fbpx

Пасивното пушење не треба да се потценува! – кои се сите опасности кои истото ги носи?

tonus

Доколку погледнете на амбалажата од кутиите со цигари, ќе забележите различни натписи, меѓу кои и натписот: „Пушењето е штетно за вас и за луѓето околу вас“. Ваквиот натпис не е воопшто случаен и безначаен, туку тој укажува дека чадот од цигарите е штетен и за луѓето кои не се пушачи, односно кои го вдишуваат чадот без сопствена волја. Проценките се дека околу 41,000 смртни случаи годишно се поврзани со ваквиот т.н „secondhand“ чад или т.н пасивно пушење. Тој е огромен фактор при појавата на рак на белите дробови како и појава на кардиоваскуларни заболувања. Па затоа, во продолжение ги објаснуваме и согледуваме штетните последици кои се јавуваат поради вдишувањето на чадот од цигарите.

 

Зошто е толку опасно и штетно пасивното пушење?

 

Понекогаш и непушачите се изложени на ризиците и штетните последици од чадот од цигари. Вдишување на чадот може да предизвика бројни здравствени проблеми, како срцеви заболувања и рак на белите дробови. Бидејќи светската статистиката за бројот на пушачи е алармантна и загрижувачка, а особено овој проблем е истакнат во нашата држава и регионот, пасивните пушачи се често загрозени.

"“Online”/

Пасивното пушење подразбира вдишување на чад кој е испуштен од страна на пушачот, како и на чадот кој директно доаѓа од запалената цигара. Тој содржи огромен број на штетни соединенија, повеќето од нив и токсични:

  • Амонијак
  • Бензен
  • Кадмиум
  • Цијанид
  • Формалдехид

 

Листата на штетни соединенија е исклучително долга и се смета дека во цигарата има над 7,000 од овие токсични соединенија. Покрај ваквиот индиректен чад, постои уште една опасност, а тоа се наслагите кои се лепат на честичките од прашина во домот како и на површините. Малите деца имаат особено голем ризик од ваквата изложеност, поради нивниот чест контакт со површините низ домот.

 

[Поврзано: И пасивното пушење е штетно за срцето]

 

Колку е штетен и ризичен ваквиот чад?

 

Пасивното пушење, односно индиректното вдишување на чадот од цигарите допринесува кон појава на бројни здравствени проблеми:

  • Рак
  • Срцеви заболувања – честата изложеност на чад од цигари го зголемува ризикот за појава на срцеви заболувања за 25-30%
  • Хронични белодробни заболувања – дури и малата изложеност на ваквиот чад предизвикува моментална влошена функција на белите дробови.

 

Пасивното пушење е особено штетно за малите деца и бебињата, каде можат да се јават низа на проблеми:

 

  • Намалена телесна тежина при раѓање доколку мајката е изложена на чад од цигари за време на бременоста
  • Астма и други респираторни болести
  • Зачестени респираторни инфекции
  • Ушни инфекции и сл.

 

Некои истражувања покажуваат дека пасивното пушење ја зачестува појавата на настинки кај децата. Исто така, кај децата чии родители се пушачи, почесто доаѓа до појава на пневмонија и бронхитис. Тие почесто кашлаат и вдишувањето на чадот може да предизвика појава на астма или да ги влоши симптомите кај децата кои веќе имаат астма.

 

Како да се избегне пасивното пушење?

 

Доколку сте пушач, а се грижите за здравјето на вашите блиски, постојат бројни начини како да ги заштитите од штетните ефекти кои ги предизвикува чадот од цигарите.

 

  • Не дозволувајте и не практикувајте пушење во домот – отворањето на прозорец или користењето на некој тип на вентилација не го намалува доволно ризикот што го носи пасивното пушење.
  • Не пушете во автомобилот, без разлика дали се прозорците отворени или не – доколку мора да пушите, направете пауза со возилото и пушете надвор од него.
  • Престојувајте во простор каде не се пуши – доколку одите во кафуле или ресторан, одберете простор каде пушењето е забрането.
  • Доколку имате партнер или некој близок кој е пушач, понудете му поддршка и помош за откажување.

  • Бидете свесни и одговорни за здравјето на луѓето околу вас – секогаш имајте го во предвид и почитувајте го изборот и здравјето на луѓето околу вас.
  • Преминете на бездимни алтернативи на цигарите кои не го согоруваат тутунот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор