fbpx

Брзи за подготовка, а здрави и вкусни – два рецепти со НАУТ!

tonus

Мешунките се едни од најздравите растителни намирници, кои се карактеристични и често употребувани во Медитеранската кујна. За нивна подготовка постојат безброј рецепти, а нивниот неутрален вкус ги прави одлични за комбинирање со разни намирници и на тој начин подготвување на доста разновидни и нутритивни јадења. Токму ваквата способност за комбинирање ќе ја искористиме денес, за да ви предложиме два интересни рецепти во кои го комбинираме наутот.

 

Наутот – извонредно нутритивна и здрава мешунка

 

Наутот спаѓа во семејството мешунки, заедно со гравот, грашокот, леќата, боранијата итн.

"“Online”/

Во последно време, со сè поголемата заинтересираност за здравата храна, оваа мешунка повторно се враќа на голема врата. Причината е пред сè нејзиниот импресивен нутритивен состав: протеини, витамини, минерали, растителни влакна и многу други хранливи материи од кои телото, на најразлични начини има корист. Исто така, една од предностите е ниската цена на леблебијата.

Лесно може да се вклучи во исхраната, како здрави грицки, во различни чорби, салати, но во последно време, најпопуларно е подготвувањето на хумус, традиционално јадење од Блискиот Исток, со навистина специфичен вкус.

 

Тој има навистина импресивен нутритивен состав. Во 100g подготвен наут има:

  • 160 калории
  • 27g јаглехидрати (од кои 7g растителни влакна)
  • 10g протеини
  • 3g масти
  • Oколу 35% од ПДВ за витаминот Б9
  • Околу 17% од ПДВ за железо
  • Околу 35% од ПДВ за манган

 

 

Медитерански микс од наут и кус-кус

 

Потребни намирници:

  • 250ml вода
  • Околу 120g кус-кус
  • Маслиново масло
  • 1 средно голема главица кромид, исецкана
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 конзерва подготвен наут
  • 1-2 свежи домати
  • Неколку зелени маслинки, исецкани и исчитени од семки
  • Малку лимонов сок
  • Малку сушено оригано
  • Сол и мелен црн бибер

 

Подготовка:

  1. Во мал сад, зовријте вода и ставете го кус-кусот во неа. Тргнете го садот од оган и покријте го со капак. Оставете го кус-кусот во зовриената вода околу 5-10 минути, додека не ја впие целата течност. Потоа промешајте го со вилушка.
  2. Во меѓувреме, загрејте маслиново масло на тавче и додајте го кромидот. Гответе неколку минути, а потоа додајте го и лукот и динстајте уште 1-2 минути. Додајте ги и останатите состојки  и повремено мешајте. Ваквата смеса послужете ја со подготвениот кус-кус.

 

Манџа со наут и спанаќ

 

За овој рецепт ќе ви се потребни околу 25 минути, а истиот е доволен за околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

  • Маслиново масло
  • 2 средно големи главици кромид, ситно искецкани
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку суво оригано и црвен пипер
  • 2 свежи домати, исецкани
  • 1 чаша растителен бујон
  • Малку балсамико оцет
  • 2 конзерви подготвен наут
  • Околу 200g спанаќ
  • Малку фета сирење или урда
  • Сол и мелен црн бибер
  • По желба, свеж магдонос

 

Подготовка:

  1. Во тавче, загрејте маслиново масло, а потоа ставете го кромидот да се динста околу 5 минути. Додадете го потоа лукот и зачинете. По 1-2 минути, додајте ги и доматите, растителниот бујон и оцетот. Динстајте на умерен оган, околу 10 минути, односно додека сосот не се згусне.
  2. Потоа, додајте го наутот, спанаќот и фета сирењето. Поклопете го тавчето со капак и оставете смесата да се динста околу 3-5 минути. Посолете и зачинете по желба, а потоа послужете дур е врело.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор