fbpx

НОВА СТУДИЈА – Екстрактот од кантарион помага и за ТОПЛИТЕ БРАНОВИ во (пост)менопауза!

tonus

Во неколку од претходните статии ви го претставивме нашиот нов производ наречен ОПТИМАКС. Станува збор за природен лек базиран на активната состојка на кантарионот – хиперицин.

Иако во екстрактот од кантарион се присутни и други активни компоненти со позитивни влијанија по нашето здравје, како хиперфорин и адхиперфорин, сепак главниот ефект на екстрактот се препишува токму на споменатиот хиперицин.

Новите истражувања откриваат и нови позитивни ефекти!

Во претходните статии зборувавме за повеќе извонредни здравствени бенефити од користењето на екстрактот од кантарион. Главно, се осврнавме на употребата на хиперицинот за поблагите облици на депресија.

"“Online”/

[Поврзано: Екстракт од кантарион – признат како антидепресив во Германија уште од 80-тите години!]

Во продолжение, нешто повеќе околу едно истражување што јасно укажува дека екстрактот од кантарион може да најде примена и во третирањето на еден друг многу чест проблем помеѓу населението. Станува збор за проблематичните жешки бранови при менопауза кои се јавуваат кај женскиот дел од популацијата.

[Поврзано: Крварење по менопауза? Кога треба да се закаже преглед?]

Многу повеќе детали на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии: Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопауза; Што може да најавуваат топлите бранови?

[Поврзано: Депресијата не е САМО обична тага!]

Сè побројни позитивни ефекти од кантарионот!

Суплементите на база на кантарион можат да помогнат при топлите бранови што честопати ги измачуваат жените во менопауза, се вели во една понова студија објавена во научното списание Complementary Therapies in Medicine во 2019-тата година.

Во неа се забележува и дека постојат силни докази за ефективноста на екстрактот од кантарион при слаба до умерена депресија, но дека ефектите не застануваат тука.

Според истражувачите од оваа студија, суплементирање H. perforatum може да биде навистина ефективен начин за намалување на инциденцата или зачестеноста на топлите бранови, како и за депресивните нарушувања кај жените во (пост)менопауза.

Заради овие причини, употребата на природните екстракти од кантарион се препорачуваат и за оваа намена.

[Поврзано: Зошто МАЖИТЕ, но и ЖЕНИТЕ, по 40-тата година потешко слабеат?]

Нешто повеќе околу студијата

Истражувачите регрутирале точно 80 жени во периодот на постменопауза, со возраст помеѓу 45 и 60 години во нивната рандомизирана, двојно слепа, плацебо-контролирана студија.

По случаен избор, на жените им биле поделени пилули од екстракт од кантарион (0,9 mg екстракт од H. perforatum на дневна основа, што соодветствува со концентрација на хиперицин во ОПТИМАКСОТ) или пак плацебо варијанта. Истражувањето траело повеќе недели.

Што покажале резултатите? Кај жените што го комплетирале истражувањето консумирајќи кантарион пилули, зачестеноста и интензитетот на топлите бранови биле значително намалени.

На крајот на 8-мата недела од истражувањето, дури 62,9% од жените што користеле H. perforatum биле целосно ослободени од топлите бранови, во споредба со само 2,9% од контролната група.

Забежелан бил и друг, очекувано позитивен ефект!

Дополнително, како што би можело и да се очекува имајќи ги предвид повеќето претходни студии на суплементите од кантарион, забележано било дека по 2 месеци од спроведеното истражување, 4 од 5 жените веќе немале проблеми со депресивни нарушувања. Во споредба со ова, кај контролната група, процентот бил 5,7.

Интензитетот на депресијата бил определуван или мерен според Хамилтоновата скала.

[Поврзано: Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

Извор:
,,The effect of Hypericum perforatum on postmenopausal symptoms and depression: A randomized controlled trial” , Complementary Therapies in Medicine, August 2019

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор