fbpx

Oд поголема доверба до подобар сон! 6 силни придобивки од ФИЗИЧКАТА активност

tonus

Многумина почнуваат со некаква физичка активност мотивирани од губењето килограми и подобриот изглед на телото. Овие мотиви се објективни, па најчесто се доволно силни и  нè задржуваат на вистинскиот пак.

Сепак, значајно е да се каже дека корисните ефекти од редовната физичка активност одат навистина многу подалеку од губењето килограми и ,,стегнатото”, ,,фит” тело.

Оправдувањата околу тоа зошто не сте редовно физички активни можат да бидат најразлични, но ако имате добар мотив, ништо нема да ве поколеба. Затоа, во продолжение 7 конкретни бенефити од редовната активност, кои ќе ви го засилат мотивот или ќе поттикнат што побрзо да превземете инцијатива и да се активирате.

"“Online”/

1) Помала подложност на било какви заболувања – подолг животен век

Иако науката не го знае точниот механизам, физичката активност може значително да го засили нашиот имунитет и на тој начин да го намали ризикот од најразлични инфективни заболувања. Преку директното делување на килограмите, односно нивното намалување, физичката активност директно влијае и на превенцијата од низа хронични заболувања, како кардиоваскуларните, дијабетот, спиечката апнеа итн.

Една поголема мета-студија од 2013 година, која го поврзува редовното вежбање со намалениот ризик од коронарни срцеви заболувања и предијабет, вели дека редовната физичка активност може да биде поефикасен ,,медикамент” од самата терапија за луѓето по доживеан срцев удар.

Таа го намалува и ризикот од развој на речиси сите малигни заболувања. Дури и кај веќе дијагностицираните случаеви на канцер, редовното практикување на некаква физичка активност, значително го намалува ризикот од смртен исход – за дури 30-40%.

Едно истражување од 2012 година, спроведено со податоците од над 650 илјади луѓе, утврдува дека умерената физичка активност од 150 минути на неделно ниво, го зголемува очекуваниот животен век за 3 до 4 години.

[Поврзано: Како треба да живеете ПОСЛЕ преживеан срцев удар?
Физичка активност и превенција од малигните болести?]

2) Подобро здравје на мозокот – подобро расположение, концентрација, меморија и други когнитивни способности

Според истражувањата, аеробните вежби, како пешачењето, трчањето, пливањето и слично, можат да делуваат на зголемување на хипокампусот,  дел од мозокот одговорен за меморијата и учењето.

 

Колку повеќе вежбаме, толку е подобра циркулацијата во телото, а воедно и во мозокот. Така, во мозокот ,,доаѓа” повеќе кислород, што поттикнува низа позитивни промени: неврогенеза (зголемен волумен на мозочно ткиво), зголемено лачење невротрофини (подобрување на состојбата со веќе постоечките неврони), поттикнување на лачењето невротрансмитерите (серотонин, со што доаѓа до подобрување на расположението) итн.

Повеќето истражувања ја поврзуваат редовната активност и со намалувањето на ризикот и помошта при третирањето на различните облици на деменција.

[Поврзно: Физичка активност и мозокот]

3) Чувство дека ги имате работите под контрола

Поставувањето и извршувањето на целите е навистина многу значајна работа. Физичката активност може да ни биде особено добар ,,тренинг” за поставување и извршување на некакви цели.

Дисциплината добиена преку физичката активност, може лесно да се ,,прелее” и во многу други аспекти од живеењето. Ова е особено важно кај создавањето на добри навики кај децата.

4) Подобра самодоверба

Секако, намалувањето на килограмите и спортската фигура го зголемуваат нивото на самодовербата, но една студија од Универзитетот Флорида, ни дава навистина интересни податоци. Имено, научниците од САД утврдиле дека покрај видливите позитивни промени од активности и самиот акт на вежбање значително ја зголемува самодовербата и сликата за сопственото тело.

5) Подобар сон

Ако често имате проблеми со заспивањето, редовната физичка активност може значително да ви помогне. Покрај заспивањето, вежбањето во текот на денот (не помалку од 4 часа пред спиењето), може да го подобри и самиот квалитет на сонот, односно да се будите помалку и да спиете подолго.

Оптималното време на одмор во текот на ноќта за возрасните лица, треба да биде помеѓу 7 и 8 часови.

Значајно е да се каже дека за максимално искористување на овие корисни ефекти, потребно е физичката активност да биде редовна.

[Поврзазно: Како да го подобрите сонот?]

 

6) Подобра мобилност и здравје на коските – цврстина и флексибилност

Скршениците на коските најчесто се случуваат при падови. Преку редовната активност, која ќе ви помогне да ги зацврстите мускулите и да го подобрите балансот, значително ќе си ги намалите шансите од паѓања. Дополнително, вежбањето може да го успори губењето на коскено ткиво.

Начини според кои физичката активност може да помогне при остеопороза:

▫ веќе споменатите – подобар баланс и координација, зацврстени мускули и намалено губење на коскено ткиво

▫ подобро ниво на физичка спремност и мобилност

▫ намален ризик од гојазност, што секако влијае на квалитетот на животот и мобилноста

▫ ослободување од болките или нивно значително намалување

▫ подобро расположение и виталност

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност? ]

Поврзани статии и видеа:

Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?

Што треба да знаете за вежбите со тежина?

Придобивки од физичката активност

Физичка активност и срцеви заболувања

Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта

Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?

5 изненадувачки придобивки од пешачењето!

Зошто физичката активност е најмоќниот антиоксиданс?

10 совети како да слабеете преку пешачењето

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор