fbpx

Оралното здравје претставува ,,прозорец”  кон целокупното здравје на човекот

tonus

Дали сте знаеле дека проблемите со оралното здравје можат значително да влијаат на она што подразбираме под целокупно здравје?

Така, учејќи повеќе на оваа тема и практикувајќи ги основните совети за превенција на орални заболувања, придонесуваме за подобро здравје во целина. Хигиената на комплетната усна празнина е многу поважна од што мислиме, иако неретко се потценува. Затоа во повеќе од претходните статии обрнувавме внимание на повеќе теми поврзани со здравјето на усната празнина.

[Поврзано: Побелен јазик – што може да значи, што го предизвикува и како да си помогнеме]

"“Online”/

Денес, нешто повеќе околу тоа на кој начин здравјето на устата, забите и непцата влијае на генералното здравје!

[Поврзано: ГИНГИВИТИСС или воспаление на непцата – причини и последици!]

 

Која е поврзаноста помеѓу оралното здравје и целокупното здравје?

 

 

Како и повеќето делови од телото, така и усната празнина има свој микробиом, односно заедница на корисни бактерии, во најголема мера сосема безопасни. Но, устата е влезната ,,точка” во дигестивниот и респираторниот систем, па некои од бактериите (во одредени услови) можат да водат и кон инфекции, односно заболувања.

 

Во нормални услови, природните механизми на одбрана на телото и добрата орална хигиена (редовно миење заби, користење конец за заби..) се доволни за потенцијално штетните бактерии да се држат под контрола. Сепак, нередовното одржување на хигиената, бактериските заедници можат да достигнат нивоа што имаат потенцијал да создадат одредени инфекции, што водат кон кариес, заболувања на непцата и слично.

 

Исто така одредени медикаменти, како антихистамини, аналгетици, диуретици, антидепресиви – можат да го намалат протокот на плунката. Плунката служи за неутрализирање на киселините создавани од бактериите во устата, заштитувајќи ја усната празнина од претерано размножување на проблематичните микроби што би создало посериозни проблеми.

 

Истражувањата укажуваат дека оралните бактерии и воспалението поврзано со потешките форми на болести на непцата, како парадонтитис, можат да играат улога при одредени заболувања.

Дополнително, одредени заболувања, како дијабет или ХИВ, можат да ја намалат отпорноста на телото на инфекции, што има потенцијал да ги направи оралните инфекции значително потешки, односно поопасни.

[Поврзано:  ПОКАЧЕН ШЕЌЕР и орално здравје – важни поенти!]

Кои состојби можат да бидат поврзани со оралното здравје?

 

Состојбата во усната пранина може да има влијание на различни заболувања и состојби, вкучително:

 

  • Ендокардитис – инфекција на внатрешната постава на срцевите комори. Инфекциите можат да се случат поради ,,патувањето” на бактериите од еден дел од телото до друг, преку системот на крвни садови.
  • Кардиоваскуларни заболувања – иако поврзаноста не е целосно сфатена, одредени истражувања укажуваат дека срцевите болести, задебелените артериски ѕидови и мозочниот удар, можат да бидат поврзани со инфламации и инфекции што се предизвикани од оралните бактерии.
  • Компликации за време на бременоста и породувањето – парадонтитисот се поврзува со предвремено раѓање и раѓање на деца со пониска килажа од стандардните граници.
  • Дијабет – како што веќе и споменавме, при состојби како што е дијабетот, телото ја губи способноста за силна отпорност кон инфекциите. Затоа низ истражувањата и искуствата, луѓето со дијабет имаат поголема инциденца (зачестеност) на заболувања на непцата. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.
  • Остеопороза – заболувањето кое ги ослабува коските, се поврзува и со губење на коскената маса на забите. Дополнително, одредени лекарства што често се примаат за ова заболувања носат мали, но постоечки ризици за оштетување на виличната коска.
  • Алцхајмер – со развојот на невродегенеративните заболувања, забележана е и прогресија на влошеното орално здравје.

 

Други состојби што можат да бидат на некој начин поврзани со оралното здравје се нарушувањата во исхраната, ревматоидниот артритис, одредени малигни и имуни заболувања што водат до сува усна празнина (Сјорген синдромот) итн.

 

[Поврзано: Ревматоиден артрит и исхраната]

Како да го заштитиме нашето орално здравје?



За да го заштитите оралното здравје, секогаш одржувајте добра орална хигиена и одете на редовни прегледи кај стоматологот, особено ако имате одредени проблеми со непцата или забите или пак хронични заболувања, како дијабетот.

 

Кратки совети за оптимална хигиена на усната празнина:

 

  • Мијте ги забите најмалку 2-3 пати во денот, односно околу половина час по секој од оброците. Користете соодветна паста, препорачана од вашиот стоматолог. 
  • Редовно користете конец за заби. 
  • Користете средства за хигиена, односно за измивање на устата по четкањето. 
  • Максимално избегнувајте препороцесирана храна и практикувајте здрав начин на исхрана. 
  • Менувајте ја четкичката за заби најмногу на 3 месеци. 
  • Не ги пропуштајте редовните прегледи на стоматолог. 
  • Откажете ги цигарите ако сте пушач. 
  • Немојте да чекате предолго ако имате одредени проблеми со непцата или забите. Јавете се што е можно побрзо кај вашиот стоматолог. 
  • Ако носите протези, обрнете многу поголемо внимание на хигиената на усната празнина. 

[Поврзано: ПРОТЕЗИ – Што се, како функционираат, кому и зошто се потребни? + корисни совети за справување со болките што се јавуваат на почетокот!]

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор