fbpx

Можно ли е да СЛАБЕЕТЕ, а ВАГАТА тоа да не го ”регистрира”? – Зошто не треба да се опседнуваме со броевите на вагата?

tonus

Честото мерење на телесната тежина е речиси нераскинлив дел од процесот на слабеење. Но, вашата телесна тежина не е само бројка, туку нешто што всушност може да го смени чувството во однос на самите себеси.

Постојат доста дебати околу корисноста на постојаното мерење телесна тежина, особено секојдневното. Тоа може да даде ,,лажна надеж”, но и да ги обесхрабри, од друга страна, оние кои очекувале пребрзи резултати од обидите за слабеење.

Што всушност означува бројот што го гледаме на вагата?

Што означува бројката што ја гледаме на вагата? Како таа информација може да ни биде корисна во однос на следењето на прогресот со намалувањето на тежината? 

"“Online”/

Во продолжение, одговори токму на овие, инаку многу важни прашања.

Вистинската перспектива во однос на овие дилеми, има потенцијал да даде комплетно различен фокус и однос кон губењето на телесната тежина, односно кон здравото слабеење.

Бројот на вагата ја дава вкупната телесна тежина, без притоа да ни укаже од што таа тежина е составена

Бројот на вагата ја покажува нашата вкупна телесна тежина, вклучително маснотиите, мускулното ткиво, водата, коските итн. Главната улога при губењето на телесната маса ја имаат маснотиите, но доаѓа и до намалување на нивото на вода и на мускулно ткиво (некогаш и на значителен дел).

Она што е позитивно при слабеењето е губењето на маснотиите. Намалувањето на мускулната маса е нешто што сакаме да го избегнеме заради повеќе причини. 

На пример, губењето на мускулно ткиво, ќе го видиме како намалување на бројката на вагата, но тоа е негативно бидејќи го успорува метаболизмот (полесно станува понатамошното зголемување на тежината), создава замор, го зголемува ризикот од повреди, ја намалува невромускулната функција, па дури има потенцијал негативно да влијае на психолошката состојба на поединецот.

Слабеењето е позитивно ако се губат маснотиите кои се во вишок!

Колку и апсурдно да звучи, здравото слабеење не секогаш значи и намалена бројка на вагата.  Исто така, не секогаш намалениот број на вагата значи нешто позитивно. 

На пример бодибилдерите имаат покачен BMI, што не значи дека имаат вишок телесна тежина.

Дополнително, некои луѓе имаат BMI во нормални рамки, или имаат телесна тежина во рамки на нормалата што не значи дека немаат вишок масно ткиво! Зошто вишокот масно ткиво е опасно, особено во пределот на стомакот, прочитајте тука.

[Поврзано: BMI е одличен индикатор, но има и свои недостатоци!]

Можно е да слабеете, без тоа да го ,,регистрира” вагата

Ова е случај кога телото губи масно ткиво, но добива ново мускулно. На тој начин телесната тежина може и да остане иста, дури и ако загубите сантиметри во струкот или бутините. Тоа е всушност знак дека се движите во вистинската насока.

Значи, да повториме – препознавањето на разликата помеѓу губење телесна тежина и губење масно ткиво, може да направи значително поместување во однос на тоа како го доживувате вашиот прогрес.

За жал типичните ваги не можат да ни дадат ваква информација. Вакви податоци можеме да добиеме од специјализирани ваги, но на крајот на денот, нашиот прогрес во оваа смисла можеме да го измериме и на повеќе други начини.

[Поврзано: Вагата може да биде и наш пријател! Како правилно да ја користите?]

Оценувајте го својот напредок на поинаков начин

Кога сте на самиот почеток на процесот наречен здраво слабеење, можеби ќе Ви биде потребно дополнително охрабрување и потврда дека она што го правите дава повидлив резултат. Вагата некогаш нема да ви биде сојузник во оваа насока.


Затоа, употребувајќи други начини за одмерување на напредокот, можеме да си помогнеме и да останеме мотивирани, па и да сфатиме дека промените се случуваат, без разлика што ,,вели” вагата!

Запомнете дека во однос на тоа колку и колку брзо ќе губите тежина (масти) зависи од бројни фактори, како возраст, количество килограми (масти) во вишок, генетски фактор и други фактори надвор од наша контрола. Ако не губите сантиметри во бутините, тоа не значи дека не слабеете никаде. Можеби слабеете повеќе на некои места за кои не ги ,,забележувате”.

Други начини за оценување на напредокот:

  •  Забележете како ви стои облеката – Ако нешто што претходно Ве ,,стегало” сега ви стои прилично добро, значи дека сте на добар пат. Облеката не може да не’ излаже.

  • Мерете го својот обем на струк, но и на другите делови од телото, како рацете и/или бутините.

  • Ако имате можност, направете проценка на масното ткиво и на пропорциите масно ткиво vs мускулно ткиво. Ова можете да го направите преку анализа на биоелектрична импендаса (метод за определување на телесна композиција), скинфолд тест или преку други медицински попрецизни методи.

  • Користете онлајн калкулатор – иако различните калкулатори не се доволно прецизни, тие можат да бидат некаков индикатор за телесните маснотии.

  • Поставувајте си цели –  наместо да се грижите колку грама сте ослабеле во денот, секојдневно ,,подигнувајте ја летвичката” во физичката активност што ја имате. На пример ако трчате, предизвикувајте се да трчате повеќе или во интервали, ако возите велосипед, забележете колку сте се заморувале претходно, а колку сега, ако правите вежби со сопствена тежина, забележете колку сте можеле порано, а колку сега итн. На тој начин лесно ќе можете да го забележите прогресот.

  • Забележувајте како се чувствувате во врска со вашето тело

[Поврзано: Што значи да се слабее здраво? Главни принципи на здравото слабеење!]

Програма за здраво слабеење на Д-р Митов: Здраво Слабеење!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор