fbpx

ОКСИДИРАН ХОЛЕСТЕРОЛ – Може да заврши и во MOЗОКОТ! Како да го ИЗБЕГНЕМЕ во исхраната?

tonus

Оксидираниот холестерол може да биде и до 100 пати потоксичен од ,,обичниот” холестерол, што покренува загриженост во однос на одредени типови храна, како процесирано месо, различни видови мрсни сирења, путери и процесирана риба.

[Поврзано: Оксидирана форма на холестерол – што претставува и зошто е толку опасна?; Што е холестерол и која е разликата со триглицеридите?]

Големите количества холестерол во крвта веќе одамна со голема осонова се сметаат за основен или примарен ризик фактор за развој не само на кардиоваскуларни, туку и на заболувања како Алцхајмер и Паркинсон.

"“Online”/

[Поврзано: Храна за борба против различните типови деменција?]

Достапните снимки од аутопсиите кај лицата што страдале од Алцхајмерова болест покажуваат застрашувачки нешта – мозочните артерии на овие пациенти се ,,запушени” со маснотии и холестерол.

Дури ¼ од холестеролот во нашето тело е лоциран во нашиот мозок. Најголемиот дел од холестеролот во овој орган е продукт на локална синтеза, значи се создава токму тука.

Холестеролот не може директно да биде пренесен низ т.н. мозочна бариера. Значи не може да помине од мозочното ткиво во крвотокот, но и обратно.

[Поврзано: За три недели до подобар холестерол! – Откажување од цигарите]

Постои начин холестеролот да го ,,напушти” мозокот

Но, што ќе се случи ако мозокот има премногу холестерол и има потреба да се ослободи од него? 

Мозокот поседува заштитен механизам во вакви ситуации, односно постои ензим во мозокот што може да го оксидира холестеролот. Во таква форма холестеролната молекула може да ја мине споменатата бариера и да го напушти мозочното ткиво, а во крајна линија и организмот. Сепак, тука постои едно големо ,,НО”. 

Според логиката на нештата, ова значи дека и оксидираниот холестерол кој се наоѓа во крвотокот, има можност да биде пренесен во мозокот.

Вишокот оксидиран холестерол може да заврши во мозокот!

Дека оваа логика не е само теоретска, ни покажува една педантно изведена студија од 2005-тата година. Имено, истражувачите спровеле мерења на нивоата на оксидиран холестерол во крвта која доаѓа од мозокот и потоа ги споредувале вредностите со нивоата на оксидиран холестерол што оди во обратна насока. Анализите покажале дека ако во организмот има премногу оксидиран холестерол, тој може евентуално да заврши во мозокот.

Зошто оксидираниот холестерол е опасен (и) за мозокот?

Испитивањата ни откриваат дека вишокот оксидиран холестерол во мозочното ткиво може да делува цитотоксично, односно да биде мутаген, да има атерогенично дејство, па дури и канцероген ефект. Тој исто така води кон инфламација на мозочното ткиво.

Со други зборови, ваквиот холестерол е токсичен за клетките (во овој случај нервните), токсичен за нашиот ДНА материјал и придонесува за срцеви заболувања, па дури и канцер.

Примероците од наталожениот плак во артериите покажуваат дека во него има 20 пати повеќе холестерол во однос на нормалните артерии, но и дури 45 пати повеќе оксидиран холестерол.

Продуктите на оксидираниот холестерол можат да бидат и сто пати попатолошки и потоксични од оние на ,,обичниот”. Tие не само што значително го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, туку се помеѓу најзначајните причинители за заболувањата од палетата на деменцијата.

[Поврзано: Мажите имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања – Кои се најдобрите превентивни чекори?]

Па, која храна треба да ја избегнуваме, односно која храна е извор на оксидиран холестерол?

Оксидираниот холестерол од исхраната е извор за оксидиран холестерол во крвотокот, од каде за жал може да помине и во мозочното ткиво. Ова понатаму може да поттикне инфламаторни или воспалителни процеси во мозокот и таложење на амилоид (протеин типичен за Алцхајмеровата болест) години пред да бидат дијагностицирани нарушувања или проблеми со меморијата.

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление]

Оксидираниот холестерол е најден кај млечните прашоци (продуктите во кои тие се користат), процесираните млечни продукти, месото, месните производи, различните типови сирења, путер и во последно време познатиот ги путер, туна конзервите и процесираните продукти со јајца. 

Најчесто, оксидираниот холестерол се создава кога продуктите од животинско потекло се подложни на загревање, односно на висока температура. Највеќе оксидиран холестерол се создава кога месните продукти (посебно пилешко) се загреваат во микробранова печка. Дури повеќе во споредба со пржената храна. За жал, белото месо е поподложно на оксидација (на холестеролот) во однос на црвените меса кои се побогати со заситени маснотии.

Прженото или печеното месо (на скара) има се’ поголеми нивоа на оксидиран холестерол со текот на времето на чување.

[Поврзано:Сите знаеме дека пржената храна е нездрава, но знаеме ли зошто?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор