fbpx

Што сè треба да знаете за НИСКИОТ крвен притисок или ХИПОТЕНЗИЈА?

tonus

Често се среќаваме и слушаме за хипертензијата или покачениот крвен притисок, но неретко се среќава и спротивниот проблем – хипотензијата. Намалениот крвен притисок е состојба која можеби не важи за подеднакво алармантна како хипертензијата, но сепак е нешто на што треба да се придаде значење. Поради тоа, денес накратко ќе се задржиме на хипотензијата, ќе позборуваме за нејзините најчести симптоми, причини за појава, живеењето со оваа состојба и сл.

Што претставува крвниот притисок и што се смета за хипотензија?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  •     Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  •     Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

За хипотензија или намален крвен притисок се сметаат вредности од околу 90/60 mm/Hg. Најчесто, кај повеќето луѓе оваа состојба нема воочливи симптоми. Кога постојат симптоми, тие се најчесто непријатни и вклучуваат: вртоглавица, главоболка, замор, проблем со концентрирање, лошење, заматен вид, надразливост, па дури и ризик од губење на свеста. Во одредени случаи хипотензијата може да биде опасна, па затоа важно е да се воочи навремено и да се третира.

"“Online”/

Таа може да се јави кај секого, а причините може да бидат најразлични. Меѓутоа, сепак е позастапена кај повозрасната популација. Кај помладите, често може да се јави без видливи симптоми, особено кај лицата кои се доста физички активни. 

Како влијае намалениот крвен притисок врз нашето тело?

Во нормални околности, телото може без никаков проблем да го контролира крвниот притисок и да спречи прекумерно негово опаѓање. Доколку дојде до знаци на хипотензија, телото најчесто или го забрзува пулсот или ги стеснува крвните садови. Симптомите на хипотензија може да се јават кога телото не може преку овие механизми да спречи опаѓање на притисокот. 

Како најчести причини за појава на намален притисок се сметаат:

  • Ортостатска хипотензија – се јавува при нагло станување
  • Проблеми со централниот нервен систем
  • Низок волумен на крв – губиток на крв од повреди може да резултира со хипотензија. Исто така, дехидрираноста може да доведе до намалување на притисокот. 
  • Посериозни состојби како: аритмија, срцев удар, одредени алергиски реакции, имунолошки реакции и сл.
  • Проблеми со срцето и белите дробови
  • Ефект на одредени лекарства 
  • Употреба на алкохол
  • Екстремни температури и сл.

Најлесно дијагностицирање на низок крвен притисок се врши со соодветен апарат за мерење на притисокот. Доколку хипотензијата е присутна подолг период, тогаш консултација со медицинско лице е препорачлива. Состојбата се третира, доколку се најдат причините за неа. Доколку не постојат симптоми, најверојатно хипотензијата нема да предизвика значителен проблем. Ако постојат симптоми, тогаш оваа состојба може да го попречи секојдневното нормално функционирање. Постојат одредени промени во начинот на живеење, како и соодветни лекарства кои може да помогнат да се покачи крвниот притисок.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор