fbpx

Одговори на 7-те најчести прашања за новиот ОМИКРОН сој на коронавирусот!

tonus

Новиот омикрон сој на коронавирусот со голема брзина се шири низ населението и во Македонија. По неодамна утврдениот прв случај на омикрон, сега анализите покажуваат дека огромен дел од позитивните се со оваа варијанта од вирусот. 

Слично како трендовите ширум светот и кај нас достигнуваме пикови на заразата и покрај колективниот имунитет кој во голема мера се формираше во претходниот период. 

За среќа, заболувањето кое го прави омикронот дава полесна клиничка слика и најчесто минува многу полесно од претходните варијанти. Засега клиничките капацитети не се под голем притисок, но треба да останеме сосема внимателни. Многу повеќе на темата, прочитајте во нашата претходна статија: Конечно охрабрувачки информации – Омикрон сојот со 50% – 70% помал ризик од хоспитализација!

"“Online”/

Во продолжение ќе се обидеме да дадеме одговор на неколку од најчестите прашања кога станува збор за оваа нова варијанта на короната.

1. Кои се симптомите на инфекцијата со омикрон и дали се разликуваат од претходните варијанти?

Сите варијанти на новиот коронавирус, вклучително и делтата и омикронот, кои се најзастапени кај нас, даваат слични симптоми – кашлица, треска и замор.

За среќа, досегашните податоци ни укажуваат дека омикронот прави многу помал ризик за пневмонија и потреба од хоспитализација.

[Поврзано: 17 распространети заблуди за КОВИД-19]

Експертите велат дека симптомите се исти, но можат да зависат од стекнатиот имунитет, односно дали веќе сте го минале вирусот и дали сте вакцинирани. Кај вакцинираните лица симптомите вообичаено се и најблаги, за разлика од оние што не го поминале вирусот или не примиле вакцина. Во овој случај симптомите знаат да бидат и многу потешки.

Нешто што можеби го разликува омикронот од претходните соеви е тоа што постојат одредени докази дека вкусот и мирисот поретко се губат.

Бидејќи полесно се шири и размножува, виралната доза е поголема кај омикронот, што значи дека инфицираните со овој сој се многу поинфективни (,,позаразни”), од заразените со било која претходна варијанта на корона.

Многу повеќе детали околу она што значи вирална доза и зошто ни е важна, прочитајте тука.

2. Што да правиме ако не сме во можност да се тестираме во разумен временски рок?

Огромниот број на заболени во ист временски интервал, како и помалиот капациетет за тестирање на државните здравствени институции честопати го прават тестирањето невозможно за голем дел од луѓето што имаат потреба.

Ако не сте во можност да се тестирате, а повеќе симптоми укажуваат на Ковид-19, најдобро е да се однесувате како веќе да го имате вирусот. Тоа ви значело да се изолирате од контакт со другите луѓе, барем додека ви траат симптомите.

Дополнително, добар избор за утврдување дали сте заразни се и брзите тестови што можете да ги направите и во домашни услови (секако внимателно следејќи ја процедурата наведена во упатството). За да бидете уште посигурни во резултатот, направете два тестови во два последователни денови.

Важно е да се каже дека позитивниот брз тест е нешто на што можеме да се потпреме, додека негативниот треба да го потврдиме со PCR тестирање ако симптомите ни се конзистентни. PCR тестовите се далеку попрецизни, односно посензитивни.

[Поврзано: КРАТКО и ЈАСНО: штоо треба да знаете за ТЕСТОВИТЕ за корона?]

3. Дали навистина имаме потреба да дознаеме дали сме позитивни ако болеста не ни предизвикува сериозни здравствени проблеми?

Според експертите од областа, потребата постои заради неколку значајни причини:

  • Во случај болеста понатаму да прогресира, следејќи ја подетално состојбата може да ни помогне да избегнеме одредени здравствени компликации.

  • Знаејќи со голема сигурност дека сме позитивни, ќе ја намали шансата од ширење на болеста, односно од заразувањето на нови лица што понатаму би ја ширеле болеста.

  • Информацијата за позитивен тест може да им помогне на лицата со кои сте биле во контакт да се изолираат и да се тестираат. Ова е особено важно ако лицата се од одредена ризична категорија.

    4. Дали има потреба од тестирање ако сме вакцинирани, но се сомневаме дека сме биле непосредно изложени на заразени лица?

За жал, податоците покажуваат дека болеста ја добиваат и шират и вакцинираните, па дури и веќе еднаш прележаните лица. Во тој контекст, да, идејата за изолирање и тестирање и во вакви ситуација е добра.

Американскиот CDC препорачува тестирање 5-7 по контактот со лицата потенцијални носители или потврдени заразени со корона.

Ако контактот се одвивал на отворено и со маски, ризикот е помал и потребата од тестирање е валидна само при развивање симптоми.

[Поврзано: ВАЖНО: 8 правила за САМОИЗОЛАЦИЈА]

5. Дали реинфекциите со омикрон сојот се можни? Дали вакцинираните лица заболуваат исто така?

За жал податоците и искуствата покажуваат дека секој може да се зарази со новиот сој, иако 90 дена по прележувањето веројатноста за реинфицирање е навистина многу мала.

Иако искуствата покажуваат дека вакцинирањето не заштитува 100% од реинфекција или инфекција, сепак тоа го намалува ризикот за дури 50%. Секако, ризикот од хоспитализација и смрт е уште повеќе намален кај вакцинираните.

6. Како омикронот делува на повозраснтата и поранливата популација?

Најголемиот дел од инфекциите со омикрон се кај помладите и здрави лица. Заради овие причини се уште не постојат релевантни податоци колку опасен е овој сој за лицата над 65 години кои имаат послаб имунитет и коморбидитети.

Затоа, многу е важно да ги заштитиме овие категории на лица од многу контакти. Исто така е многу важно тие да се вакцинираат и максимално да ги почитуваат мерките за заштита.

7. Дали носењето на маска е веќе бесмислено?

Како што веќе споменавме повеќе пати, виралната доза на заболените со омикрон е поголема. Имајќи предвид дека омикрон е неверојатно инфекцивен, маската е многу важна кога сме во затворен простор и во простори каде е невозможно одржувањето социјална дистанца. Најефективни се маските N95.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор