fbpx

ОПТИМАКС за подобро контролирање на СТРЕСОТ – Помага и при OCD и SSD?

tonus

Стресот во денешно време е дефинитивно еден од најголемите нарушувачи на квалитетот на живот. Тој може да биде предизвикан од најразлични ситуации и состојби, а се дели на акутен и хроничен.

Иако повишената секреција на кортизол предизвикана од стрес е корисна на краток рок (природен механизам на телото за поуспешно справување со ,,итни” состојби), сепак постојано високите нивоа на овој т.н. стрес хормон, можат да предизвикаат најразлични проблеми, а притоа да покажат и одредени специфични симптоми. Повеќе околу симптомите на повишен кортизол и справувањето со нив, прочитајте тука.

Стресот делува на менталното, но има импликации и врз физичкото здравје. Во некои од претходните статии зборувавме токму на овие теми, односно како стресот влијае врз имунитетот и врз телесната тежина. Но стресот може да води и кон низа други физички последици.

"“Online”/

Eден од најголемите предизвици на модерното време

Кај возрасните лица, најдобро познатиот стрес е оној од работното место. Секако, акутниот стрес нѝ е од корист и значително помага за фокусот и концентрацијата, но како да го препознаеме и избегнеме постојаниот или хроничен стрес предизвикан од секојдневниот притисок на работните обврски?

Дали после работните обврски наместо да уживате во вечерта и да се релаксирате, мислите ви остануваат на работа? Постојано ве обземаат мисли за утрешните тешки обврски? Повеќе на оваа тема, прочитајте тука

Во продолжение, повеќе околу тоа зошто и како екстрактот од кантарион може да ни помогне за полесно контролирање на стресот, расположението и анксиозноста.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Лековита билка со векови

Кантарионот (Hypericum perforatum) претставува повеќегодишна тревна билка. Тој има релативно исправено стебло, без лисја и може да порасне од 20 па до 100cm. Има специфични, воочливи жолти цветови, кои се во својот пик во периодот од мај до септември. Карактеристичен е за пределите со поумерена клима, како Европа, Северна Америка и Азија.

Кантарионот има исклучително богата историја во традиционалната или ,,хербална” медицина. Најчесто бил користен за побрзо залекување на раните, а во денешно време најпозната е неговата употреба за третирање на поблаги облици на депресија.

[Поврзано: Екстракт од кантарион – признат како антидепресив во Германија уште во 80-тите години!]

Суплементирањето со хиперицин може да има и бројни други позитивни ефекти, покрај главниот: третирање депресија, полесна релаксација, поуспешно справување со несоницата и слично.

Помеѓу нив повеќе истражувања го споменуваат и поуспешното контролирање на стресот.

Како кантарионот може да помогне при стрес

Истражувањата утврдуваат дека екстрактот од кантарион истовремено ја инхибира реапсорпцијата на повеќе невротрансмитери што директно влијаат на нашето расположение, правејќи ги овие компоненти поефективни. Поконкретно, екстрактот од кантарион влијае на:

Серотонинот хиперфоринот од кантарион екстрактот

GABA или гама-аминобутерната киселина хиперицинот кој исто така се содржи во екстрактот од жолт кантарион

L-глутамат адхиперфоринот на жолтиот кантариот 

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ?]

Бенефитите и употребата на жолтиот кантариот за стрес

Клиничките студии укажуваат дека жолтиот кантарион може да биде многу безбеден начин (без несакани ефекти) за намалување на анксиозноста и подобрување на расположението, особено во контекст на нарушувањата на расположението.

Една рандомизирана, плацебо-контролирана клиничка студија со пациенти што страдаат од сезонска депресија (сезонско афективно пореметување) ни дава интересни резултати. Имено, волонтерите биле поделени во 2 групи – во првата примале плацебо терапија, а во другата  900mg екстракт од кантарион комбиниран со 2 часовно изложување на сончева светлина, секојдневно, 4 последователни недели. Инаку, ,,сезонската депресија” се одликува со специфични симптоми во поголемиот дел од времето, во одреден дел од годината. Симптомите вклучуваат проблеми со заспиувањето или несоница, нарушен апетит, нагло слабеење и постојани промени во расположението.

Истражувачите утврдуваат сериозен пад во добиените резултати на Хамилтоновата скала за проценување на депресивност кај горенаведената втора група. Тие го заклучуваат следното: третманот со хиперикум може да биде сосема ефикасна терапија за сезонското афективно пореметување или за сезонската депресија.

Оптимакс за соматизационо растројство (SSD)

Во една клиничка студија со над 150 волонтери со SSD, проценуван бил ефектот на екстрактот од жолт кантарион. Резултатите покажале дека суплементите од кантарион имале значително корисно дејство според повеќето скалила за мерење на физички симптоми на анксиозноста. На крајот од истражувањето се заклучува дека екстрактот од кантарион има силна ефикасност и речиси никакви контра-ефекти во третманот на SSD.

Оптимакс за опсесивно-компулзивно растројство (OCD)

Според едно истражување со лица што страдаат од OCD, екстрактот од кантарион може да биде од голема помош. Имено, на испитаниците двапати дневно им биле давани суплементи од 450mg екстракт од кантарион, со 0,3% содржина на хиперицин, во период од 12 недели. Истражувачите укажуваат на сериозен пад во скалата за мерење на OCD, наречена Y-BOCS.

Дозирање ОПТИМАКС за контролирање на стресот

– Споменатите истражување користат 300-900mg екстракт од жолт кантарион на дневно ниво.

– Една капсула Оптимакс обезбедува 300mg екстракт, со 0,3% хиперицин.

– Се препорачува 3 пати на ден, заедно со оброкот.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор