fbpx

Како начинот на живот влијае на ризикот од ОСТЕОПОРОЗА?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Со напредокот на медицината, лекарствата и терапиите за разни заболувања, животниот век на човекот значително е продолжен. Но, ова со себе носи и повеќе предизвици. Помеѓу нив посебно се издвојува проблемот со остеопорозата – многу често заболување кај повозрасната популација.

Се проценува дека моментално од остеопороза страдаат над 200 милиони луѓе ширум светот. Според статистиките на Интернационалната фондација за остеопороза (IOF), се проценува дека во иднина, на глобално ниво, дури 33% од жените и 20% од  мажите ќе се соочат од оваа непријатна дијагноза.

Но, зошто се предвидува ваква алармантна статистика и кои се нашите навики, односно ,,лајфстајл” факторите што влијаат на ризикот од остеопороза?

"“Online”/

 

Што всушност претставува остеопорозата?

 

Остеопорозата е заболување што се карактеризира со намалена коскена маса, намалена густина на коските и влошување на коскеното ткиво и структура.

Бидејќи коскеното ткиво е живо и постојано се обновува, остеопорозата се смета за состојба при која има недоволно формирање на ново ткиво, односно има несоодветна рамнотежа меѓу новосоздаденото и старото ткиво.

Ризикот од ова заболување природно се зголемува со стареењето, бидејќи доаѓа до промени во самата структура на коските. По триесеттата година, се смета дека брзината на разградба на старото коскено ткиво е веќе поголема, отколку брзината со која тоа се обновува. Ова може да доведе до намалена цврстина на коските и зголемен ризик за кршеници.

Постојат разни фактори што влијаат врз ризикот од појава на остеопороза. Дел од нив се генетски, но дел се и директно или индиректно определни од нашиот начин на живеење.

Фактори врз кои не можеме да влијаеме се:

  • Полот – остеопорозата е позастапена кај жените, а особено по педесеттата година
  • Возраста – со стареењето ризикот од остеопороза се зголемува
  • Раса – луѓето со Азијско потекло имаат поголем ризик
  • Семејна историја – доколку некој од родителите имал остеопороза, ризикот се зголемува
  • Градба на тело – луѓето со помала градба имаат поголем ризик од остеопороза

 

Начинот на живот и неговото влијание врз ризикот од појава на остеопороза

 

Покрај набројаните фактори кои не се во наша контрола, постојат и такви што можеме директно да ги контролираме. Исхраната, здравите навики и начинот на живот се нешто што исто така влијаат врз појавата на остеопорозата.

Во поглед на начинот на живот, главните фактори се:

 

1 . Пушењето

 

Се смета дека кај пушачите густината на коските побрзо се намалува, отколку кај непушачите. Цигарите влијаат врз коскеното ткиво и ја нарушуваат неговата способност за обновување. Исто така, и пасивното пушење се смета како ризик фактор за остеопороза.

Дополнително, пушењето доведува до зголемени нивоа на слободни радикали, соединенија кои се заслужни за оштетување на нашите клетки. Една пет годишна студија го проучувала внесот на витамините Ц и Е (антиоксиданти) кај пушачи и непушачи. Утврдено било дека ризикот за фрактура на колкот кај луѓето кои не внесувале доволно од витамините бил пет пати поголем за пушачите, отколку за непушачите.

 

2 . Прекумерно консумирање алкохол

 

Долгорочната употреба на алкохолот во прекумерни количини може да доведе до намалени нивоа на ново создадено коскено ткиво. Ваквата состојба го зголемува ризикот за скршеници.

 

3 . Неактивен начин на живот

Било какви вежби – пешачење, трчање, танцување, вежби со тежина и сл. помагаат да имаме здрави и силни коски и мускули. Покрај тоа, вежбањето може да ја подобри рамнотежата и да го намали ризикот од паѓање. Се смета дека луѓето што премногу долго седат во текот на денот, имаат зголемен ризик од остеопороза.

Вежбајќи, си го подобруваме и држењето на телото.

Нешто повеќе за бројните позитивни ефекти кои ги нуди вежбањето може да прочитате тука.

 

4 . Дефицит на одредени нутриенти преку исхраната

Долгорочениот дефицит на калциумот во исхраната може да има значајна улога во појавата на остеопороза. Недоволното количество на калциум доведува до намалена густина на коските, зголемен губиток на коскено ткиво и зголемен ризик од скршеници.

 

Трајното исклучување на одредени намирници од исхраната, како и недоволна телесна тежина ги ослабнува коските и кај мажите и кај жените.

Одредени проблеми со гастроинтестиналниот тракт кои можат да доведат до намалена апсорпција на калциум, исто така доведуваат до зголемен ризик од остеопороза.

 

Промени во начинот на живот кои може да го намалат ризикот од остеопороза

 

Добрата исхрана и физичката активност се факторите кои се најмногу во наши раце. Доволниот внес на протеини и калциум преку исхраната е нешто што позитивно влијае во превенцијата на остеопорозата. Редовно консумирање на зеленчук, овошје и полнозрнести житарки поволно влијае врз здравјето на коските. Тие се одличен извор на магнезиум, калиум, витамините Ц, К и А – секој од нив со своја значајна улога во одржувањето на здравјето на коските.

 

Во овој контекст, не може да не го споменеме и витаминот Д. Овој витамин има клучна улога за коските, бидејќи ја подобрува апсорпцијата на калциум во телото. Покрај ова, витаминот Д и директно влијае врз здравјето на нашите коски.
Редовната изложеност на сонце е битна за обезбедување доволно витаминот Д. Секако, изложувањето треба да биде на умерено и не премногу силно сонце.

 

Вежбањето е веројатно назначајно

 

Без разлика кога започнуваме, вежбањето е корисно за нашите коски и мускули. Комбинирањето на умерени кардио вежби, вежби со тежина и вежби кои бараат рамнотежа, води кон најдобри резултати. Вежбите со тежина може да се погодни за нашиот ‘рбет и раце, додека вежбите како пешачење, трчање, скијање или танцување, може да допринесат за зајакнати коски во нозете, колковите и долниот дел на ‘рбетот.

 

Вежбите како на пример пливање или возење велосипед се одлични за општото  здравје, но се смета дека не допринесуваат значително врз здравјето на коските, како претходно наведените активности.

Fibro Gel

 

[Поврзано: Остеопороза – Колку е значајна физичката активност?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X