fbpx

ОЛЕИНСКА киселина, ЕЛИКСИР на МЛАДОСТА?

tonus

Голем дел од популацијата страда од когнитивни и нарушувања на расположението. Иако најчесто, не секогаш ваквите проблеми одат заедно со природниот процес на стареење.

Најзастапени се депресијата, проблемите со меморијата и Алцхајмеровата болест.

[Поврзано: Што е КОГНИТИВНО здравје и КАКО да го подбриме?]

Токму заради овие причини, научниците се’ повеќе истражуваат во насока на третирање и превенција на споменатите проблеми. Едно такво истражување од институтот за невролошки истражувања на Универзитетот во Тексас, за првпат идентификува одредени детали за тоа на кој начин меморијата и расположението се одржуваат и регулираат во нашиот мозок.

"“Online”/

Oлеинска киселина – клучна за многу важни процеси во мозокот

Студијата е објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences. Тоа што всушност ни го открива е дека компонентата наречена олеинска киселина, продуцирана во мозокот е есенцијална или клучна во регулирањето на процесите што ни овозможуваат учење и добра меморија. Дополнително, утврден е позитивен ефект во однос на оптималната регулација на расположението.

[Поврзано: ЛАДНО ЦЕДЕНО наспроти ,,Обично” маслиново масло – во што лежи разликата?]

Според експертите, ваквите податоци го отвораат патот кон изнаоѓање на потенцијални терапевтски стратегии за справување со невролошките нарушувања кои се доста чести помеѓу населението – проблеми со когнитивното здравје и нарушеното расположение.

[Поврзано: ОПТИМАКС – природна доза оптимизам]

Во минатото научниците сметаа дека возрасниот мозок кај цицачите не е подложен на ,,поправки” и регенреација. Сепак, истражувањата покажаа дека одредени мозочни региони поседуваат капацитет за создавање на нови неврони, преку процесот наречен неврогенеза.

Хипокампусот може да се регенерира

Регионот од мозокот наречен хипокампус, поседува капациетет да формира нови неврони, да ги поправа постоечките и да се регенерира, овозможувајќи го учењето, меморирањето и регулирањето на расположението и кај повозрасните лица.

Споменатиот процес, неврогенеза е силно регулиран од протеинот наречен TLX. Тој се наоѓа во матичните невронски клетки и игра клучна улога во ,,раѓањето” на нови неврони. Досега научниците немаа пронајдено начин за активација на овој TLX протеин. Во споменатото истражување истражувачите утврдиле дека честата масна киселина, наречена олеинска, се врзува со TLX, поттикнувајќи зголемен обем на неврогенеза или создавање на нови неврони. Ваквите податоци биле утврдени во анималните студии, но се смета дека сличното важи и кај луѓето.

Олеинската киселина е продуцирана во нервните матични клетки со цел да го активира TLX протеинот

Познато ни е дека со олеинска киселина особено богато е ладно цеденото маслиново масло. Иако се’ уште немаме потврда дека преку исхраната, односно преку внесот на олеинска киселина со храната е можно да се искористи за оваа цел, сепак таа опција постои.

Храната богата со незаситени масни киселини, како што е маслиновото масло, не е добра само заради олеинска киселина, туку и заради бројни други компоненти. Повеќе на темата прочитајте тука.

[Поврзано: Незаситени масни киселини – Зошто се здрави и каде да ги најдеме?]

Која е разликата меѓу ладно цеденото и „обичното“ маслиново масло?

Често се среќаваме со овие две опции во супермаркетите, а разликата е доста очигледна и по нивната цена. Но, зошто се ладно цедените масла поскапи и поздрави? Главната разлика лежи во процесот на добивање на маслата од самата суровина, во случајов – маслинките. „Обичното“ маслиново масло или наречено и рафинирано, се добива преку процес кој користи висока температура и растворувачи – услови кои ги оштетуваат и уништуваат биоактивните компоненти во маслиновото масло. Маслиновото масло потоа може да подлежи на уште неколку производствени чекори кој дополнително вклучуваат употреба на разни хемикалии. Во процесот се губат дел од витамините, антиоксидантите и останатите природно присутни компоненти. Исто така, самото масло има малку поинаков вкус и мирис.

Ладно цеденото или „extra virgin“ маслиново масло не подлежи на процеси кои вклучуваат топлина или растворувачи. Тоа се добива исклучиво со гмечење (цедење) на плодот, а ослободеното масло е она што го добива купувачот. На овој начин, единствено преку овој физички метод маслото се ослободува од маслинките, па така ги зачувува и своите карактеристични арома и вкус, но и бројните корисни соединенија кои се заслужни за неговите извонредни здравствени придобивки. Ваквото гмечење дава помалку масло и за самиот процес е потребно повеќе време. Поради тоа, но и поради квалитетот, овие масла се поскапи. Затоа, ладно цеденото маслиново масло содржи непроменети незаситени масти, поголема содржина на
витамини, но и повеќе антиоксиданти – првенствено полифеноли.

Како најдобро да го користиме ладно цеденото маслиново масло?

Ладно цеденото маслиново масло навистина претставува дар од природата и истото треба да се искористи правилно со цел најдобро да се извлечат позитивните ефекти од неговиот извонреден состав. Во тој поглед, очигледно е дека најдобра е неговата употреба во оваа сирова форма – како додаток на салати, преливи и јадења кои не подлежат на значајна термичка обработка. Исто така, може да се додаде како сирово и кон печени или варени зеленчуци, готвени јадења, супи, чорби и сл. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека овој тип на масло содржи термо-стабилни липиди, односно е одлично и за готвење. Истражувањата покажале дека ладно цеденото маслиново масло ги задржува повеќето од своите природно присутни компоненти и по загревање на 180℃. Затоа, примената на маслиновото масло е речиси неограничена и истото треба да го користиме што е можно почесто, бидејќи навистина е најздравата и најдобра варијанта од сите други типови масла и масти.

 

Извор: Oleic acid — a key to activating the brain’s ‘fountain of youth’

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор