fbpx

Која исхрана е најдобра за мене?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Како и за секоја друга тематика, така и за здравата исхрана, на луѓето им е многу полесно да гледаат на работите ,,црно-бело”. Во огромниот информациски океан, наречен интернет, исклучително е тешко да се издвојат вистинските и корисни информации. Веројатно е уште потешко таквите податоци понатаму соодветно да се интерпретираат, односно да се  искористат и прилагодат за нашите индивидуални потреби.

 

Искуствата покажуваат дека е многу полесно да се препуштиме на информациите што нам ни делуваат, пред сè, логично, привлечно и на крајот релевантно. Заради овие причини, сосема очекувано, се појавуваат фанатични следбеници на одредени начини на исхрана (подобро кажано диети). Тие  својот избор го сметаат за апсолутно правилен и не оставаат простор за дилеми дека тој е идеален за секој друг човек. За некого тој начин е кето, за друг палео, за трет некоја сосема друга  диета што е ,,тренди” во тој период.

 

[Поврзано: Мислите дека некоја диета е нова? Само трендовите се нови.;                               Диетите се проблемот, а не решението!]

"“Online”/

 

Секоја од овие диети си има своја приказна и свој концепт што се базира на навидум сосема логични постулати. Сепак, науката не функционира на ,,логични” заклучоци и претчувства, туку на ..голи” докази.

 

[Поврзано: Најголема измислица после храната по крвни групи: АЛКАЛИЗАЦИЈА!]

 

Значи, заклучокот е дека не постои диета или начин на исхрана кој е идеален и применлив за секого, подеднакво. Тогаш, како да одлучиме што е најдобро за нас?

Fibro Gel

Во продолжение, дефинирајќи неколку точки околу здрава исхрана, ќе се обидеме да го одгатнеме одговорот на честото прашање: Која исхрана е најдобра за мене?

 

Основни постулати на здравата исхрана

 

Препознавајќи ја потребата од некаква стандардизација на она што се подразбира под поимот здрава исхрана, но и потребата  од сфаќање на исхраната во еден поширок контекст, во ноември 2015-тата година, поголема група на водечки светски нутриционисти и научници од областа на производството и процесирањето на храната (над 75 експерти, од Харвард, Јејл итн.), одржа многу значајна конференција во Бостон, САД, во организација на непрофитната организација наречена Oldways.

 

Дебатите и аргументирањата со научни истражувања траеа 2 дена. Како резултат на тоа произлезе документ од 11 точки, односно 11 поенти поврзани со тоа на кој начин како заедница да стигнеме до здравиот начин на исхрана, сфатен во неговата целокупност. Околу овие точки. водечките научници за исхрана и храна постигнаа консензус (општа или широка прифатеност како факт):

 

  1. Повеќе растителна храна, јаткасти плодови, мешунки и морска храна
  2. Одржливоста е есенцијална
  3. Транспарентност и издржаност во државните политики за промовирање здрава храна
  4. Храната треба да биде добра за луѓето, но и за околината, екосистемот и биодиверзитетот
  5. Стоп за конфузиите поврзани со храната и исхраната
  6. Потпирање исклучиво на силни докази
  7. Избегнување на сензационализам – новите публикувани студии треба да бидат ставени во контекст на претходно познатите факти, а не да се интерпретираат засебно и да се вадат сензационални заклучоци
  8. Во споредба со што? – препораките за исхрана секогаш мораат да го имаат предвид како тоа ќе се спроведува во пракса. На пример, подобро е да се каже пијте газирана вода, наместо газирани пијалоци, наместо немојте да пиете газирани пијалоци.
  9. Промовирање начини на евалуација – институциите треба да најдат начин да направат соодветна евалуација за тоа како се одвиваат предвидените цели.
  10. Писменост во однос на храната и исхраната
  11. Продуцирањето на храната не треба да биде само на линија со добробит за човекот, туку и за средината и живиот свет

 

Нешто повеќе околу клучните поенти:

 

Водичот за исхрана создаден од американските власти (15’-20’), кој се создава на секои 5 години, најде на силно одобрување од сите учесници на конференцијата. Овој водич се базира на научни податоци и докази. Промовира исхрана базирана на растителна храна (овошје, зеленчук, житарки, мешунки, јатки..), риба, што е можно помалку процесирани и црвени меса, што е можно помалку храна и пијалоци со додадени шеќери, рафинирани скробни продукти (теста од бели брашна) и умереност во консумирањето алкохол.

 

Не постојат докази според кои може да заклучиме дека одредна група на продукти треба целосно да се исфрли (освен процесирани месни продукти) или дека еден едиствен начин на исхрана мора да се практикува за да се има здрава исхрана. Всушност, индивидуите во целта создавање добра ,,шема” или начин на исхрана, треба да ги комбинираат по своја мерка споменатите здрави намирници, како база на својата исхрана. За начинот на исхрана да биде прифатлив и траен, споменатите комбинации, секако треба да ги отсликуваат биолошките потреби, но и вкусовите и културолошките преференци на индивидуите.

 

Во втората точка, научниците заклучуваат дека наоѓањето на оптимален начин на исхрана за нас, без притоа да се грижиме и идните генерации да бидат во можност здраво да се хранат, нема никаква смисла. Затоа, нема здрава исхрана, без соодветна стратегија за одржливост.

 

Следните неколку точки адресираат колку е значајно државите да поттикнуваат поголема свесност за здравата исхрана, преку создавање соодветни јавно здравствени политики и работење на едукација на населението. На тој начин, би се минимализирала штетата која настанува од збунетост помеѓу населението околу тоа што се факти, а што не.

 

Знаењето е сила. Знаењето за потеклото и составот на храна, како и за тоа како таквата храна се одразува на нашето здравје е многу важно. Исто така, почитувањето на традиционалните начини на исхрана, како и културниот контекст на исхраната е корисен и може да биде силен мотиватор во стекнувањето на подобри навики за исхрана, па и за готвењето како вештина.

Fibro Gel

 

Извор: Oldways Common Ground Consensus Statement on Healthy Eating

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X