fbpx

ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ – Што можете да направите за да си помогнете?

tonus

Полицистичните јајници се проблем со кој се соочуваат голем број жени. Статистиката вели дека оваа состојба погодува 2 од 10 жени во нивниот фертилен период (15-45 години). За жал, огромниот дел од жените не се ни свесни дека се соочуваат со ваквиот проблем (околу 70% според некои студии).

Синдромот на полицистични јајници (СПЈ) ги напаѓа јајниците, односно репродуктивните органи кои продуцираат естроген и прогестерон – хормони задолжени за регулирање на менструалниот циклус.

Што всушност ја предизвикува оваа состојба?

Иако точните причини не се целосно познати, синдромот на полицистични јајници се јавува кога хормоналниот систем на жените продуцира поголеми количини на машки хормони од оние нормалните. Тоа веројатно е резултат на генетиката, а други главни ризик-фактори се инсулинската резистентност и хроничните воспалителни процеси.

"“Online”/

Според истражувањата, дури 70% од дијагностицираните пациентки со СПЈ имаат инсулинска резистентност, што е пак, прв ризик-фактор за гојазност. Ваквата состојба објаснува зошто огромниот дел од жените со СПЈ имаат и зголемена телесна тежина.

Симптомите кои се предизвикани од хормонскиот дисбаланс се следните:

нередовни менструални циклуси
• цисти во јајниците
• зголемен раст на влакна на лицето и низ целото тело
• опаѓање на косата
• акни
• зголемена телесна тежина
• масна кожа
• болки во долниот дел од стомакот
• главоболки
• потемнување на кожата на одредени делови од телото

Навреме побарајте медицинска помош

Повеќето девојки и жени кои ги искусуваат споменатите симптоми, често ги потценуваат и не бараат медицинска помош. Тоа најчесто го прават кога ќе се создадат некакви компликации.

Важно е да се каже дека ако имате неколку од набројаните симптоми треба да се обратите на лекар, што порано се дијагностицира состојбата, тоа подобро. Побрзо ќе се надминат проблемите и ќе се избегнат компликациите, како:

 ◦ кардиоваскуларни заболувања
◦ неплодност
◦ дијабет
◦ ендометриален канцер
◦ висок крвен притисок
◦ метаболен синдром
◦ депресија
◦ нарушен сон

Менување на начинот на живот, прва линија на терапија

Постојат одредени медикаменти за третирање на симптомите, но сé уште нема конкретен лек кој би ги излекувал полицистичните јајници.

Сепак, со практикување на здрава исхрана, редовна физичка активност и некои дополнителни промени во животните навики, може многу значајно да се подобри ситуацијата со СПЈ, односно да се минимизираат симптомите и да се подобри квалитетот на животот.

Во продолжение, нешто повеќе околку исхраната и ,,лајфстајл” промените кои можат да донесат подобрување при синдромот на полицистични јајници.

Како исхраната влијае на СПЈ?

Постојат два главни начина според кои исхраната влијае на состојбата со полицистичните јајници.

Прво, тоа е преку телесната тежина и второ преку продукцијата на инсулин и резистентноста на него.

Ако сте резистентни на инсулин, тоа значи дека телото ќе продуцира повеќе од овој хормон, а нивоата на шеќер во крвта ќе растат. Истото се случува доколку нема доволна продукција на инсулин.

Превисокото ниво на инсулин во организмот, може да предизвика производство на поголеми количини андрогени хормони, како тестостеронот.

Инсулинската резистентност може да биде и резлутат на зголемената телесна тежина, а следствено и да прави проблем при слабеењето. Тоа е една од главните причини зошто пациентките со СПЈ тешко ги губат килограмите.

Каква треба да биде исхраната при СПЈ?

Како и кога сме здрави, така и при СПЈ, треба да тежнееме кон она што значи здрава, правлина исхрана и животен стил. Но, постојат и неколку посебни совети кога станува збор за исхрана при полицистични јајници.

1. Јадете храна богата со растителни влакна! Храна со низок гликемиски индекс

Храната богата со растителните влакна и нивното суплементирање, можат значително да помогнат околу проблемот со инсулинската резистентност. Тоа се одвива преку способноста на растителните влакна да ја успорат дигестијата и да го намалат нивото на глукоза во крвта.

Жените со СПЈ треба да јадат зелен зеленчук, карфиол, брокули, мешунки, јатки, компири итн.

2. Храна богата со растителни протеини и риба

Ниско-калоричната протеинска храна како тофуто, рибата, мешунките и други, ни обезбедува ситост и справување со вишокот килограми.

3. Храна која го намалува хроничното воспаление во организмот

Како што споменавме, инфламацијата е еден од главните ризик-фактори кои водат до СПЈ. Така, јадењето храна која значително помага во намалувањето на оксидативниот стрес кој води кон воспаленија, може да биде од особена помош. Таква храна е пред сé храната богата со антиоксиданти, како свежата (овошки, зеленчук), јатките, но и некои масни киселини и зачини. Значи, на вашата трпеза почесто треба да бидат присутни домати, јагоди и останатото бобесто овошје, спанаќ, ореви, бадеми, цимет, куркума,темно чоколадо, но и маслиново масло и продукти богати со омега 3 и омега 6 масни киселини.

Постои и храна која треба да ја избегнуваме

Ваквата храна е непожелна пред сé поради тоа што може да создаде проблеми со регулацијата на шеќерот и дебелината. Но во секој случај, треба да ја избегнуваме и кога сме здрави.

Се мисли на:

1. Храна богата со рафинирани, додадени шеќери, бели брашна, слатки итн.

Рафинираните јаглехидрати освен што ни прават проблем со нивото на шеќер во крвта,  можат да ни предизвикаат и воспалителни процеси, инсулинска резистентност итн. Такви производи се белите лебови и тестенини, бел ориз, различни шеќерни и чоколадни десерти и колачиња и многу други препроцесирани продукти.

2. Шеќерни пијалаци

За жал и кај нас е присутен трендот на секојдневна употреба на ваквите ,,сокови”. Тие исто така го покачуваат шеќерот, предизвикуваат инфламаторни процеси, но пред сé тие се енергетски ,,бомби” и најголемиот проблем го прават со телесната тежина. Луѓето често не се свесни колку калории внесуваат преку шеќерните пијалоци, а често се и изманипулирани дека овошните сокови се добри за здравјето.

Густите и кашестите овошни сокови се богати со шеќери, често и додадени, но важно е да се разбере дека и самите содржат прости шеќери. На тој начин, и тие се енергетска бомба, а имаат слаба нутритивност.

3. Храна која предизвикува хронична инфламација

Скоро секој вид на високо-процесирана храна. Животински производи, особено црвено месо, помфрит, брза храна, храна со транс масти, смоки, чипсови, односно поголемиот дел од пакуваната храна.

Други ,,лајфстајл” промени кои можат да помогнат

• редовна физичка активност (најмалку 3 часа неделно)

• подобро менаџирање со стресот

• суплементирање со одредени нутриенти како на пример витамин Д и хром..

• доволно спиење 

 

ИСКУСТВА НА ПАЦИЕНТКИ СО ПРОГРАМАТА НА Д-Р МИТОВ ЗА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор