fbpx

Рецепт – Пролетен омлет

tonus

Рецептот кој ќе ви го предложиме денес е одлична опција за појадок, но и за ручек. Брзо се подготвува и за него се користат сезонските пролетни зеленчуци, што го прави и исклучително нутритивен и здрав. Сите намирници се лесно достапни на нашите пазари и за подготовка на овој оброк ќе ви бидат потребни само околу 15-20 минути и притоа се добиваат 2 порции.

 

Во овој омлет ќе ги искористиме младиот кромид, зелените пиперки, доматот и младите тиквички како зеленчуци типични за овој период од годината. Тие се свежи, лесни и ниско калорични и се одлични како прилог на јајцата кои се нутритивно богати, особено со протеини и масти.

 

Младиот кромид е зеленчук со многу ниска калориска вредност (само 32 калории/100g), а е богат со витамините К, Ц и В9.

"“Online”/

 

Младата тиквичка пак, е богата со витамините А, Ц, В6 и В9. Таа исто така го содржи во значително количество и манганот како и калиумот и магнезиумот. Таа е исто така исклучително ниско калорична (9 калории/100g). Содржи и антиоксиданти, особено каротеноидите – лутеин и бета – каротен. Овие антиоксиданти се особено здрави за нашата кожа и очи.

 

Зелената пиперка е високо богата со витаминот Ц, таа всушност содржи два пати повеќе витамин Ц отоколку портокалот и останатите цитрусни овошја. Таа исто така ги содржи витамините В6, К, Е и А, како и минералот калиум.

 

 

За овој рецепт потребни ќе ви бидат:

  • 4 јајца
  • 2 зелени пиперки, исецкани
  • 1 врзоп млад кромид, ситно исецкан на кругчиња
  • 1 голем домат, исецкан ситно
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 млада тиквичка, исецкана
  • 100g урда
  • 5-6 маслинки (по желба)
  • Сол и мелен црн бибер
  • Неколку капки маслиново масло

 

Начин на подготовка:

  1. Во тавче ставете неколку капки маслиново масло и додадете ги исецканите кромид, пиперки и лук. Пропржете 5-6 минути, односно додека кромидот и пиперката не омекнат.
  2. Додадете ги доматот и тиквичката. Гответе околу минути, доматот и тиквичката треба да се сварени, а водата која ја испуштиле делумно да испари.
  3. На ваквата смеса од зеленчуци додадете и малку сол, мелен црн бибер и зачини по ваша желба.
  4. Во посебен сад изматете ги јајцата и додадете ја урдата. На средна температура, ваквата смеса истурете ја во тавчето и мешајте. Ваквата смеса гответе ја 3-4 минути и потоа тргнете ја од оган. На ваквиот омлет, по желба додадете ги исецканите маслинки и послужете.

 

Нутритивна вредност по порција:

 

Калории: 305 Јаглехидрати: 14g од кои растителни влакна: 5g  Протеини: 20g; Масти: 17g од кои заситени масти: 4,5g; Витамин K: 40µg; Витамин Б3: 2,5mg; Витамин Б12: 1,2µg; Витамин Ц: 185mg; Витамин A: 5500IU; Витамин Д: 75IU; Фосфор: 330mg; Селен: 33µg; Железо: 3,1mg; Цинк: 2,1mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор