fbpx

Студија: ОМЕГА-3 масните киселини може да го намалат ризикот за КАРЦИНОМ на дојка!

tonus

Кога зборуваме за „митови“ кои важат за исхраната, еден од најчестите е оној дека мастите се нездрави. Веќе одамна важи тоа погрешно верување дека мастите и храната која е богата со масти е нездрава и треба да се избегнува. Вистината е дека храната со масти е неопходен дел од нашата секојдневна исхрана и мастите се застапени во огромен број намирници. Целта е да избереме храна која содржи здрави масти, односно форма на масти која е посакувана и препорачлива. Тука воглавно спаѓаат незаситените масти и мастите богати со есенцијалните омега-3 масни киселини. Како храна која се издвојува со својот импресивен состав во овој поглед, може да ги издвоиме: рибата, јаткастите плодови, семињата, маслиново масло и сл.

Кон овие здрави масти науката има препишано огромен број позитивни придобивки, а денес ќе се задржиме на едно интересно истражување кое ги поврзува омега-3 масните киселини со намален ризик за карцином на дојка кај жените со прекумерна тежина.

Што претставуваат омега – 3 масните киселини?

Пред да ги погледнеме нивните потенцијални корисни ефекти за нашето здравје, најпрвин накратко да објасниме што претставуваат омега-3 масните киселини. Веќе добро знаеме дека мастите се делат на заситени и незаситени. Постојано слушаме дека заситените масти треба што помалку да се внесуваат и дека истите може да имаат негативен ефект врз здравјето. Од друга страна, внесот на незаситените масти се охрабрува и препорачува. Тоа се должи главно поради самата структура на мастите, односно поради градбата на нивните молекули. Незаситените масти имаат неправилна, прекршена форма и поради тоа имаат и различен ефект во нашиот организам. Омега – 3 масните киселини се една градбена единка на незаситените масти. Во нивната структура тие се прикачуваат за да формираат поголеми молекули (триглицериди), но сепак допринесуваат значајно за својствата на овој тип масти. Инаку, тие всушност претставуваат есенцијален нутриент – односно нутриент кој нашето тело не може да го создаде самостојно и мора да се внесе преку исхраната

"“Online”/

Постојат повеќе видови на омега – 3 масни киселини, но најчесто застапените се:

  •     EPA – омега – 3 масна киселина која е заслужна за создавање на соединенија под името еикосаноиди (сигнални молекули)
  •     DHA – заслужна за нормално функционирање на мозокот и е застапена како 8% од масата на мозкот
  •     АHA – омега – 3 масна киселина која придонесува за здравјето на срцето, нервниот и имуниот систем

Како добар извор на омега-3 масни киселини се сметаат:

  •     рибата (особено помасните типови риба како лосос, туна, сардини и сл.)  и морските плодови
  •     јаткастите плодови и семките (особено оревите, чиа семето и лененото семе)
  •     растителните масла – маслиново, ленено и др.

Истражување: Омега-3 масните киселини може да го намалат ризикот за карцином на дојка

Нова, неодамнешна студија го проучувала ефектот на овој здрав тип масти врз ризикот за појава на карцином на дојка кај жени. Имено, студијата имала за цел да открие дали има поврзаност меѓу ризикот за карцином на дојка и внесот на незаситени масти, особено оние богати со омега-3 масни киселини. Во студијата биле вклучени над 3.000 жени чии навики за исхрана биле следени.

Резултатите од студијата покажале дека повисок внес на омега-3 масти, особено преку риба и морска храна, се поврзува со намален ризик за карцином на дојка кај жени. Најпозитивни резултати имале жените во пред-менопаузниот период и оние кои имале веќе сериозни останати ризик фактори за карцином на дојка. Особено намален ризик имале и жените со прекумерна тежина кои редовно внесувале омега-3 масни киселини. 

Ваквите резултати се надоврзуваат на огромниот број студии кои имаат најдено позитивна врска меѓу внесот на омега-3 масни киселини и намален ризик за: покачен холестерол, хипертензија, дијабет тип 2, артритис, остеопороза и др.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор