fbpx

ОБЕЗНОСТА кај децата може да значи и намалена ПЛОДНОСТ подоцна во животот!

tonus

Прекумерната тежина е сериозна здравствена состојба која се манифестира преку речиси секој можен аспект од здравјето – физичко и ментално. Особено поразувачки и загрижувачки е што таа е сè почеста кај општата популација, со што претставува еден од главните ризик фактори по јавното здравје. Денес ќе зборуваме за ефектите на обезноста врз плодноста на мажите, особено за поврзаноста меѓу прекумерната тежина кај помладите и ефектот што тоа го има кај нивната плодност подоцна во животот.

 

Прекумерната тежина влијае на плодноста

Ваквата врска е доста истражена и позната на науката. Генерално зборувано, колку е тежината поголема, толку е ризикот за неплодност поголем. Со поголема тежина, мажите често имаат помал број на сперматозоиди, а се намалува и нивната подвижност. Дополнително, обезноста допринесува кон хормонски дисбаланс, со што може да дојде до несоодветен сооднос меѓу хормоните естроген и тестостерон. Доколку естрогенот е повисок од потребното, доаѓа до намалено создавање на сперма кај мажите. Кај мажите со прекумерна тежина најчесто доаѓа и до хронична инфламација, состојба која е штетна за секој аспект од здравјето, а тука секако спаѓа и плодноста и репродуктивното здравје. 

 

Обезноста кај децата може да го зголеми ризикот за намалена плодност подоцна во животот

Едно поново истражување ја проучувало поврзаноста меѓу обезноста кај децата и ризикот за намалена плодност што би го имале подоцна во животот. Во истражувањето биле вклучени момчиња на возраст од 2 до 18 години. Резултатите покажале дека оние со здрава телесна тежина и здрави нивоа на инсулин имале двојно поголем волумен на тестиси, нешто што било воочлив проблем кај децата со прекумерна тежина. Кај децата со обезност, најчесто била присутна и хиперинсулинемија (инсулинска резистенција), а се смета дека токму тоа било причината за намален волумен на тестисите. Ова се смета дека ја намалува плодноста кај мажите и таквата статистика и поврзаност е веќе утврдена – мажите со намалена плодност често имаат и помал волумен на тестисите. 

"“Online”/

Поради ваквите резултати, истражувачите од студијата констатираат дека контролата на телесната тежина кај помладата популација е еден од најефективните и најкорисни начини за одржување на плодноста подоцна во животот.

Бидејќи и неплодноста и обезноста се состојби кои се сè почести, потребно е навистина да се внимава и превентивно да се делува, а најдобриот начин е едноставно преку одржување на здрава телесна тежина. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор