fbpx

Зошто КРАТЕЊЕТО од сонот е многу лоша идеја?

tonus

Постојат навистина бројни различни објективни и субјективни причини зошто луѓето го ,,скратуваат” времето за спиење. Дали станува збор за подобра работна продуктивност или пак останување подолго на вечерната забава, речиси и да не постои човек кој повеќе или помалку често не си го ускратува времето предвидено за сон.

Но, сте се запрашале ли колку е тоа паметно и дали вреди често да се практикува?

[Поврзано: Врската помеѓу СПИЕЊЕТО и телесната тежина]

"“Online”/

Биолошка неопходност

 

Минатиот месец Академијата за медицина на спиење (ААМС) од САД, преку еден свој труд излезе со јасна констатација: Спиењето претставува биолошка НЕОПХОДНОСТ, па недоволниот сон има силно негативно влијание врз општата добросостојба на човекот, но врз јавната безбедност.

Ваквите информации се предупредувачки, односно алармирачки за едукаторите, медицинските лица, работодавачите, но и за самиот дражавен апарат што ги создава здравствените политики. Алармирачки во однос на силната потреба од подигнување на свесноста за важноста на квалитетниот сон.

Иако не може да кажеме дека оваа вест е изненадувачка, сепак станува збор за официјално соопштение од исклучително релевантна медицинска институција во однос на значењето на сонот за здравјето на сите генерации.

[Поврзано: Еве лесен начин за зајакнување на имунитетот – СПИЕЊЕТО!]

Експертите од споменатата институција заклучуваат дека добрите навики за спиење се подеднакво важни за нашето здравје и благосостојба, како и здравата исхрана и редовната физичка активност на пример. Квалитетниот сон е особено важен и за физичкиот перформанс, како и за безбедноста при било кој вид на сообраќај.

 

Проблемите со спиењето не смеат да бидат игнорирани

 

Експертите од ААМС во објавениот труд во научното списание Journal of Clinical Sleep Medicine, нагласуваат дека спиењето е биолошка нужност и дека недоволниот сон, како и нетретираните проблеми поврзани со навиките за спиење, имаат значителен негативен ефект врз здравјето, добросостојбата на човекот и јавната безбедност.

 

Од ААМС изразуваат надеж дека ваквиот тип на јасно изјаснување во врска со важноста на сонот, ќе овозможи поголемо присуство на оваа важна тема во јавноста, но и дека на директен начин ќе успее да влијае на свесноста кај едукаторите, медицинските практичари, фирмите и можеби и најзначајно: кај они што ги креираат превентивните здравствени политики.

 

Клучните поенти од објавениот труд

 

Во пишувањето на овој труд учествува бордот на директори на ААМС, односно 11 доктори спицијализирани во однос на спиењето и клинички психолози. Во продолжение, нивните главни заклучоци:

 

  1. Едукацијата во однос на спиењето треба да зазема значајно место уште во најраната школска возраст. Медицинските високо образновни институции треба да обрнат значително повеќе внимание на едукативните програми во однос на спиењето и нарушувањата поврзани со него. Потребни се едукативни програми за спиењето и за докторите од различни специјализации.
  2. Докторите кои работат во болничките одделенија, но и матичните лекари треба редовно да ги надгледуваат/следат навиките за спиење на своите пациенти, но и навремено да ги забележат евентуалните симптоми на нарушувања поврзани со спиењето. Болничките капацитети треба да ги оптимизираат условите за спиење во своите простории, за да се осигура квалитетен сон за пациентите.
  3. Потребно е подигнување на јавната свест за важноста на сонот од страна на професионалците што се занимваат со јавното здравје, но и од страна на работодавачите. Квалитетниот сон не само што го заштитува здравјето на работниците, тој овозможува подобра продуктивност и зголемена безбедност на работното место.
  4. Потребни се повеќе истражувања околу важноста на сонот, но и за циркадијалниот ритам.

 

Нарушениот сон е проблем за јавното здравје

 

Истражувањата на Американскиот CDC и бирото за здравје на децата од САД, покажуваат дека дури 34,1% од децата, 74,6% од средношколците и 32,5% од возрасните граѓани на САД не спијат доволно на редовна основа!

 

[Поврзано: Колку е значајно СПИЕЊЕТО кај деца? Колку часа треба да спијат?]

 

Ваквата состојба може слободно да се каже дека е раширена и во светски рамки, бидејќи факторите што ја определуваат помалку или повеќе вежат насекаде низ планетата. Нарушениот сон, особено оној на подолг рок, никако не смее да се игнорира поради тоа што е ризик-фактор за низа заболувања (и сообраќајни несреќи), како: срцеви болести, дијабет, гојазност, зголемен стрес итн.

 

[Поврзано: Уште една студија за тоа колку е важен сонот!]

 

Извор:

Sleep is essential to health: an American Academy of Sleep Medicine position statement, Journal of Clinical Sleep Medicine

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор