fbpx

Зошто „ТАЈМИНГОТ“ на ОБРОЦИТЕ е важен за ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ?

tonus

Добро знаеме дека дијабетот е исклучително честа и сериозна здравствена состојба. Своевиден вид на „пандемија“, дијабетот се смета дека е присутен кај секој единаесетти човек или кај над 400 милиони луѓе глобално. Тоа е навистина сериозна бројка, а нажалост и кај нас, ваквата статистика е уште позагрижувачка. Поради тоа, често зборуваме за дијабетот на нашиот блог и ја согледуваме неговата поврзаност со начинот на живеење и секојдневните навикифизичката активност, изложеноста на стрес, останати здравствени состојби и сл. Денес, ќе зборуваме за една интересна студија која покажува како распоредот, односно времето кога јадеме може да влијае на срцевото здравје кај лицата со дијабет.

 

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестационален дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе се јавил, посветување внимание на исхраната е еден од првите чекори кои го превземаат луѓето.

 

Дали периодот од денот кога ги јадеме нашите оброци може да влијае на кардиоваскуларното здравје кај дијабетичарите?

Добро знаеме дека за дијабетичарите не се препорачуваат обилни оброци, туку повеќе помали во текот на денот. Исто така, знаеме дека дијабетот е силно поврзан со кардиоваскуларното здравје и меѓусебно тие претставуаат ризик фактор. На нашиот блог веќе имаме зборувано поконкретно за поврзаноста меѓу дијабетот и крвниот притисок.

Една студија ја проучувала токму ваквата поврзаност, но и влијанието на времето кога ги јадеме оброците врз срцевото здравје. Во студијата биле вклучени околу 4.600 испитаници со дијабет, а биле следени во период од 11 години. Испитаниците сами ги пријавувале своите навики за јадење, времето на јадење и конкретниот тип на храна кои го консумираат секојдневно. Во периодот од 11 години, некои од испитаниците починале, а истражувачите сметаат дека откриле директна поврзаност помеѓу времето на јадење и јадењето на одредени конкретни намирници и ризикот за смртност. Резултатите покажале дека оние кои јаделе скробни зеленчуци (пример компир) наутро, полнозрнести житарки попладне, темно-зелени зеленчуци како брокула и млечни производи навечер – имале помал ризик за кардиоваскуларни проблеми. Исто така помал ризик имале и оние кои не консумирале процесирани месни продукти навечер.  Научниците ваквите резултати ги објаснуваат преку два можни фактори.

Прво, нашето тело функционира и е придвижувано од т.н циркаден ритам, односно голем дел од метаболичките патишта се поактивни наутро, додека создавањето на некои соединенија (како што е мелатонинот) е активирано навечер. Во тој поглед, консумацијата на храна треба да е донекаде во рамнотежа со овој распоред. Се смета дека оксидативниот стрес и воспалителните процеси во организмот се поголеми во вечерните часови, па храна која може да делува про-воспалително или која го зголемува оксидативниот стрес, ќе влијае и негативно на здравјето.

Второ, може да се јави и обратното – храната да влијае на циркадниот ритам. Па така, прекумерна консумација на храна во одреден дел од денот (пр. навечер) може да го наруши и негативно да влијае на овој т.н „биолошки часовник“. Затоа, се препорачува следење на одреден ритам на јадење и избегнување на одредени намирници во целост, а особено во вечерните часови. Како што споменавме, распоредот на оброците и нивната зачестеност и обилност е од клучно значење за луѓето со дијабет, а оваа студија покажува дека тоа е дополнително важно за дијабетичарите кои страдаат и од некакво кардиоваскуларно заболување.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор