин на постење претставува режим или начин на исхрана во кој внесот на храна е ограничен до конкретен период од денот. Во останатиот дел од денот, не се внесува храна, односно се пости. Најчесто периодите кога се јаде се во рамка од 8, 10 или 12 часа. Како пример може да го земеме 16:8 постот. Ваквиот пост значи јадење во период од 8 часа (пример од пладне до 20h навечер) и потоа постење 16 часа.

Друг тип на пост е 5:2. Ваквиот пост е малку поразличен и подразбира лимитирање на внесот на калории (само 25% од потребните калории) 2 дена во неделата. Во останатите 5 дена од неделата, внесот на храна е вообичаен.

Целта на ваквото постење е да го ограничи и регулира периодот кога внесуваме храна, а во преостанатиот период телото да премине во состојба на постење, односно искористување и претворба на резервите во енергија. Ова е една од причините поради која ваквиот пост може да доведе до намалување на телесната тежина.

Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека ваквиот пост може да доведе и до останати здравствени бенефити:

  • Подобрен метаболизам
  • Намалени воспаленија
  • Подобра функција на имуниот систем
  • Намалени нивоа на холестерол
  • Подобрени когнитивни способности
  • Подобро расположение
  • Подобар сон

Наизменично постење или intermittent fasting (IF) – потенцијална помош за лекување на нервните оштетувања?

Едно ново истражување на научниците од лондонскиот Imperial College објавено минатата недела во престижното научно списание Nature, ни дава навистина интересни и ветувачки податоци.

Набљудувано било како постењето се одразува на цревната, корисна микрофлора. Поконкретно, истражувачите се фокусирале на зголемената продукција на метаболитот познат како 3-индолпропионска киселина (IPA), кој има значајна улога во процесот на регенерирање на нервните влакна, уште наречени аксони. Се работи за структури налик конец на краевите на нервните клетки, што учествуваат во праќањето електро-хемиски сигнали до другите клетки во телото.

Студијата утврдува зголемување на количествата од овој метаболит при наизменичното постење. Имено, глувчињата што биле изложени на IF имале период на заздравување побрз за дури 50% во однос на контролната група.

Иако станува збор за анимална студија, научниците се надеваат дека ова ќе важи и кај луѓето. Ваквите тврдења се базираат на сознанијата дека конкретната бактерија што ја метаболизира споменатата IPA (Clostridium sporogenesis), претставува дел и од природната микрофлора на човекот. Исто како и кај глувчињата, нашата крв содржи соодветни количества од соединението IPA.

Ова се навистина добри вести!

Моментално не постои третман за луѓето со нервни оштетувања, освен одредени хируршки интервенции, што пак има ефективност кај само мал процент од пациентите. Ова всушност ги поттикнало научниците да истражуваат каков е ефектот на навиките врз заздравувањето кај споменатите пациенти.

Позитивниот, односно забрзувачкиот ефект на IF во однос на заздравувањето на раните беше познат и од претходните студии, но ова истражување за првпат дава свое биолошко објаснување.

Дополнително, научниците нагласуваат дека според новите истражувања, многу е веројатно во иднина да се откриваат и терапевтски ефекти на други метаболити од корисните бактерии на нашиот микробиом!

[Поврзано:  Наизменично постење (Intermittent Fasting) може ДРАМАТИЧНО да ја подобри ИНСУЛИНСКАТА РЕЗИСТЕНТНОСТ – Зошто е тоа толку важно?]

Извор:

https://www.nature.com/articles/s41586-022-04884-x

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор