fbpx

Како делува екстрактот од кантарион (ОПТИМАКС) во нашето тело за да ни ПОМОГНЕ со депресијата? – Механизам на биолошко дејство

tonus

Кантарионот е билка (Hypericum perforatum) што се користи со векови, а моментално нејзините суплементи се помеѓу најпродаваните ,,хербални лекови” во САД, но и во европски земји, како Германија. Во оваа држава на ЕУ на пример, суплементите од кантарион се попопуларни дури и од одредени широко распространети лекарства, како Флуоксетин или Прозак.

Екстрактот од кантарион (хиперицин), инаку главна активна компонента во нашиот нов производ ОПТИМАКС, официјално е лиценциран како антидепресив во Германија уште од 1988-та година.

Во претходните статии зборувавме за кои се’ проблематики може да биде корисен ОПТИМАКС-от, а денес ќе посветиме повеќе внимание на составните, активни компоненти и за нивниот механизам на дејство.

"“Online”/

[Поврзано: Екстрактот од кантарион помага и за ТОПЛИТЕ БРАНОВИ во (пост)менопауза!]

Состав на екстрактот од кантарион

Постојат бројни активни состојки кај кантарионот. Најголемите групи се хиперицин, псеудохиперицин и хиперфорин. Секоја од нив е истражувана во повеќе наврати и кај секоја утврдени се значителни анти-депресивни својства. И покрај овој факт, се’ уште не можеме да кажеме сосема јасно зошто екстрактот од кантарион толку често успешно ги третира симптомите на депресијата.

[Поврзано: ОПТИМАКС за подобар сон?]

Биохемиски механизми зад ефектот на кантарионот

Најпрвите студии во врска со оваа тема, покажале дека екстрактот од оваа билка е слаб инхибитор (попречувач на дејството) на ензимот моноамин оксидаза или МАО. Дејството на овој ензим е во насока на забрзување на разградбата на различни невротрансмитери, вклучително и познатите серотонин и норадреналин. Попречувањето на ефектот на споменатите МАО ензими, води кон значително намалено разградување на споменатите невротрансмитери кои се задолжени за контролирање на расположението. На овој начин се овозможува нивно продолжено дејство што резултира и со продолжени периоди на добро и стабилно расположение.

Поновите истражувања покажуваат дека екстрактот од кантарион може да ги активира рецепторите на аденозинот, гама-бутерната киселина (ГАБА), како и рецепторите на глутаматот.

Аденозинот, ГАБА и глутаматот претставуваат невротрансмитерски супстанции кои природно се присутни во мозокот. Активирањето на рецепторите на аденозинот се смета дека води кон чувство на смиреност и исполнетост. ГАБА невротрансмитерите имаат инхибиторна (попречување) улога, односно има улога на еден вид ,,систем на сопирачки” во мозокот. Нефункционирањето на ГАБА рецепторите може да предизвика депресивност и анксиозност; оттука активацијата на ваквите рецептори може значително да придонесе во регулацијата на расположението.

Глутаматот пак, игра важна активирачка и ,,енергизирачка” улога во мозокот. Проблемите во функционирањето на рецепторите за оваа супстанца можат да имаат сериозни последици и да водат кон тешка депресија. Нивното активирање пак, делува превентивно во оваа смисла.

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

Крајниот позитивен ефект на оваа билка е резултат на комплексната природа на билките


Фармацијата како научна област постојано учи и се ,,мотивира” од природата. Впрочем, комплексноста и разлноликоста во природните метаболизми на различните билки, со децении претставува мотив и инспирација за создавање најразлични лекарства со широка примена.

Како и за голем број други билки, исклучително е тешко да се откријат прецизните и целокупните механизми зад дејство на екстрактот од кантарион, иако постојат бројни истражувања на тематиката. Тоа е заради претходно споменатата комплексност во составот и пропорциите на составните компоненти на билките.

Како и да е, со голема веројатно може да кажеме дека позитивниот ефект, во овој случај, како и во многу други кога станува збор за билки, се должи на комбинацијата од компоненти што ја содржи кантарионот, а не на една засебна или пак на неколку хемикалии. Помеѓу сплетот од составни компоненти, само неколку се потврдено активни, но нивната биоактивност честопати е условена од присуство на некои други елементи во билката.

На пример, се спроведуваат бројни истражувања за активната биолошка улога во екстрактот од кантарион на присутните антиоксидативни супстанции, наречени флавоноиди. Иако тие се’ уште не можат да се потврдат како активни компоненти на екстрактот од кантарион, сепак истражувањата посочуваат дека на некој начин флавоноидните компоненти претставуваат ,,контролори” на ефектот што го има хиперицинот.

Според достапните податоци, 30-50% од фитохемикалиите на кантарионот не се доволно истражени, а помеѓу нив сигурно има компоненти со биолошка активност.

[Пповрзано: Не се доволни витамините и минералите, ни требаат ФИТОХЕМИКАЛИИ!]

Затоа, според досегашните научни сознанија, за ,,активна компонента” треба да се зема целиот комплексен екстракт, а не единечна составна хемикалија. 

Извор:

“St. John’s wort: Role of active compounds for its mechanism of action and efficacy”, Wien Med Wochenschr

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор