fbpx

Ноктите – ,,прозорец” кон нашето здравје?

tonus

                    Можеби изгледаат како мал и неважен дел од нашето тело, но ноктите играат повеќе значајни улоги за нашето секојдневно функционирање и општо, за здравјето. Oсвен тоа, важно е да се каже дека тие можат да бидат ,,прозорец” за нашето здравје. Со други зборови, бројни здравствени проблеми и недостатоци на нутриенти се поврзуваат со некакви симптоми што се покажуваат на нашите нокти.

Зошто воопшто ни се потребни ноктите?

                   Ноктите се составени од специјализиран, цврст протеин наречен кератин и служат за неколку многу важни функции во нашето тело: 

    • Заштита: Примарната функција на ноктите е да ги заштитат прстите и сензитивната кожа под нив од повреди, инфекции и траума.
    • Поддршка: Поседуваат својство да даваат поддршка на прстите, помагајќи го на тој начин правилниот облик и структура.
    • Сетилна улога: Нервите што се застапени под ноктите се силно сензитивни на притисок, но и на температура и болка. Ова му помага на организмот да ги детектира промените во средината и соодветно да може да реагира.
    • Стисок и баланс: ноктите ни обезбедуваат полесен стисок, што обезбедува баланс и стабилност додека стоиме, одиме, трчаме или практикуваме било каква друга физичка активност.

                         За здрави нокти потребно е да имаме исхрана која е здрава и разновидна. Значи, ако имаме одредени недостатоци во исхраната, проблемите со ноктите можат да бидат еден од првите индикатори.

"“Online”/

 Состојбата со ноктите како ,,прозорец” кон целокупното здравје

                   Од самата појавност, односно изгледот и текстурата на ноктите, можеме да заклучи важни работи за нашето целокупно здравје. Поконкретно, состојбата со нашите нокти може да биде индикатор за одредени нутритивни дефицити или недостатоци од некои хранливи материи. Најчестите симптоми поврзани со ноктите и недостатоците од нутриенти вклучуваат:

  • Слаби и лесно кршливи нокти – може да биде индикатор што упатува на недостаток од биотин, витамин Б7 и/или железо.
  • Нокти во форма налик лажица или конкавни нокти – може да биде индикатор што упатува на недостаток од  биотин или железо.
  • Набраздени или издлабени нокти – може да биде индикатор што упатува на недостаток од цинк, железо или протеини.
  • Суви, испукани или ,,расцепкани” нокти – може да биде индикатор што упатува на недостаток од биотин, витамин А или есенцијални масни киселини.
  • Бели точки или линии низ ноктите – вообичаено безопасна состојба, но во одредени случаи може да е и индиктор за недостаток од помал обем на цинк. Многу подетално за оваа тема, прочитајте на следниот линк: Бели точки и линии низ ноктите – Дали е знак за некаков недостаток од вимини или минерали?
  • Жолто или зеленкасто пребоени нокти – може да е биде индикатор за одредени фунгални инфекции или за таложење на токсини во телото.

 Здрава исхрана за здрави нокти

                        Здравата исхрана која е богата со есенцијални хранливи материи има силно позитивно влијание врз здравјето на ноктите. Кога имаме рамнотежна и разновидна исхрана што вклучува клучни витамини, минерали и други хранливи материи, ги обезбедуваме нашите тела со градбени блокови неопходни за раст на силни и здрави нокти. На пример, консумирањето храна богата со биотин, витамин Е, железо и цинк, може да помогне во зајакнувањето на ноктите, да се спречи нивната кршливост и пукањето, како и да се промовира здрав раст.

                       Некои примери на храна која може да биде особено корисна за здравјето на ноктите вклучуваат јајца, бадеми и слатки компири (кои се богати со биотин), јаткасти плодови, семиња и лиснат зелен зеленчук (богати со витамин Е), месо, грав и спанаќ (кои се богати со железо), и остриги, говедско месо и семки од тиква (кои се богати со цинк).  Дополнително, исхраната богата со протеини, сложени јаглехидрати и здрави масти може да помогне во поддршката на целокупното здравје и да придонесе за раст и одржување на здрави нокти.

Краток заклучок

                   Состојбата во која се наоѓаат нашите нокти може да послужи како силен индикатор за целокупната здравствена состојба што ја имаме во моментот. Ова значи дека честите симптоми што можеме да ги забележиме на нашите нокти, можат да ни помогнат полесно да го откриеме и на тој начин поскоро да го третираме проблемот. Дополнително, видовме и дека самите по себе, ноктите имаат значајна улога за нашето функционирање во секојдневието. Заради овие причини, ноктите се причина плус да имаме здрав начин на исхрана. 

                  Одржувањето на здрава исхрана богата со есенцијални хранливи материи е од клучно значење за целокупното здравје, вклучувајќи го и здравјето на нашите нокти. Практикувањето врамнотежена и разновидна исхрана, која вклучува клучни витамини, минерали и други хранливи материи, може да помогне да се спречат недостатоците на хранливи материи и да се промовираат силни и здрави. 

 

                

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор