fbpx

ОПТИМАКС – природна доза оптимизам

tonus

Лековитите билки се нешто што му е познато на човекот веќе неколку илјадници години. Тие се употребуваат уште од најраните записи за човештвото, а нивните позитивни ефекти врз човековото здравје биле добро познати и ценети. За речиси сите здравствени проблеми и тегоби постои одредена билка која може да помогне при ублажувањето на симптомите или третирање на состојбата.

Нашата држава со својата умерена клима е погодна за одгледување на голем број на лековити билки, а голем дел од нив се среќаваат и во дивината. Една таква карактеристична билка за нашите простори е и кантарионот, кој е добро познат за нашиот народ и кој има голем број на примени. Па затоа, во продолжение ќе зборуваме подетално за кантарионот и за потентниот екстракт кој се добива од него.

 

Кантарион – препознатлив по карактеристичниот жолт цвет

 

Кантарионот (Hypericum perforatum) претставува повеќегодишна тревна билка. Тој има релативно исправено стебло, без лисја и може да порасне од 20 па до 100cm. Има карактеристични и воочливи жолти цветови, кои се во својот пик во периодот од мај до септември.

"“Online”/

На кантарионот му се потребни умерено плодни почви, како и умерена температура и изложеност на светлина. Најуспешно расте во предели каде климата е суптропска. На нашите простори успева одлично и често се среќава по планинините и ливадите.

Кантарионот има повеќе различни примени, а можеби најпознатите се подготовката на чај и масло. Маслото од кантарион е често применувано и се подготвува со потопување на свежи цветови од билката во некаков вид на растително масло (најчесто во маслиново). Цветовите се оставаат во растителното масло повеќе недели, најчесто на сонце.

Ваквото масло потоа може да се користи за негување на кожата и третирање на изгореници, воспаленија или за разни оштетувања и повреди. Покрај масло, од цветовите на кантарионот може да се подготви и чај, кој се смета дека има смирувачко и релаксирачко дејство.

 

ОПТИМАКС – природна доза оптимизам

 

Нашиот нов производ – ОПТИМАКС е резултат на големата популарност и на бројните позитивни ефекти кои ги има оваа билка. Имено, кантарионот е растение кое е доста проучувано во последните години, а ваквите истражувања особено се фокусираат на неговиот антидепресивен ефект. Во голем број држави низ светот, се продава сув екстракт од цветовите на кантарионот, кој се користи како секојдневен суплемент.

Активната состојка во овој екстракт се нарекува хиперицин и токму кон неа се препишуваат позитивните карактеристики и бенефити. Производот ОПТИМАКС содржи 300mg сув екстракт на хиперицин, добиен од цветот на кантарионот.

Но, нови истражувања покажуваат дека и одредени други соединенија, како што се хиперфорин и адхиперфоринот, се заслужни за бенефитите и дејството на екстрактот од кантарион. Ваквите соединенија се смета дека делуваат врз одредени рецептори во мозокот и на тој начин помагаат при регулирање и подобрување на расположението. Исто така, тие допринесуваат кон создавање на невротрансмитерисеротонин, допамин и норадреналин, соединенија заслужни за подобро расположение.

 

Што велат истражувањата?

 

Еден преглед од 2016 година, кој опфатил 35 засебни студии, покажал дека екстрактот од кантарион ги намалува и ублажува симптомите на слаба до умерена депресија, многу повеќе од плацебо и дури имал сличен ефект на комерцијален антидепресив.

 

Слична анализа од 2017 година, која земала во предвид 27 различни студии, покажала дека кантарионот има сличен ефект како и комерцијален антидепресив при третирање на блага до умерена депресија.

 

Уште едно истражување од 2015 година, каде биле анализирани 66 претходно објавени студии, со вкупно 15,161 учесник, покажало дека екстрактот од кантарион има слично дејство на комерцијален антидепресив, при третирањето на слаба до умерена депресија. Покрај тоа, користењето на ваквиот екстракт имало помалку непосакувани ефекти, наспроти антидепресивите.

 

Истражувањата покажале дека екстрактот од кантарион не е препорачлив за луѓето со сериозна депресија. Исто така, за воочување на позитивните ефекти од кантарионот, потребно е време (најмалку неколку недели).

 

При подолго земање на ваквиот суплемент, неопходно е внимателно да се прочита упатството. Кај луѓето со посветла кожа кои земаат поголеми дози од екстрактот, можно е да дојде до зголемена сензитивност при изложување на сонце. Исто така, луѓето кои користат други терапии и лекарства, потребно е да се консултираат со нивниот лекар пред започнување со користње на екстрактот од кантарион. Ваквиот суплемент не се препорачува за трудници и за жени кои дојат.

 

Користен ширум Европа и светот

 

Лековитите својства на кантарионот се познати за човекот веќе стотици години. Во минатото, тој се користел често за третирање на рани и повреди, а неговите антибактериски својства се научно потврдени во дваесеттиот век. Денес, екстрактот од кантарион наоѓа примена ширум светот, а доста е користен и популарен во Европа, особено во Германија каде наоѓа примена како растителен екстракт за третирање на депресија.

 

Во САД, екстрактот од кантарион се смета за суплемент, односно додаток на исхраната и се користи за третирање на благи до умерени симптоми на депресија.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор