fbpx

Персонализирана медицина – Реалност и пракса кај ракот на дојка

tonus

Индивидуализираниот пристап, односно персонализираните испитувања на тоа како одреден тип на рак се однесува наспроти дадената терапија, може да обезбеди избегнување на инаку потенцијално непотрената употреба на хемотерапијата. Сепак, ова подразбира мултидисциплинарните лекарски пристап и реадаптирање на моменталните практики.

Шанса за избегнување на непосакуваната и неретко непотребна хемотерапија

За пациентите со хормонски позитивен и HER2 негативен рак на дојка, главниот фокус на истражување во последниве години е индивидуализирање на терапевтскиот пристап преку детектирање на почетниот одговор на ендокрината терапија за одредување на тоа дали да се ,,појача” или да се намали самата терапија. Утврдено е дека давањето на краткотрајна ендокрина терапија пред операцијата, a потоа анализа на примерок од ткивото земен при операцијата во однос на одговорот на ендокрината терапија (за ендокрино респонзивни тумори се сметаат оние со <10% степен на пролиферација врз база на Ki67 параметарот) ни овозможува да се донесе одлука дали е потребна хемотерапијата.

Во овој контекст, според податоците од Journal of Clinical Oncology за т.н. Пет годишно преживување, може да се заклучи дека пост-оперативната ендокрина терапија е безбедна и ефективна дадена сама, кај одредени пациенти со хормонски позитивните и HER2 негативни тумори кои инаку според конвенционалните клиникопатолошки критериуми би примале и хемотерапија. Според проценките на експертите се вели дека само во Германија можат да се избегнат 10 – 15 илјади циклуси на хемотерапија преку употреба на овие процедури и рутинската клиничка пракса за пациентите со поран стадиум на рак на дојка. 

Истиот концепт (испитување на ран одговор на ендокрината терапија) е анализиран во истражувањето објавено во Journal of Clinical Oncology и за пациентите со HER-2 позитивен канцер на дојка, преку давање на 12 неделна терапија пред оперативниот зафат. Оние пациенти што покажале комплетен патолошки одговор на операцијата, добиле препорака за намалена терапија уште една година, при што биле добиени одлични резултати по 5 години. Слични резултати утврдуваат и повеќе други студии. На пример во трудови објавени во престижниот Lancet, се утврдуваат извонредни резултати. Имено, три години по операцијата, кај ⅓ од пациентите кај кои е утврдено подобрување од терапијата пред операцијата (и немале потреба од понатамошна терапија) не биле утврдени никакви намалување во нивните шанси да бидат здрави.

"“Online”/

Ракот не е една болест, туку ,,илјада и една”

Постојат повеќе аспекти во кои медицината може да се персонализира, но важно е да се каже дека моментално најдостапно, односно најефективно и релативно финансиски достапно е преку концептот на испитување на однесувањето на туморите преку различни методи. На тој начин прецизно се утврдува однесувањето на променетите клетки и најпрецизно може да се утврди начинот на третирање.

Персонализираната, прецизна медицина не мора да биде нешто компликувано и скапо

За имплементирање на овој пристап во клиничка пракса, потребно е да се направат промени во досегашните процеси и процедури. Традиционално, пациентот најпрво се оперира, а потоа прима ендокрина терапија, додека со оваа алтернативна стратегија најпрво се прават низа анализи по којшто пациентот се испраќа дома со препишана терапија за еден месец, а потоа се враќа за операција. Иако овој пристап некому му изгледа невообичаен, протоколите за одредени типови на канцер на дојка веќе се променети во оваа насока во повеќе држави (тројно негативни и HER2 позитивни канцери на дојка). 

Исто така треба да се промени ,,мајндсетот” на лекарите кои мислат дека вакви релативно несофистицирани стратегии се помалку важни отколку некои комплицирани тестирања: сега веќе е докажано дека едноставни промени во клиничката пракса, којшто можеби чинат помалку, обезбедуваат одлични клинички резултати и се преферирани од страна на пациентите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор