fbpx

Недостатокот на витамините Д и Б опасен за лицата со дијабет

tonus

Едно ново истражување од Јапонија утврдува дека повозрасните лица со дијабет тип 2 и значително намалена мускулна маса, имаат значително пониски нивоа на витамин Б1, Б12 и намален внес на витамин Д, во споредба со испитаниците што немаат толкава загуба на мускулно ткиво.

 

Дијабетесот се покажува како причина за намалена мускулна сила и маса поради намалувањето на дејството на инсулинот и инсулинската резистентност или отпорност.

 

[Поврзано: Инсулинска резистентност – сè почест проблем!]

"“Online”/

 

Кај лицата со дијабет тип 2, загубата на мускулното ткиво се поврзува со зголемен ризик од саркопенија, кардиоваскуларни заболувања и општо, од смртноста од најразлични причинители.

 

[Повразно: Како до подобра контрола кај дијабет?]

 

Претходни истражувања укажуваат дека витаминот Д е ефективен во превенцијата на мускулната загуба, но и дека нискиот витамин Б12 е асоциран со ризик од саркопенија. Кај повозрасните лица,  недостатокот на витамин Е и Ц се поврзува со општа слабост и хроничен замор.

 

[Поврзано: 5 причини зошто постојано се чувствувате заморено]

 

Споменатата студија од Јапонија се обидува да ја открие врската помеѓу недостатокот на одредени витамини (А, Б1, Б2, Б6, Б12, Ц и Е) и загубата на мускулна маса кај повозрасните лица со дијагностициран дијабет тип 2.

 

[Поврзано: Што треба да знаете за витамините од Б групата?]

 

Резултатите се објавени во научното списание Nutrients.

 

Нешто повеќе околу истражувањето

 

Истражувањето вклучува анализирање на податоците за 197 повозрасни волонтери со дијабет тип 2, регрутирани помеѓу 2016 и 2018 година.

 

Употребувани биле специјализирани опреми за точно калкулирање на телесната композиција, но внимателно бил следен и внесот на храната.
Загубата на мускулна маса била определувана како процент на намалување од првичните мерења на секое следно мерење. Загубите на над 1,2% се сметале за ,,загуба на мускулна маса”, бидејќи загубата на мускулна маса секако се одвива (природно, но до одреден процент) со текот на стареењето.

 

[Поврзано: 7 придобивки од вежбите со тежина]

 

Што биле најзначајните сознанија?


Помеѓу споменатите 197 волонтери, дури 47.2% искусиле значителна загуба на мускулната маса за време на следењето од повеќе од една година.

 

Помеѓу нив, внесот на витамините Б1, Б12 и Д, бил значително помал, во споредба со учесниците (условно кажано) без загуба на мускулна содржина.

 

Претходните истражувања покажуваат дека ниските серумски или крвни нивоа на витамин Д, го зголемуваат ризикот од намалување на мускулната сили и маса. Во оваа студија, серумските нивоа на Д витаминот не биле определувани и тоа може да биде цел на некое следно истражување.

 

[Поврзано: Витамин Д – Клучот за над 4000 клеточни процеси, особено значаен за ИМУНИОТ ОДГОВОР!]

 

Исто така, претходните студии на тема витамин Д, откриваат дека суплементирањето со овој витамин кај луѓето со предијабет (кои имаат несоодветни нивоа на витамин Д) или инсулинска резистенција, ја подобрува инсулинската сензитивност во скелетните мускули, што е клучно посебно за одредени групи на луѓе, како лицата што страдаат од дијабет.

 

Ефектот на витаминот Б12 е познат кај саркопенијата, бидејќи значително помага во намалувањето на серумските нивоа на хомоцистеинот. Високите нивоа на хомоцистеин се силно поврзани со загуба на мускулната маса и сила.

 

[Поврзано: Сè што треба да знаете за витаминот Б12; Хомоцистеин – што треба да знаете за оваа молекула?]

 

Недостатокот од витамин Б1, помеѓу другото е познато и дека предизвикува неправилности во глукозниот метаболизам, на ниво на митохондрија, што исто така води кон намалување на мускулното ткиво.

 

 

Повозрасните лица кои имаат дијабетични нарушувања или ризик од дијабет, треба да бидат особено внимателни во однос на тоа дали внесуваат доволно макро, но и одредени МИКРОНУТРИЕНТИ

 

Заради претходно наведените причини, истражувачите од Јапонија сугерираат, особено за повозрасните лица што имаат проблеми со дијабетот, не само доволен внес на макронутриенти, како протеини и јаглехидрати (енергија), туку и на микронутриенти. Кога велиме микронутриенти се мисли пред сè на витаминот Д и витамините од Б групата.

 

Истражувањето не утврдува поврзаност помеѓу губењето мускулна маса и витамините А, Ц и Е.

 

[Поврзано: Вечно актуелниот витамин Ц. Зошто?]

 

Како и да е, поворзасните лица исто така треба да бидат сигурни дека внесуваат доволно, заради тоа што секој од нив си има своја значителна улога во телото. На пример, тие претставуваат потентни антиоксидативни материи, што имаат ефект во активирањето на имуната реакција на организмот.

 

[Поврзано: Витамин Е или токоферол – Многу важен АНТИОКСИДАТИВЕН витамин. Зошто?]

Извор:

 

Vitamin Intake and Loss of Muscle Mass in Older People with Type 2 Diabetes: A Prospective Study of the KAMOGAWA-DM Cohort”, 8 July 2021, Nutrients

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор