fbpx

Зошто КОМПИРОТ е ПОЗДРАВ кога се јаде со ОЦЕТ?

tonus

Луѓето што страдаат од предијабет и дијабет се добро знапознаени со поимот ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС. За останатите, во продолжение кратко ќе го објасниме:

 Гликемискиот индекс (ГИ) претставува бројна вредност која означува колку брзо телото ги конвертира или преобразува јаглехидратите во глукоза. Два типа храна со потполно иста јаглехидратна содржина, можат да имаат различни вредности за гликемискиот индекс.

Ова би значело – колку што е помала вредноста на гликемискиот индекс, толку консумираната храна има помал импакт врз нивоата на шеќер во крвта.

"“Online”/
  • 55 или помалку – низок или добар гликемиски индекс
  • 56-69 – среден
  • 70 или повеќе – висок гликемиски индекс

Кај некои од продуктите вредноста на гликемискиот индекс е дадена на пакувањето, а доколку не можете да ја најдете, можете во врска со тоа да се консултирате со докторот кој ве следи или самите да го проверите ГИ на интернет.

Генерално важи следното правило: Храната која што е поблиску до нејзината природна форма, односно е што помалку процесирана, има тенденција да има помал гликемиски индекс.

За оние што немаат шеќерна болест, овие информации за ГИ се сосем доволни, останатите можат повеќе да се информираат на темава, на следниот линк: Што треба да знаете за гликемискиот индекс?

[Поврзано: Како до подобра контрола при дијабет?]

Постои и здрава храна со повисок ГИ!

ГИ не треба да биде единствениот критериум според кој ќе избирате што да јадете, а што не. 

Ако храната има низок ГИ, тоа не мора да значи дека е супер здрава храна или дека ,,слободно” можете да јадете од неа колку што сакате, без никакви негативни последици. Клучни остануваат калориите, макро и микронутритивниот состав (витамини, минерали и разни фитохемикалии).

Добар пример за храна со низок ГИ индекс, а нутритивно сиромашна храна со празни калории е чипсот. Тој има видно понизок ГИ од овесот и речиси ист како боранијата, па тоа ни од далеку не го прави подобра храна од нив. Овесот и боранијата имаат низа други хранливи компоненти кои се неопходни за оптималното здравје.

[Поврзано: Компирот е ЗДРАВА храна, но чипсот не е. Зошто?]

Постојат повеќе начини на храната да и се намали гликемискиот индекс!

Како што рековме, постојат многу здрави производи со повисок ГИ, како компирот, па во таа смисла важно е да се кажат неколкуте техники како да се намали оваа вредност кај нив (друг пример е оризот). Ова е посебно значајно за луѓето со нарушена гликемија и за оние што страдаат од вишок килограми.

[Поврзано: Интегрален vs бел ориз – Која е разликата?]

Истражувањата велат дека јадењето храна со висок ГИ го зголемува ризикот за дијабет и кардиоваскуларни заболувања и тоа независно од телесната тежина.

  • Јадење изладени компири!

Помеѓу нашиот народ постои верувањето дека сварените, па изладени компири не се здрави за јадење. Меѓутоа не само што изладените компири не се опасни по здравјето, туку тие се поздрави отколку топлите. Иако за многумина не и повкусни.

Гликемискиот индкес кај изладените компири е значително понизок.

Дополнително, недигестибилниот скроб од изладените компири може да ни помогне при слабеењето преку врзувањето на водата во стомакот (што поттикнува чувство на ситост) и преку поттикнувањето поефикасна оксидација на мастите од масното ткиво (внесената храна поспоро се дигестира, па и глукозата поспоро преминува во крвотокот. На тој начин, помалото ниво на глукоза во крвта овозможува поефикасно трошење на масните резерви).

Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

  • Комбинирајте го компирот со круциферозни зеленчуци, како брокулата!

Во една студија се вели дека јадењето на 2 сервирања брокули во комбинација со едно сервирање компири, значително го намалува ГИ на оброкот, намалувајќи ги потребите од инсулин за дури 40%! Од друга страна, комбинирањето на пилешко (или конзервирана туна) со компири – дополнително го зголемува ГИ.

[Поврзано: КРУЦИФЕРОЗНИ зеленчуци – Групата на НАЈЗДРАВИТЕ зеленчукови плодови!]

  • Додајте оцет или лимонов сок!

Додавајќи само една лажица оцет, драстично им го намалуваме ГИ на сварените компири (30-40%). За среќа, во нашата традиција имаме рецепти кои многу често ги комбинираат компирите во салати во кои се додаваат органски киселини. Најдобриот пример е салатата со кромид, оцет и компири. Избегнувајќи ги големите количини масло за јадење кои неретко следат според рецептот, добиваме навистина едноставен и здрав оброк.

[Поврзано: Зачудувачки својства на белиот ОЦЕТ!]

Сличен ефект е покажан и за други природни киселини, како лимоновата. Истражувањата покажуваат дека лимоновата киселина го намалува ГИ на белиот леб за дури 30% и видно го зголемува чувствот на ситост по оброкот.

[Поврзано: 7 научни докази што ќе Ве потсетат на моќта на ЛИМОНОТ!]

Значи, консумирањето оцет со оброците, го намалува пикот на шеќерот по оброкот, инсулинот, но и триглицеридите во крвта! Ефектот е особено заебежан кај луѓето со инсулинска резистентност! За среќа, ефектот е најден дури и при мали количества, како една лажичка! 

[Поврзано: Се’ почест проблем – Инсулинска резистентност или отпорност]

Така, особено препорачливо за сите луѓе, а посебно за оние што имаат проблеми со шеќерот и инсулинот – секогаш во салатите да ставаат неколку лажички оцет (и секако што е можно помалку масло, по можност ладно цедено маслиново). На овој начин, свежите салати уште еднаш се потврдуваат како здрава неопходност со сите ручеци, па и вечери.

[Поврзано: Пролетта е вистинско време да стекнеме навика за јадење повеќе свежа храна!]

Дополнително, јадете почесто компир салати во кои ќе додавате оцет од различен тип. Играјте си со вкусовите и аромите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор