fbpx

Конечно охрабрувачки информации – Омикрон сојот со 50%-70% помал ризик од хоспитализација!

tonus

Првиот случај на познатиот ,,Омикрон” веќе e детектиран и во Македонија. Досега доминантна варијанта на коронавирусот кај нас беше ,,Делтата”. Во однос на сите претходни варијанти, новиот омикрон се шири премногу брзо и веројатно нема дилема дека тој ќе биде и доминантниот сој во иднина насекаде во светот.

[Поврзано: Создаден ИМУНИТЕТ против коронавирусот – Вакцинација vs Прележување]

Поголем степен на заразност, но помала веројатност за несакан исход на болеста?

,,Луѓето што ја имаат ,,фатено” или во иднина ќе бидат заразени со омикрон варијантата на коронавирусот, имаат за 50-70% помал ризик од хоспитализација или потреба од болничко лекување, во споредба со ризикот што го имале пациентите инфицирани со некоја од претходните варијанти на вирусот.”

"“Online”/

Ова се вели во едно од известувањата на британските здравствени власти. Од таму велат дека најновите податоци на оваа тема се доста ,,охрабрувачки” и ,,ветувачки”, но дека треба да останеме претпазливи, бидејќи сè уште не може со доволна сигурност да се исклучи нов наплив на пациенти низ болниците.

Нагласуваат и дека сè уште е многу рано да се определат следните чекори во однос на пандемијата, односно кои би биле соодветните рестриктивни мерки. 

Што друго ни покажуваат последните релевантни податоци во врска со Омикрон варијантата?

Во својата научна анализа, британските власти за основа ги имаат податоците од Јужно Африканската Република, Данска, Англија и Шкотска. За среќа, сите искуства велат дека оваа варијанта дава помалку лоша клиничка слика.

Резултатите од анализата покажуваат дека шансите за потреба од третман во одделенијата за интензивна нега се намалени помеѓу 31% и 45%,  во споредба со делта сојот. Дополнително, за 50 до 70% намалени се шансите за потреба од хоспитализација со Омикронот, во однос на останатите претходни соеви.

[Поврзано: Ново истражување: инфекција со коронавирусот и здравата храна]

Останува опасноста од оптеретување на здравствениот систем?

Споменавме дека новата варијанта на вирусот по сè изгледа е доста помалку опасна, но од друга страна дефинитивно станува збор за сој што екстремно побргу се шири.

Тоа би значело дека многу поголем број на луѓе би биле заразени, што повторно би се одразило на болничките капацитети (секако, веднаш потоа и на целокупната економија преку заострените мерки).

За жал, во Британија веќе се случуваат огромни зголемувања на броевите.

Како омикронот ќе делува на ранливите категории помеѓу населението?

Дополнително, постои несигурност околу тоа како Омикрон ќе делува на повозрасните, бидејќи во искуствата и испитувањата досега најголемиот дел од заболените, па и хоспитализираните, беа под 40 години. Со зголеменото ширење, вирусот лесно може да ,,стигне” и кај повозрасните, (и) ранливи категории.

Последни податоци укажуваат и дека способноста на вакцините да го запрат инфицирањето со Омикрон варијантата започнува да ,,бледнее” 10 недели по 3-тата доза (за 15-25%). Сепак, заштитувањето од потребата за болничко лекување и од смртен исход, останува да важи.

Од информациите од Британија лесно можеме да заклучиме дека, за лицата повозрасни од 60 години, добро е да се прими 3-тата ,,бустер” доза на вакцина. Како и да е, експертите посочуваат дека најдобрата вакцина веројатно би била онаа ,,специјализираната” за новата Омикрон варијанта на коронавирусот.

Бидете внимателни за време на празниците!

Тоа што новата варијанта е ,,послаба” не значи дека треба да претеруваме со некогаш и целосно непотребни престојувања во затворен простор, со голем број на луѓе.

Исто така, тоа не значи дека делта варијантата сè уште не е доминантна кај нас во Македонија.

Затоа, бидете внимателни за време на празниците и придржувајте се до мерките, особено ако вие или некој ваш близок е во некаква ранлива категорија во однос на вирусот.

[Поврзано: Пандемијата како мотив за промена на навиките кон подобро!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор