fbpx

ОВЕСОТ како доручек погоден за лицата со дијабет

tonus

Ако дијабетесот беше заразно заболување кое се пренесува од човек на човек, СЗО одамна ќе имаше прогласено епидемија! Загрижувачка е тенденцијата според која младото население, општо во светот, во просек ја зголемува својата телесна тежина, па со тоа станува се поподложно на оваа болест.

[Поврзано: Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС]


Секој деветти човек во Македонија има некаков тип на дијабетично нарушување

 

Бројот на лица со дијабетес во светот расте од година во година. Од 425 милиони во 2017-та година, во 2018-та бројот е пораснат на 463 милиони, односно, зголемен е за 38 милиони лица. Ова зголемување на бројот на лица со дијабетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска, или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан заедно. Во нашата земја ситуацијата е слична, па секој девети човек во Македонија има некаков тип на дијабет, а најчест тип е токму дијабетесот тип 2.

"“Online”/

Дијабетесот тип 2 е најчестиот облик на дијабет кој се утврдува откако клетките ќе престанат да реагираат на инсулинот, односно инсулинот веќе не претставува сигнал за клетките да примаат глукоза. Всушност, имаме т.н. инсулинска резистентност која е резултат на насобраното количество на маснотии во клетките што е причина за попречување на функционирањето на механизмот за внес на глукозата во самата клетка.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – сè почест проблем]

 

Исхраната – еден од клучните фактори за превенција и третирање на дијабет тип 2 и инсулинска резистентност

 

Сите знаеме колку е значајна исхраната во однос на дијабет тип 2. На оваа тема имаме пишувано повеќе пати, затоа во продолжение ќе се посветиме поконкретно на една од најдобрите опции за доручек при дијабетични нарушувања – овесната каша.

[Поврзано: РЕЦЕПТ – златен овесен доручек]

Oвесот се вбројува во најздравите житарки што воопшто можете да ги најдете на пазарот. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти. Тој е исто така богат извор на растителни влакна и е погоден за консумација кај луѓето кои имаат глутенска интолеранција или целијакија.

[Поврзано: Како да препознаете дека ви недостасуваат растителни влакна?]

Доста е значајно што ваквата житарка најчесто се користи како полнозрнеста. Тоа значи дека сите можни нејзини хранливи компоненти можат да бидат внесени. Дали ќе се користи како цело зрно (но на тој начин потребно е подолго готвење), скршено зрно или овесни снегулки, внесувањето на сите хранливи компоненти е можно.

Овесот е ,,супер храна”

 

Хранливот состав на овесот е добро балансиран. Тоа значи дека тој е добар извор на сложени јаглехидрати, но во исто време и на растителни влакна, вклучително можеби најмоќниот фибер, бета-глуканот.

Овесот е исто така подобар извор на протеини и масти од повеќето житарки. Исклучително богатиот микронутритивен состав, во само една чаша (oколу 80g) или еден овесен оброк е следен:

– Манган – 191% од Дневно Препорачаниот Внес

– Фосфор – 41% од ДПВ

Магнезиум – 34% од ДПВ

– Бакар – 24% од ДПВ

– Железо – 20% од ДПВ

– Цинк – 20% од ДПВ

– Витамин В9 – 11% од ДПВ

– Витамин В1 – 39% од ДПВ

– Витамин В5 – 10 од ДПВ

– помали концентрации на калциум, калиум, витамин В6 и витамин В3.

Сето ова доаѓа заедно со квалитетниот макронутритивен состав од 50g jaглехидрати, 13g протеини и 8g растителни влакна. При тоа, калориската или енергетска вредност е само 300Kcal.

Oва го прави овесот нутритивно најгусто пакувана храна што воопшто може да се најде на трпезата.

[Поврзано: Бета-глукани – 5 ефекти врз здравјето]

Зошто овесот е најдобар избор за доручек при дијабет?

 

Како што можеме да забележиме, овесот е особено богат со хранливи материи значајни за лицата со дијабет, како растителни влакна, магнезиум, калиум, но и низа други фитонутриенти.

Консумирањето овес се поврзува со подобро кардиоваскуларно здравје. На пример, овесот во повеќе истражувања се поврзува со намалување на LDL или ,,лошиот” холестерол, но и со подобрување на други многу значајни параметри за здраво срце.

Срцевите болести
се добро позната компликација при дијабет тип 2, бидејќи високиот шеќер, особено на подолг рок има потенцијал да ги оштети нервите и крвните садови.

[Поврзано: Зошто лицата со ДИЈАБЕТ треба да внимаваат со СОЛТА?]

Растворливите растителни влакна што се наоѓаат во овесот можат значително да помогнат во контролирањето на шеќерот во крвта, но што е исто така значајно во оваа смисла – да помогнат и во контролирањето на телесната тежина.

Храна со низок гликемиски индекс

 

Иако овесот е богат со јаглехидрати, тој има низок гликемиски индекс.

Храната богата со растителни влакна не содржи магична компонента што може да го превенира или да го излечи дијабетот. Клучна улога тука игра еден поим, а тоа е гликемискиот индекс. Овој поим ја означува брзината со која расте нивото на шеќер во крвта, по консумирањето на одредена храна.

Храната со  висок гликемиски индекс многу побрзо го зголемува нивото на шеќер во крвта, односно апсорпцијата од тенкото црево во крвотокот е доста брзо. При внесување на храна со повисоки вредности за гликемиски индекс (процесирана храна богата со јаглехидрати: бел леб, разни благи колачи, бел ориз, бели пецива и многу типови на засладени мусли кои се користат за доручек) може да дојде до еден вид на шок за организмот, поради брзото ослободување на шеќер во крвта.

Јаглехидратната храна пак, која има низок гликемиски индекс, најчесто е ,,пакувана” со повеќе пропратни елементи, меѓу кои како најзначајни за поспората апсорпција на глукозата во тенкото црево се растителните влакна. Растителните влакна ја отежнуваат работата на ензимите кои ги разградуваат јаглехидратите, па поспоро се создава глукозата. Извонреден пример за ваква храна е овесот.

Покрај растителните влакна, полнозрнестата храна содржи други есенцијални микронутриенти како витамини, минерали и фитохемикалии, кои исто така можат да го намалат ризикот од дијабет, меѓу другото.

Студија го следела здравјето и животните навики на 160 илјади испитанички, во период од 18 години . Жените кои дневно употребувале 2-3 пати храна од полнозрнасто потекло имале за 30% намален ризик од развивање на дијабет тип 2 за разлика од оние кои немале таква навика, односно консумирале храна добиена од бели брашна.

 

[Поврзано: Важни причини за трајно да ги промените рафинираните житарки со полнозрнести]

 

Потенцијално намалување на процесите на инфламација

 

Дополнителна причина да јадете овес: неговите анти-инфламаторни карактеристики. Инфламацијата или воспалението е природен одбранбен механизам на организмот. Сепак, доколку се одвива и на помало ниво, но константно, инфламацијата станува поголем проблем, отколку решение.

 

[Поврзано: 4 начини како да го намалите опасното ХРОНИЧНО воспаление]

 

Воспалението претставува важен ризик-фактор, но и резултат на низа хронични заболувања. Помеѓу нив се вбројува и дијабетот.

 

Овесот содржи антивоспалителна компонента наречена авенантрамид, која ја намалува инфламацијата при дијабет, што може во голема мера да превенира прогресирање на болеста.

Едно истражување ги испитувало антиинфламаторните придобивки за 22 испитаници (со дијабет тип 2) што јаделе овес во период од 8 недели. Студијата била објавена 2014 година во научното списание Molecular Nutrition and Food Research и покажува значително намалени резултати за одредени микропартикули во крвта на дијабетичарите, односно намалено ниво на компоненти што се поврзуваат со висок крвен шеќер и инфламаторни процеси.

 

Не секој овесен оброк е ист

 

Не секој освесен оброк е со ист квалитет, особено кога станува збор за лицата што страдаат од дијабетични нарушувања. Во суштина, секој овесен оброк потекнува од полнозрнест овес. Сепак, квалитетот зависи од понатамошната обработка на овесот. Што повеќе третиран, овесот има поголем гликемиски индекс и помала нутритивна вредност.

 

Поконкретно, на што треба да обрнете внимание?

 

  • Изберете што е можно помалку процесиран овес, што ќе можете дома самите да го подготвите, пред ,,инстант” верзиите. Притоа, не го гответе предолг период на превисока температура.

  • Изберете овесен оброк без додадени шеќери и сол.

  • Овесниот оброк комбинирајте го со помали количества растителни, а не обични млека и малку свежо овошје, а не суво овошје и смути напитоци.

  • Преферирајте стевиа, сахарин и сукралоза, пред било каков вид на шеќер и мед (иако медот нема толку висок ГИ).

 

[Поврзано: 300 пати послатка од шеќерот]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор